Што им приготвувате на вашите дечиња за јадење

Дискусија во 'Дете' започната од Vajolet-AA, 28 јануари 2010.

  1. Vajolet-AA

    Vajolet-AA Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Treba raznovrsna hrana da se vnesuva sekoj den,no shto e najdobro i najvkusno shto im prigotvuvate na Vashite dechinja sekoj den. Dobro bi mi doshle Vashite soveti predlozi za toa kako shto im prigotvuvate pochnuvajki od najmalata vozrast pa se kako shto rastat decata
     
  2. Vajolet-AA

    Vajolet-AA Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Gledam nikoj ne napishal nishto a bash se raduvav da gi spodelime znaenjata i da dobijam i novi idei no eve jas ke kazam neshto pogolemkoto od moite dechinja e mn probirlivo i ako ne i e slatko ne saka da jade pa taka sekogash mora da i prigotvam neshto interesno,najveke saka suvomesno i pazam kolku shto mozam da ne jade chesto no mn pati i bez uspeh no se trudam da bidat zastapeni mlekoto jajcata najchesto a potoa i se dr shto jademe nie sekako pomalku zachineto no i za toa nema pravilo dodeka za maloto pravam sekoj den svezi domashni kashichki od ovoshje i zelenchuk no toj e veke 7 meseci i ke treba da dodavame i dr raboti vo ishranata pa zatoa povelete kazete kako i shto im prigotvuvate na vashite najmili
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    24.161
    Моите ги навикнав дека мора да јадат што треба, а кога ќе го изедат задолжителниот оброк, може и слатко нешто. До душа големи се веќе, 3 и 5.

    За појадок секој ден јадат каша од разни овошја, житарки и млеко. Да не им биде секој ден исто им ги мешам комбинациите на овошја и им ставам различни житарки.

    Потоа пред спиење јадат чорба - пилешка или телешка, гледам да биде погуста.

    Кога ќе станат од спиење јадат класичен ручек, не им правам посебно, со тоа што не ставам многу зачини, а јадат и салата (до душа само поголемото). Барем еднаш во неделата се трудам да направам риба, а другите денови било што - грав, грашок, компир манџа, многу јадат и спанаќ со ориз, пире, ориз со кокошка...

    Навечер јадат палента, макарони, чоколино, житарки со млеко (чоколадни претежно), пржено јајце или пржени лепчиња. Поголемото јаде и лепче намачкано со нешто од време на време.

    Помеѓу оброците гледам да им дадам пак овошје, а и нешто слатко обавезно - пудинг, тортички, чоколадо...
    Сакам да почнам да им давам и свежо цедени сокови во кои ќе ставам и моркови и цвекло, ама сега за сега не ми ги пијат, дури и без моркови и цвекло :D . Сепак не се откажувам, и се надевам ќе се навикнат.
     
  4. Vajolet-AA

    Vajolet-AA Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Na pogolemkoto koe skoro ke napravi 3 god mu pravam domashen sok i toa od raznovidni ovoshja i cveklo obavezno i poradi toa shto pie mn sok pravime odednash po poveke inaku ne ni se gleda krajot pie mn sok ama ovoshje ne saka ni da proba
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    24.161
    А колку време може а се чува свежо цедениот сок?
     
  6. Vajolet-AA

    Vajolet-AA Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    mislam deka treba vednash ili kratko potoa da se ispie bidejki ke oksidira ovoshjeto kako i kaj kashite od svezo ovoshje
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.038
    Vednas da ti kazam prestani so suvomesnatite raboti, ednostavno ne gi kupuvaj i ne im gi davaj. Polni se so konzervansi i stetat na zdravjeto na deteto a so toa im padja i imunitetot i ke si imas problemi so nivnoto zdravje. Probaj da go kamufliras vkusot ako nekad nesto ne saka da jade, jas na primer mu stavam jogurt (moeto mnogu saka jogurt). Navikite za jadenje se steknuvaat uste od malo. Ako od malo go naucis da jade nezdrava hrana taka i ke prodolzi, veruvaj mi ama dodeka e malo treba mnogu da si uporen i dosaden da go ubedis deka toa e zdravo i ubavo.
    Posle 7 mes. na bebusot osven ovosje i zelencuk davaj mu i mlecni kasi a treba da proba i meso se razbira vareno so zelencuk. Mozes i zitarki da mu davas mnogu se zdravi a bar sega za decata gi ima vo mnogu varijanti. Jas do 1 god. mnogu pazev i se pravev posebno, bez zaprska, bez sol, blendirano...koga sme kaj toj blender se nauci zverce da ne zvaka pa potoa maki vidov dodeka da nauci da dzvaka :) bi ti preporacala da ne mu se blendiras ili malku samo.
    Ednostavno sto jademe nie toa i tie :)
     
  8. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    617
    Мојот син е 16 месеци...
    наутро - само што станува 250-300 мл млеко
    после саат време од млекото му давам од Нестле кашите што се приготвуваат со млеко (најмногу ја сака она со какао и житарици), палента, јуфки, сутлијаш, пудинг сл.
    па повторно млеко и така заспива
    во меѓувреме му приготвувам ручек...
    пр. *пилешка супа (пилешко, компир, морков, тиква и фиде)
    *риба ослич филети, компир, брокула, морков, сл
    *јунешко, грашок или боранија, морков, компир
    *леќа, компир, морков
    итн...
    инаку неговите манџи уште не ги запржувам, не ставам вегета, црвен пипер/црн пипер, само кромид и пиперка запржувам, после го додавам останато (пр. леќа, грашок сл) и откако ќе се свари додавам малку сол, колку да не е блуткаво.

