Јас мислам дека темава е дота јасна уште преку насловот, што значи да си нормален во денешно време? Нормалноста е релативна работа, но во 21в. во времето во кое живееме, луѓе сме такви какви што сме имаме различни,култури учења сваќања, начин на исхрана и живеење....за на карј некој да ти рече не си НОРМАЛЕН Епа баш ме заинтересира што за вас претставува нормален човек со нормален начин на живеење.Како вие би го дефинирале тоа? -Може се тоа луѓе кои не живеат според пропишаното...кое пишано? -Или пак оние кои имаат храброст да останат на своето јас, а за жал потоа се набедувани и навредувани без повод?
НОРМАЛЕН = Човек кој го живее животот онака како што сака, како што му е него добро. Човек кој ги прави работите кој му предизвикуваат насмевка и задоволство. Човек кој максимално ужива во животот, кој често се смее. Личност која не се интересира за другите, не го пика носот каде што не и е местото, ужива таму каде што е , со кој е .... Се друго е ненормално и баш “пишано“ правило, односно или контра од сето НОРМАЛНО, однесувај се културно, биди пристојна, кога сите се мрштат и ти придружи се, пази да не види или каже нешто комшијата и сл.... Искрено ама ич, ни малку не ме интересира и не допира до мене дали некој ќе каже си или не си НОРМАЛНА !!! Дали сум или не, за мене сум си
Денеска треба да си потполно ненормален и луд за да бидеш нормален. Само таквите се нормални! Ако си културен, добар и фин, си потполно аут. Мора да си дволичен, циничен, фаца, да правиш бељи, да си прв во друштвото во пиење пиво и плукање во далечина. Да се плескаш кај ќе стигниш, да пцуеш некакви фори. По пат да одиш разбацан, во стил: кој сум јас!? Срамота е да си со 5ки, не смееш да си бубалица, не смееш да стануваш на постари лица во автобус, мораш да се расправаш со родителите, нели си сам свој човек. Жално, ама сите вакви кои ги познавам се најаките фаци, кои се тотално ин, кул. Ако си мирен и добар=ти си прост. Абе не си нормален. Иначе, да кажам мое мислење, НОРМАЛЕН значи да живееш според морал и етика.
Иако сите тежнееме да живееме живот, каде што се ќе си има своја средишна граница многу малку се тие што го постигнуваат саканиот резлутат. Во денешно време доколку се надоградуваш себе си пр. си вложуваш во себе, испитуваш нови области, учиш не толку познати јазици, едноставно ги користиш сите резерви на енергија за да постигнеш нешто во животот по автоматизам стануваш НЕНОРМАЛЕН. Нормално стана се што беше порано ненормално... Едноставно Животот се истркала и направи хаос во општествата. За жал
нормален човеке е оној кој работи за своето семејсто,не се меша во туги живот.. живејго животот за личноста што ја сакаш
За мене нормално значи живеење по свое без буричкање по туѓи дворови, профили, мисли. Живеј и остави ги да живеат. Опуштено и со некаква цел пред себе што ќе те води, а нема да те прави уморен.
Вредна, чесна, умерена личност! Помага на фамилијата, изразува поштовање, не прави недолични работи, се стреми да ги исполни своите цели!
Многу значи . Ама оди остани нормален... кога пред тебе ќе застане некој ненормален ова јас од денешната средба со нормални и ненормали
НОРМАЛЕН во денешно време не постои. Сите се мешаат во туѓи животи, ваѓаат муабети итн. злобни работи. НЕНОРМАЛНИТЕ секогаш се претставувани како НОРМАЛНИ, а НОРМАЛНИТЕ како НЕНОРМАЛНИ. Тоа е така затоа што ненормалните се нечесни, и имаат повеќе лица, знаат да се преправаат, па секогаш на крај испаѓаат како понормалните, а нормалните се секогаш добри,чесни,дружељубиви, па ненормалните играат со нив, ги "заразуваат со нивната болест", и ги прават ненормални.Ете така. Да си нормален значи многу...ама, ретко кој е нормален денес.Едно голем за оној кој со сите ненормални, останал НОРМАЛЕН.
НОРМАЛЕН во денешно време значи да се претопуваш во мнозинството, и физички и во однесување. Без разлика дали повеќето се ненормални, ако спаѓаш во мнозинство си прифатен како нормален.
Гледајќи што се случува низ Скопјево да си “нормален“ би значело да: - ИМАШ ФБ, поточно СЛИКИ НА КОИ СИ ЦЕЛОСНО ГОЛ/А, - ПУШИШ, - ПИЕШ, - ДУВАШ ИЛИ БАРЕМ СИ ПРОБАЛ МАРИХУАНА, - ДА МУ НАШТЕТИШ НА СЕКОЈ КОЈ ТИ Е ВО БЛИЗИНА, - ДА СИ ДВОЛИЧЕН, - ДА СЕ МУВАШ СО СЕКОЈ ВТОР ( па макар и да се 5-6 души од исто друштво), - ДА ИСКАЧАШ СЕКОЈ ВИКЕНД И ДА СИ КАМЕН ПИЈАН и ред други работи. А во случај да не ги правиш овие работи тогаш ти си чуден и нешто не е во ред со тебе. Епа НЕ! Изгледа сите забораваме на тоа што е морал. Да дека имам 18 години, но ми се гади од тоа што гледам дека се случува околу мене.Според мене нормално значи: - да си го живееш својот живот без да се замараш со животот на другите - да имаш некое хоби - да искачаш и да се забавуваш без да мора да се начукаш - да се смуваш со некој што стварно заслужил да биде со тебе - да си ја пазиш честа и да си го зачуваш чистиот образ - да спортуваш - да имаш цел и да сакаш да постигнеш нешто во животот и уште многу работи кои сега повеќето ги гледаат како “ старомодни “ или така нешто.