1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што значи да се биде верник?

Дискусија во 'Религија' започната од Page, 23 јануари 2012.

  1. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Да се биде верник, значи да се има доверба во Оној во кого веруваме. Но, за да се има доверба во Оној на кого му веруваме – потребно е истиот да го ПОЗНАВАМЕ! Кога би се работело за човек би било полесно, но кога се работи за Бог – како Него да го запознаеме? Едноставно, првин треба да имаме ЖЕЛБА да се запознаеме со Него, а потоа, откако ќе го запознаеме, да имаме ПОДГОТВЕНОСТ да го исполниме својот живот со Неговата вистина за ЖИВОТОТ.

    Не наметнувам мислење отварам дискусија за сите да кажат што мислат ... Дали сте верници? Што ве прави верник и најважно во што верувате и кон што се стремите???
    Јас сум православна христијанка па според тоа :

    СИМБОЛОТ НА ВЕРАТА(ОСНОВИТЕ НА ВЕРАТА ВО ПРАВОСЛАВИЕТО)

    Верувам во Единиот Бог Отец,Седржител,Творец на небото и на земјата и на се видливо и невидливо
    И во Единиотт Господ Исус Христос,Син Божји,Единороден,Кој е роден од Оца пред сите векови.Светлина од Светлина,Бог вистински од Бога вистински,роден,несоздаден,единосуштен со Оца преку Него се станало.
    Заради нас луѓето и заради нашето спасение,слезе од небото и се овоплоти од Светиот Дух и Дева Марија и стана човек.
    И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат,пострада и беше погребан.
    Воскресна во третиот ден според писмото.
    И се вознесе на небото и седи од десно на Оца.
    И ќе дојде пак со слава,за да им суди на живите и мртвите,и царството Негово нема да има крај.
    И во Светиот Дух,Господ ,Кој живот твори,Кој излегува од Оца,Кого заедно со Оца и Сина Го славиме и му се поклонуваме и Кој говорел преку пророците.
    Во едната, света,вселенска и апостолска Црква.
    Исповедувам едно крштевање за прошка на гревовите.
    Го чекам воскресението на мртвите и животот во идниот век.
    АМИН!
    (Од Никеја-325год)
     
    На kuc, Таа Сум и elisabeta им се допаѓа ова.
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Секој од нас е верник доколку е член на некоја религија. Површно кажано, скоро сите сме верници со нашата согласност и почитување на сопствената вера. Како извршувањето на обичаите со кои се карактеризира религијата, одењето во црква, секојдневното извршување на молитвите и др.

    Ако ја согледаме духовната страна, односно вистинската страна на поимот верник, ќе видиме дека ретко кој е достоен да се нарече верник. Верата не го бара само надворешното извршување, туку внатрешното, нашето внатрешно исполнување на се.

    Но, дали сме верници во правата смисла на зборот?
    Што значи пример на вистинска вера.

    Еден човек се одделил од светот и заминал во пустина да се подвизува. Во таа пустина останал околу 90 години, без да види ниедно човечко лице. Додека така живеел и на почетокот на неговото отшелништво немал и што да јаде. Бил принуден понекогаш да јаде и песок и да пие вода заедно со животните. Но, тој човек се удостоил да биде не човек, туку ангел во тело. На своето тело не носел облека, туку по неговите усрдни молитви, по целото тело се појавиле влакна, кои го заштитувале и повеќе од облека. Сите овие искушенија ги поднесувал со смирение и трпение, што на крај Господ го удостоил да не се храни повеќе со телесната храна, туку да биде хранет со небесна храна. Секој ден во неговата пештера каде што живеел слегувал Ангел и му поставувал небесна трпеза.
    Пред крајот за својот живот кога Господ му објавил кога ќе се пресели на небесата, се молел на Господ да му помогне и да дојде еден човек, за да го погреба неговото тело. Така му било објавено на еден отец да оди во пустината и да го пронајде овој свет човек.
    Кога пристигнал веќе било ноќ и ништо не се гледало, само разговарале, но кога осамнало утрото отецот се исплашил од глетката, не гледајќи пред себе човек, туку животно. Светителот го успокоил и кога се помолил од Господ да биде поставена трпезата, отецот уште повеќе се изненадил.
    Во текот на нивниот разговор светителот рекол: Отец, дали во светот сеуште постојат луѓе со силна вера? Дали постојат такви луѓе што кога би рекле на оваа планина да се премести, таа би послушала?!
    Во еден момент планината која била пред нив и која светителот ја покажувал со својата рака, започнала да се тресе и да се движи.
    А светиот човек така смирено и мирно и рекол: Застани! Не реков за тебе!
    И планината застанала.
    (Овој настан не го гледале само тие двајца, туку и многу луѓе кои живееле можеби далеку, но на тоа место (па и на самата планина). Само не се сеќавам за која планина стануваше збор.)

