На оваа тема често се дискутирало на форумот во контекст, дека тоа е индивидувало, и дека за некој е успех да роди дете, за некој да се венча, за некој да работи итн. Размислувам на оваа тема, и освен што е индидуално, сепак постојат некои норми за тоа што навистина е успех. Според мене успех е ова што човека го двои од мнозинството. Успех е ако имаш добар брак, успех е не ако родиш деца, туку ако ги воспиташ како што треба и дадеш максимум од себе за нивна добробит, успех е не само да работиш, но да бидеш успешен во тоа и да бидеш посветен. Што за вас е успех?
Успех од аспект на финансии- да створиш толку многу што во годините кои следуваат да нема потреба ништо да работиш туку други да работат за тебе. Успех од аспект на љубов- да најдеш личност во кого лудо ќе се заљубиш, а таа личност дупло повеќе од тебе ќе те сака и цени. Успех од аспект на семејство- да израсниш дете и да го воспиташ во правилна насока. Успех е кога ќе се достигне целта, а патот по кој се оди е полн со трње и препреки, за многумина тешко остварлив.
Успех за мене е само да си среќен, задоволен од себеси, да не завидуваш никому и да си во состојба да се радуваш и на туѓиот успех
Успех е да си среќен во сопствената кожа и да знаеш да ги цениш моментите во животот. Да си доволно свесен дека ништо не треба да земаш здраво за готово и да не се ставаш во улога на жртва секогаш кога работите нема да излезат така како што си наумил. Да си среќен и благодарен со тоа што го имаш, но и активно да се стремиш кон тоа што го посакуваш. И никогаш да не забораваш дека клучот на интегритетот е во чесноста, не во конзистентноста. Дозволено е да си признаеш кога не си во право. Дозволено е да се премислиш за нешта за кои си бил категоричен. Да си свесен дека не ти е потребна туѓа валидација. Да знаеш да препознаеш red flags и да реагираш соодветно. Да не толерираш токсичност. Од никого. Вклучувајќи и најблиска фамилија. Да не чувствуваш потреба за споредување. Цел живот да работиш на себе, за да научиш како да владееш со себе. Тоа е успех.
Да имаш своја куќа(дом), сам да си ги плаќаш својте сметки и да не зависиш од никого во однос на финансии, да имаш барем една личност со која ќе ги поминуваш празниците а и сите други важни или неважни денови во годината, да се гледаш со роднините по еднаш месечно, сите неважни личности кој ги запознаваш низ животот два до три пати годишно да ги гледаш, да имаш здравје, да чуваш мачка, една или повеќе и што е најважно да живееш на мирно место, место каде што комшијата не чува куче од оние малите што лаат 24/7, или што има деца што му пиштат по цел ден и самиот не знае што да прави со нив, ама мора да ги трпи, или пак некој патетично агресивен комшија кој реагира со викање на се нешто, и само се придерава.. И уште нешто, да работиш онлајн, да можеш да живееш во било која држава, а за работа да ти треба само лаптоп и интернет.. **************************************** Би рекла дека е и кога државата се грижи за луѓето, ама кај нас државата не се грижи за ништо, се труеме постојано во загаден воздух, се гушиме во ѓубре, кога ќе искочиш низ Центар треба да внимаваш да не те гризне некое куче скитник додека на сите страни им викаш на питачи немам, немам, немам, а ѓубрето ако не сакаш да го фрлиш доле, ќе си го ставиш во џеб, бидејќи или нема канти, или кантите се полни толку со ѓубре што луѓето почнале и од страна да фрлаат, а најчесто кантите и дно немаат.. Да ти се приоди во тоалет, нема, еден јавен тоалет нема освен тие во трговски центри.. После, ти даваат нешто како Студентски оброк, Купувам домашно картичка, а од друга страна ти покачуваат струја, вода, храна, основни потреби се на ниво кое народот не може да си го дозволи.. Ете, за мене е среќа првото, ама би била среќна кога и второто не би било така како што е, кога државата ќе го стави народот на прво место наместо да дава илјадници евра за патни трошоци на пратеници, и да им изнајмува луксузни станови со државни пари, и да им плаќа илјадници евра за обезбедување... Кажав среќа, ама ако не си среќен, ниту еден успех нема да ти значи ништо, за мене среќата и успехот се неразделна целина.
