Феминки што е тоа што сакате да го правите,ве исполнува, што за вас претставува квалитетно поминато време..?
Време поминато со вистинскиот партнер, со вистински пријатели, со хоби кое не исполнува, со патувања, со студирање, учење итн.
Според мене... хммм можам да кажам дека се случки,пријатни моменти кои ќе ги помтам засекогаш со мојот партнер,пријателите,семејството,патувања-одмори...Студирањето и работењето на работата што ја сакаш и да бидеш задоволен/задоволна од неа..таа да те исполнува бидејќи пола ден секогаш оди во работата... Исполни ги годините со живот,не животот со години Имајте пријатен ден исполнет квалитетно
Времето во кое се чувствуваш исполнето, без разлика дали само слушаш музика и читаш книга под ќебе со топол чај во рацете, или пак си на некоја журка.
Квалитетно поминато време за мене е секој момент поминат во разговор со моите деца и сопругот!!! Времето лета незапирливо, настаните се нижат еден по друг, а децата ми пораснаа пребрзо - како вчера да беа деновите кога беа бебиња, првачиња, основчиња!!! Заради овој пребрз ритам на животот се трудам секој момент што ќе го зграбам со семејството да ми биде исполнет со забава, смеа, љубов...
Квалитетно поминато време... пред се` ме асоцира на моментите во пријатна атмосфера со најблиските, зачинета со бескрајни муабети и смеа. И секако тука е и времето поминато во омилените хобија, активности и секакви ситници кои не` исполнуваат на било каков начин.
Според мене квалитетно поминато време е она кое си го поминал уживајќи во нешто. Дали ќе биде тоа прошетка, читање на некоја книга, за некого можеби и учење, за некого гледање филм, фудбал или било кој друг спорт. Квалитетно време е она време кое си го потроши на извршување на нешто кое те исполнува, смирува и те релаксира.
Квалитетно поминато време за мене е времето кога се вложува во нешто. Тоа значи, времето поминато во некоја работа, во учење, време поминато со некоја личност, време вложено во помагање на некој, време само за себе кое е искористено да се направат планови, да се размисли, да се донесат одлуки и решенија, па и времето на релаксација кое ни е потребно.
Квалитетно поминато време е секое време кога на овој или оној начин, се чувствуваш исполнето и среќно. Без разлика дали си сам или со некого, дали работата е банална или не, кога ќе застанеш за момент, па ќе си дадеш оддишка, а внатре се чувствуваш задоволно, е тоа е тоа.
Целосно пополнето време каде што се прави нешто корисно кое има позитивен удел врз животот, безразлика дали е тоа воспоставување на длабоки, интимни врски или учење и работа, па дури и хоби, се тоа има влијание врз нас како личности и врз нашата иднина.