    Ете тоа е човек со вера, тој е човек кој би се нарекол верник. Тој човек со својот живот ги исполнил сите Божји заповеди и живеел според нив. Најнапред исполнувајќи го она што и самиот Господ Исус Христос ни го рече: „ Ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете ли на оваа планина: „ Премести се одовде, таму! и таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас невозможно . (Матеј 17:20)
    Но, искрено ние не сме достојни да се наречеме со тоа име.
    Најпрво зборувам за себе, што ја немам ни В од верник ;( !

    Ова треба да бидеме сите ние, за еден ден да станеме верници во вистинска, духовна смисла на зборот :!: . А во суштина не се бара многу, малку се бара, само нас тоа ни изгледа невозможно. Се бара вера колку едно синапово зрно, но не и повеќе.
    Блажена е таа душа која ќе го достигне тоа! Да даде Господ сите да бидеме верници, сите!
     
    На kuc, душленце, hermosa и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Поучни примери за нашата вера во Бога како Промислител
    Да не се мешаме во Божјите работи!

    Еднаш еден трговец се вракал од некој панагур дома,
    а со себе носел многу пари!
    Тогаш започнал да врне толку силен дожд,што го натопил до кожа.
    Налутен трговецот си рекол:
    "Зошто токму сега требаше да врне дожд"
    Пак продолжил да патува.Стигнал до една густа шума .Наеднаш искокнал пред него еден разбојник,го нанишанил со пушката и и го претиснал чкрапалото,Но,Куршумот не стигнал до трговецот,зашто барутот во куршумот бил навлажнет од силниот дожд,Така трговецот срекно се вратил дома!!!

    Така и ние - никогаш да не велиме Зошто Господ така или онака..што ни даде Бог тоа.Бог најдобро знае нам што ни треба и зошто допушта. многумина од лугето велиме,,не сакам лето,некои велат не сакам зима,и трети трето,четврти сосема друго..што значи тоа не е убаво...Бог што ни даде тоа.нека биде Божјата волја а не нашата.

    .......................................................

    Едно дете сонува сон:Оди по песок а со него и Господ,и минуват слики од животот како е кога е среќно, кога се радува, кога е тажно и секогаш ги гледа стапките на Бога до неговите,но кога дошле сликите од најтешките моменти во животот детето гледа само еден пар стапки по песокот.
    Го прашува на Бога, Боже зошто кога ми е било најтешко ти си ме напуштал??
    Бог на тоа му вели: чедо мое,ги гледаш тие еден пар стапки бидејки во најтешките моменти те носев на раце!!

    .........................................................

    Само ВЕРБАТА и силната ВЕРА може да не спасат... Бог не те пушта во длабоки води за да те удави, туку за да те измие .....
     
    На kuc, Таа Сум, Miss.Ricci и 4 други им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Верник значи да се верува но не и да се гледа и знае, тоа може да биде прва фаза во духовниот живот. Веруваме но незнаеме дали е навистина е така тоа што е изложено во духовното знаење(на пр. оноа кое Исус ни го изложил во Проповедта на гората), оти ние сме поверувале но сеуште не сме доживеале, допреле и увиделе јасно.
    Ако вистинското духовно знаење се остварува односно се живее во пракса, се прават разни искуства(бива, не бива, и така натака) па со тек на време врз основа на искуството може да се стане помудар. Мудриот човек по некое време добива увид во подлабоки работи, проширената свест му дозволува јасен увид во нештата и можност да го гледа Бога лице в лице, тогаш станува мистик. Тој тогаш најискрено и најиздржано може слободно и радосно да рече: „јас не верувам, туку ЗНАМ дека тоа е така.„
     
  5. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Бог нè создал нас, луѓето, според Својот образ и Своето подобие – ни дал разум, слободна волја и бесмртна душа, за да, спознавајќи го Бога и станувајќи подобни на Него, стануваме сè подобри и подобри, да се усовршуваме, и да го наследиме вечниот блажен живот со Бога.
    Затоа постоењето на човекот на земјата има длабока смисла, голема предназначеност и висока цел.
    Во Божјото создание нема и не може да има ништо бесмислено. Затоа, ако човекот живее без вера во Бога, ако не живее според Бојите закони, ако не живее за идниот вечен живот, тогаш постоењето на таквиот човек на земјата станува бесмислено. За луѓето што живеат без Бога, животот е неразбирлив и случаен.
    Апостол Павле вели дека „без вера не е можно да Му се угоди на Бога“ (Евреите 11:6), а апостол Јаков дополнува дека „верата без добри дела е вера без љубов“, а таквата вера е без дејство, мртва.