За мене успех е кога сонот и замислата ќе станат реалност. Мене бар ми е успех кохга ќе постигнам сѐ што сум замислила и посакала
Успехот е многу индивидуална работа и мислам дека е време да се намали со тоа дека успех е да имаш маж/жена и правилно воспитано дете. Да, тоа е успех ако го посакуваш тоа да го дпстигнеш. Но, апсолутно не е неуспех ако не сакаш да го имаш тоа и не целиш кон тоа. Баш напротив, ако си среќен живеејќи сам, со партнер од ист или различен пол, со домашен миленик, со цимер, со родено дете, со посвоено дете, без дете, тоа е успех. Да си среќен во животот кој го живееш. Истото важи и за успех во работата, во образованието, во некој спорт, било што. Успех е кога си среќен и исполнет додека го правиш тоа. Ако си среќен со просечна плата, супер. Си успеал да ја достигнеш целта. Ако си среќен да се затрупаш во работа и да гледаш пари на сметка, топ. Цели кон тоа и успеј. Успех за некого е да купи Пунто, за друг најнов Мерцедес. И двајцата се успешни ако се среќни со тоа. Успешен е и оној кој купил точак и го вози насмеан. Многу е погрешно дека успешни се само оние најбогатите. Можеби токму тие позади целиот тој гламур навечер кога ќе легнат на душек од илјадници евра не се среќни и посакуваат нешто што немаат и не можат да го купат со нивниот “успех”. Многу лесно од желба некој да успее во финансиски аспект човек станува алчен и лаком и запаѓа во кругот на негативни чувства. Тука завршува среќата, а со неа и успехот нема вредност.
Успех од најмали нози е кога ги правите првите чекори, па потоа завршување на училиште или првата петка. Па потоа првиот пат кога ќе си направиш јадење. Првпат кога ќе почнеш да работиш и заработуваш. Успехот е и во малите работи. Ако ги нема нив нема да има и големи успеси.
О и те како успехот е индивидуална перцепција. Имав една пријателка, еднаш изнервирано ми рече: "таа се отсели од Мкд; како може она да е успешна, а јас не?!". Си се изнасмеав. За неа успех е човек да се отсели по секоја цена, за мене не е, дури смешно ми е. А еве ќе дадам личен пример што за мене е успех, а за мнозинството не е. Многу долго време сакав да направам своја самостојна изложба. После пар години активно трудење, успеав. Имав своја самостојна изложба, изложував само мои дела. Без разлика на сè, тоа никогаш нема да се смени како постоечки факт. Во принцип, успех е кога ќе кажеш за нешто "успеав!". Си имал одредена цел, идеја, желба, замисла, намера; си успеал да ја оствариш во реалност. Едно време најголем успех ми претпоставуваше патувањето. Тоа е сменето така што веќе подолг период успех ми е и покрај сè во животот, да го задржувам спокојот. А моментално најголем успех ми е да правам најдобро што можам за бебуш.
Кој и да прашаш секој различно ќе ти кажи пример некој се смета успешен зошто работи во гугл но пример нема жена и деца. И сосем е океј тоа, но други сметаат дека успех е да формираш здраво семејство, трети да се иселат. Има многу типови на успеси, но сите тие на крајот од денот водат кон неколку заеднички цели: пари, мир, спокој, здравје и љубов.
Успех е да се будиш секој ден со ентузијазам и енергија затоа што имаш причина да го зграпчиш денот, затоа што имаш некој за кого вреди да се бориш и да се развиваш во подобра личност. Успех е секој чекор напред, без разлика колку е бавен или колку и безначаен да изгледа. Успех е да не се предаваш и кога е најтешко, затоа што наградата следува.
Професионален и финансиски успех ми се дефиниција за среќа. Порано мислев дека ќе биде успех ако се изреализирам на професионално ниво на мои 23, и успеам да остварам некој статус во општеството. Сега сфаќам дека најуспешните луѓе се зад завесата и не се убиваат од работа по десет часа, а сепак имаат доволно за да си дозволат комфор и пристоен живот без претерување. Така што сега секој ден си ги поместувам границите на целите и амбициозноста. Скрос сум сама и иако е тешко, знам дека ова е единствениот начин да бидам неизмалтретирана а среќна. Најкратко - Финансиска независност ми е дефицинија за успех. Толку.