    и да... син ми повеќето јадења што се сметаат за ручек ги јаде со павлака, чудно не знам, ама ако нема павлака не јаде... освен со риба, леќа итн.

    во меѓувреме пие млеко, јогурт, сок... јаде чоколадо, некое овошје, најчесто со бисквити

    за вечера му давам или од Нестле кашите, палента, јуфки, пудинг, зависно што јадел утрото гледам да биде сега различно да не му се повторува.

    и пред спиење пак пие млеко.
     
  9. AYDA

    AYDA Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    MOJATA KERKA IMA TRI IPOL GDINI,I NASTOJUVAM NEJZINATA ISHRANA DA BIDE RAZNOVIDNA,ISPOLNETA SO MNOGU OVOSJE I ZELENCUK..I SEKAKO OVOSJETO KOE GO JADE KE BIDE SEZONSKO...ZADOLZITELNO EDNAS VO NEDELATA RIBA ,I SPANAK, A OSTANATITE DENOVI HRANATA KOJA JA PRIGOTVUVAM ZA NAS SAMITE.SVEZO CEDENI SOKOVI ,KOI SE OD GOLEMO ZNACENJE ZA JAKNENJE NA IMUNITEOT I NADOPLNUVANJE NA VITAMINE KOI S EPOTREBNI PO PAT NA PRIRODEN NACIN...SEKOE DETE SE RAZLIKUVA OD OSTANATITE DECA I SMETAM DEKA SEKOJ RODITEL TREBA DA ZNAE KOI SE NEGOVITE POTREBI I KOJ VID NA HRANA E POTREBNA I VO KOLKavo KOLICESTVO...
     
  10. malinavishna

    malinavishna Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    10
    За правилен раст и развој на детето многу е важно да се храни здраво. Не треба да се внимава само на разновидноста во исхраната, туку и на начинот на кој се приготвува.
    Јас уживам да правам здрава храна за моето дете.Свежи салати и овошје мора да има и тоа 2-3 пати овошје и 3-пати зеленчук. Е сега децата сакаат да јадат и тестенини, па јас знам набрзина да направам сочна пица со кашкавал и печурки, пица сос со оригано, пченкарна погача со сирење и могу сусам, палачинки...Риба мора да има најмалку 2-пати неделно (варен ослиќ со компир салата, печена панга или пастрмка, супи од пилешко со многу зеленчук (морков,брокула, компирче.....) тава печење со интегрален ориз со трошки соја и печурки во комбинација со салата-таратора (инсистирам и киселото млеко да биде секојдневно застапено) ...чорба од грашок и младо телешко +морковче и мнооогу магдонос. Јадењето е печено или варено, додека пржена храна воопшто не приготвувам.
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    11.139
    Допаѓања:
    50.902
    Пол:
    Женски
    Незнам каде да го поставам прашањево , дали смеам на ќерка ми да и дадам мед? Сум слушнала дека има деца што починале од мед поради алергиска реакција. Но , ќерка ми е 14,5 месеца така да не мислам дека е мала да јаде мед? :?:
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.730
    Допаѓања:
    74.028
    Пол:
    Женски
    Ако нема во вашето семејство никој што е алергичен на мед, слободно можеш да даваш. Секако, пробај прво со мала количина, колку да лизне. Јас на син ми не сум му дала чист мед, ама сум дала житарки со мед на Нестле - е сега колку мед содржат... тоа е друга приказна.

    Од една страна, медот не се препорачува поради можни алергиски реакции, ама од друга страна, кај бебиња до една година не се препорачува поради можноста за појава на ботулизам. Макар што, мислам дека со медот што фабрички се преработува и пакува нема спори на бактеријата (иако никогаш не се знае), ама прашање е колку со преработката се задржало нешто од хранливоста и лековитоста на медот. А оној, баш домашен мед, секогаш купувајте го од проверени луѓе!
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.736
    Ние дома со мед пораснавме. Секое утро по една лажичка и секогаш во млеко и чај ни даваа. И ден денес секогаш дома имаме мед, ама купен од проверено место.
    Се знае дека медот е многу здрав, посебно со додатоци (матичен млеч, полен итн).
    Секако, како што кажаа погоре, ако ќерка ти не е алергична (што мислам е преголема реткост некој да е алергичен на мед).
     