    Вистинското учење за тоа како луѓето треба правилно да веруваат во Бога и како да живеат, се содржи во Православната христијанска вера, зашто таа се заснова на Божествено откровение. Божествено откровение се нарекува сето она што Самиот Бог им го открил на луѓето за Себе и за правилната вистинска вера во Него.
    Своето откровение Бог им го соопштува на луѓето на два начина: на природен и на натприроден начин.
    Природниот начин е кога Бог Себеси му се открива на секој човек преку видливиот свет (природата) и преку нашата совест, која е како некој глас Божји во нас, глас што ни кажува што е добро а што лошо, а исто така и преку животот, преку историјата на сето човештво.
    Сиот свет што нè опкружува е една голема книга на Божјото откровение, којашто сведочи за семоќта и премудроста на Бога Творецот.

    ГОСПОДЕ ИСУСЕ ХРИСТЕ ПОМИЛУЈ НЕ ГРЕШНИТЕ !!! АМИН
     
    На kuc, Таа Сум и ribce27 им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.432
    Пол:
    Женски
    Мое мислење...
    Верник не е само да си припадик на некоја религија како што имаше коментар погоре. Верникот треба да си ја познава својата вера. Треба да постапува според начелата од својата света книга, не можам да ги набројувам сега а и нема полза од тоа, треба самите да ги прочитаат. Притоа, треба да ја шират верата. Многумина рекле дека се верници а не се сеќаваат кога последен пат биле во црква... треба верникот да пости, да оди на причесна, на литургии, на исповед. Тоа се основните нешта кои треба еден верник да ги прави.
     
    На Rama, Orthophill и HUNK им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    За мене верник е тој што верува во натприродна сила и толку.
    Просторот на дискусија е отворен за она што значи да се биде вистински припадник на некоја религија.
    На пример, на форумот има луѓе кои на вакви теми се апологети на христијанството/исламот, а во некои други теми, активно ги искажуваат своите сексуални слободи и т.н. Не знам кој ви е филмот, ама знам дека ако е вистина она во кое верувате (за што, на ваша среќа, шансите се во минус), казаните во пеколот ќе ги подмачкуваат со вас :!:
     
    Последна измена: 7 август 2016
    На Bender Rodriguez и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Верник е оној кој успеал да воспостави личен однос, помеѓу себе и Бога, чие срце затреперило од љубов, кој покрај љубов чувствува и доверба и спокој, најслично на вистинска љубов помеѓу две личности.
    Верникот секогаш има силен карактер и спокој кој како магнет ги привлекува оние околу него, дури и кога она што го говори во тој момент изгледа блесаво и неприфатливо.
    Но, тој упорно и тивко ја живее својата вера, а често и не знаеме за неа, не привлекува кон него неговата смиреност, праведност, солидарност, немање на страв секогаш да се каже она што се мисли.
    Најголема молитва на верникот кој ја познава и живее својата вера гласи " Боже, не напуштај ме", а тоа е воедно и неговиот најголем страв.
    Неколку вистински верници ми се имаат појавено во животот и заедничко за сите е токму ова што го напишав.
    Дури подоцна некогаш ја спознав нивната љубов со Бога.
     
    На Bitter-Sweet, carangigia, blonde_supergirl и 2 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.752
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам со @sjdgo
    Верник е некој кој верува во нешто, некоја натприродна сила, Бог. Припадник на одредена е религија, е тој кој ги прати верувањата на некој конкретен Бог. Кој многу се прати према својата света книга е човек кој е посветен на духовен живот, но има многу луѓе кои само ја наследиле религијата и не си го надоградуваат својот духовен живот, но сепак се верници ако веруваат барем во мал дел што пишува во својата света книга, дури и да не се придржуваат до тоа, сепак едноставно, веруваат. Верници се зошто веруваат во Бог, во нешто надприродно. И ете пак во круг од првата реченица. :lol:
     
    На Bender Rodriguez, sjdgo, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Традиционалните верници, како и фанатичните, не го спознале вистинското лице на Бога, барем голем дел од нив, иако е секако добро што се трудат.
    Верата треба да се живее, а не само познава од книга или од раскажување.

    А натприродно е широк поим, скоро сите понекогаш веруваат во сонови, звезди, предвидувања разни...
    А сепак не се верници, бидејќе само кога срцето ќе го запознае и прифати Бога, добиваш вистински спокој и одговор за смислата на животот.
    Единствено што те исполнува после тоа е да шириш љубов и добрина, токму како што и пишува во Светите книги.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Да се верува во Господ,да се оди во црква,да се почитуваат сите закони/правила,да се почитуваат празниците
     
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.489
    Допаѓања:
    8.282
    Пол:
    Женски
    da se veruva vo Gospod i vo negoviot sin Isus koj go dade zivotot na krstot za nas,i da ne se vodime po covecki ucenja praznuvanja i praznoverija ,satanata e lukava i znae deka ima malku vreme i samo vistinskata vera moze da ne spasi ,preku nasite dela koi treba da se hristijanski i dobri
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.