Денес бев со брат ми во Рамстор и бевме во продавницата Спрингфилд. Разгледувавме јакни и кога излегувавме поминав близу алармот и почна да свири. Јас и брат ми застанавме а таа продавачката трча од таму како луда. И јас викам што се случи и ми вика дрско НЕЗНАМ. Ни вика поминете уште еднаш. И ние поминавме а од страна луѓе не гледаат. Абе бруки!! Место да си го направат тоа алармот да свири кога што треба , тие свират на секој метал. Епа веќе не им влегувам Па кај сите не излгедаа како крадци од страна , на крај ни вика епа ништо и си замина. Ниту извини ни ништо. Ааа да беше ова Америка ке ја тужев. Плус со толкав стомак сигурно ке крадам , а па надвор низ рамстор толку обезбедување ако не ме фатат внатре тие надвор сигурно. Абе незнам што да кажам.. Идиоти!
За среќа денес уште никој не ме е изнервирал, ама ништо не се знае има време до 00:00, додека да заврши денот . Сепак се надевам дека нема да се изнервирам
Ме изнервира еден мој многу близок другар, кој ме направи виновна за тоа што се зборува за него.Па мајка му стара што сум јас виновна што моите другарки деноќно мељат за него и го озборуваат
Па со дечко ми сабајле се потскаравме, малку ме изнервира он, ама брзо се реши се и остатокот од денот ми помина супер
Не се нервирам често , но денеска ме изнервира една другарка која плачеше по машко . Тоа не си го дозволувам , па што сака нека биде .
Мајка ми како и секогаш.Неможам да ја трпам секој ден се повеке и повеке ме нервира не ми се живее веке од неа уффф
Мајка мииииииииии дојде нервозна од работа и почна да вика.А во комбинација со неа и дечко ми ,кретен
1. Ме изнервира докторката која ме остави да чекам, а имав закажано 2. тешката главоболка 3. Гласните жици на татко ми . Таков си е човекот, бучен по природа, а денеска нешто многу е весел и 1000 пати ме здрма од сон
Аааа денес мајка ми многу ме напна,цел божји ден викаше по мене,после тоа и дечко ми.Ќе ме спобудалат и двајцата