  14. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    212
    Јас и дадов мед после 2 години, само затоа што и јас самата сум алергична на мед. Немаше никаква реакција и сега секое утро јаде по една лажичка мед. Само претпазливо со медот, прво пробај во некој појалок (не млеко) па после чист.
     
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    24.161
    Јас на моите после една година почнав да им давам мед. Не го сакаа многу, па не јадеа којзнае колку, ама им го ставав во мед и житарки, и не сме имале никаков проблем. Инаку домашен им давав, ама секогаш земам од проверени луѓе.
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    11.139
    Допаѓања:
    50.902
    Пол:
    Женски
    Јас имам едно прашање во врска со исхраната , ќерка ми во главно многу си е јастовито дете, плаче за јадење кога гледа како се прави ручек (за среќа :D ) и немам никаков проблем , само што често незнам што да и дадам да јаде зборувам за насабајле и навечер , значи имам многу идеи во глава некогаш и правам палачинки но таа ги кине и го вади кашкавалот (ако е растопен исто така) и само него го јаде другото го фрла. Потоа истото е со лепче или кифличка неможеш ништо да и намачкаш внатре се вади , кашкавал и сирење јаде и сабајле и навечер и тоа во големи количини (сирење знае да изеде и по 4 парчиња дебели оддеднаш) додека мармаладот не го сака ни јагоди ни од сливи никаков , ни мед не сака , ај викам еднаш и дадов и чоколадо да проба не сакаше гризна и го фрли , и правам проја со сирење и праз празот го вади и го јаде и сирењето а лепчето што го издробила го фрла :| Инаку за овошје и зеленчук се јаде , салати , макарони обожава , ручекот исто грашак,боранија,месо тоа немам проблем..
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.581
    ^ До карактерот на детето е, очигледно не сака да меша работи, и тоа е тоа :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Espadrila

    Espadrila Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    12.547
    Ние имаме 23 месец, значи за 1 месец 2 години.
    Јадеме скоро се. Зеленчук свеж не сака, но затоа обожава зеленчукови супи, со брокула, пашканат, целер и моркови. Таква јаде 3-4 пати во неделата.
    Наутро пред градинка задолжително појадува млеко со бисквити. Не сака да го пие,ама го обожава со бисквити.
    На градинка си јаде лепче, со нешто мачкано (ова помалку го јадел , нормално затоа што од дома е појадуван и најаден)
    Си руча манџа- секаква, не прибира.
    Кога си доаѓа од градинка, ако имам грав, леќа, боранија, или зелка- кои јас лично ги сметам за малку потешка храна- не ми давам да јаде од неа. Ќе му дадам супа, кисело млеко со лепче или павлака, може јајце (иако не му е баш омилено) и сл. Ако имам пире, компир, ориз и сл. јаде од ручекот.
    За вечера, самоинцијативно си бара да јаде млеко со бисквити.
    Пие секогаш свеж домашен сок.Јаболка, портокал, морков се основните состојки, а во зависност од периодот се додава, цвекло, боровница, грозје, круша, ананас и сл. Овој сок го обожава и испива скоро секој ден еден литар од него, плус од купечките. Значи сокаџија е невиден.
    На градинка си јадел свежа јаболка, а дома баш и не сака.Дома банана.
    Смоки, грицки, поретко давам, кога ќе дојде некој на гости...ама си ги сака...и чипсот исто така.
    Чоколадо не му давам често, не му давам секој ден. Некогаш многу го сака, а некогаш само ќе го лизне.
    Порано и кроасанче сакаше и знаеше да изеде како за појадок а сега не.
    А да... и обожава паштета, која се разбира ретко е на менито, ама сепак понекогаш ја има.
     
  19. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    212

    За појадок не мора да и даваш леб или кифли, направи и овошна салата или пак овошна кашичка со плазма или бисквити или пак најубаво со житарици.
    Така сите 3 оброци ќе и бидат различни. Ќерка ми има 4 години па за викенди уште јаде овошје со житарици за појадок. Многу ретко и давам леб намачкан со нешто или пак нешто солено.
     
  20. stefi23m

    stefi23m Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    955
    Допаѓања:
    738
    Пол:
    Женски
    мамички да ве прашам нешто, кога почнавте да му давате пасирана храна на децата????
    јас се уште му блендирам ама размислувам да почнам да му пасирам, не е рано???иначе леб, јаготки, банана џбака ама кашичка не испасирана убаво не ја сака, зато мислам да не имам мака ако чекам уште?

    иначе и син ми си јади се, и од овошје и од зеленчук, месо јади пилешко и телешко и лосос.

    чекам да ми донесат домашен мед ливадски и ќе пробам, прво да го намачкам на рачето ако нема реакција на муцето и пак ако нема реакција да му дам во млеко или во шитарици или во овошјето зависи како ќе сака.