1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога девојка во поодминати години станува терет во сопствениот дом?!

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Rama, 3 април 2018.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Барав слична тема,но не најдов,ако не е соодветно поставена,модератор нека реагира слободно...

    Значи вака,сведоци сме на различни приказни и судбини од народот.
    Живееме во не толку напредно опшество,исто и во една сиромашна држава,каде за жал не секој може да си дозволи да биде самостоен и независен.
    Не негирам дека во голем број има и такви кои успеале да се одделат од семејниот дом успешно,но од друга страна постојат и такви кои по сплет на околности врзани се за татковиот дом,а таму идилата и не им е нај сјајна,нели се проширува семејството,тука се брат,снаа и внуци...
    Во моја околина често слушам коментари како девојките кои не се омажени сметаат дома,како им држеле соба на внуците и слично.
    Слушам погрдни коментари и од снаите,некаде одат во крајност и ги тераат децата т.е внуците да ги навредуваат тетките.
    Некогаш и самите родители пререкуваат дека по секоја цена мора да го напушти домот девојката.
    Примери има милион,до некаде и јас почнувам да се пронаоѓам во ова,затоа сакам да слушнам и ваши мислења.
    Значи,која е логиката во сето ова?
    Зарем толку е лесно да бидеш пречка во сопствениот дом,само затоа што си женско а братот одлучил да проширува семејство.
    Мое мислење е дека поддеднакво треба да се важни и машките и женските деца,за жал кај нас уште владее она'кога ќе се роди син се слави,а за ќерка се плаче'....
     
    На hermosa, slobodka, Tanjamm и 40 други им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    А братот што донел цела фамилија не е пречка, туку сестрата што останала да живее како и цел живот е?
    Осамостојување и тргање од семејниот дом не мора да се случи само при брак, ама јасно е какви се условите и дека многу често е неизводливо.
    За колку години се смета девојка во поодминати?
     
    На Oxymoron, Belgin1, eli25 и 48 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Во темава може сите да речеме-не, не е така или не, не е во ред или јас тоа никогаш на свое дете не би. НО ! Има луѓе кои велат-да така е. За жал има и такви. Ние овде можеме да вергламе колку сакаме но пак ќе ги има. Посебно во некои порурални подрачја низ државава сеуште таткото го бира зетот а не ќерката..
    Е сега што мислам јас за ова. Се омажив некаде 26-7 години, не ми било префрлено или речено вакво нешто, не само зашто сите што живеевме под тој кров вложувавме и плаќавме сметки и храна еднакво туку и 27 год не се кујзнае колку години. А верувам дека и 40 да имав моите немало да ми речат мажи се по секоја цена само за да си одиш. Јас немам брат. Но еве се ставам на место да имам брат, и ај да речеме дека ми префрлил зашто седам уште. Фино лепо ќе му кажам дека ако сака повеќе комодитет може слободно да вложи во свој имот или во најмала рака нека реновира нека догради.
    Пред да се омажам јас реновирав кај моите. Сакав собата да ми е сосема во друг стил, сакав гипс картон на плафон, друго осветлување, сди плакари , бел ламинат , нова надворешна врата... бидејки беше моја идеја тоа и за мојот дел, нормално, јас си ги сносив трошоците и правев онака како што сакам. Ние барем така гледаме на домот.
     
    На eli25, Milobebence, candy.cane и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Заостаната работа. Не знам само како родител би дозволил да дојде до таква ситуација, без разлика дали детето има 30, 40 или 50 години, тоа секогаш за мајката и таткото е дете. Ајде ако не на улица нека оди сестрата за снаата која не мрднала со газот да се потруди да си основа свој дом да се рашири и во нејзината соба. Тешко на општеството од такви паразитки кои едвај чекаат да се наместат на готово кај свекорот и свекрвата и после да кукаат како не е убав заедничкиот живот. Епа не е, секој треба да засука ракави и да заработи нешто свое а не да чека старите да готват ручек и да трчаат повнуците. Втора работа, колку што знам сите нормали родители го делат имотот на сите свои деца подеднакво така да ако станува збор за родителската куќа, сестрата има рамноправен дел исто колку и братот и не гледам причина зошто би му го одстапила. Не е домот само негов па да се жали дека сестрата му фаќа место.
     
    Последна измена: 3 април 2018
    На ku4ence, nena2010, mynameislove и 15 други им се допаѓа ова.
  5. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    72.930
    Пол:
    Женски
    На таквите само им посакувам и девојката да си најде партнер па да им го донесе домазет ( барем на некој месец ) па да видат што е мака. Не смее снаа да си дозволи да зборува лошо за дете од таа куќа еднакво колку и нејзиниот маж. А родителите, ко ќе им клапне газот, снаата нема да ги чува, пак на глава на ќерката ќе дојдат.
     
    На ku4ence, candy.cane, CameliaMiller и 40 други им се допаѓа ова.
  6. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    34.118
    Ја мислам дека ќерката ( кравата за расплод чиј имотен лист се подава од таткото на мужот ) е терет и штета у домот ако не се шитне на време, и ако не се повратат бар дел од парите од нејзиното ранење и школување, затоа што не ни треба феминизам.

    Инаку, мојот татко, мајка, чичко не се закоравени комплексаши, и никад не ми рекле нит сум осетила дека помислиле такво нешто, туку напротив.

    Жал ми е за вас што живеете со такви ,, луѓе ,, , ама па од друга страна ич да не ви чуе. Тоа е ваша куќа. Ако на некој му сметате, требало да мисли пред да ве направи. А интересно и како истите чекаат да ве шитнат од дома, а чим им падне гзот, одма чекаат ќерката да ги чува и двори, иако отишла у туѓа куќа и има нови мајка и татко, а од синот тоа не го очекуваат, иако им живее у куќата, само оти е муж.
    Епа мало морген.

    Фмп.
     
    На candy.cane, slobodka, Oxymoron и 55 други им се допаѓа ова.
  7. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Годините на една девојка не се важни во ситуации каде што менталитетот е заостанат. Проблемот не е во нашите години. Менталитетот во Мк кој е over the top заостанат е главниот проблем.
    Јас не живеам со моите но додека живеев имав притисоци од нивна страна за мажење. Бев во долга врска, која ја прекинав и потоа се случија низа непријатни настани кои го променија размислувањето на моите родители. Ми помогнаа (и сѐ уште ми помагаат доколку е потребно) во осамостојување, но не затоа што сум им терет туку затоа што има(в)ме услови и финансии за осамостојување.
    Доколку ги немавме ќе живеев со нив. А има периоди во годината кога си се враќам кај нив. Но во поголемиот дел живеам сама затоа што така функционирам најдобро. Затоа што можам и сакам. Не секој може. Не секој сака. И воопшто никој не треба да биде критикуван, најмалку од сопствената фамилија.
    Посакувам да се смени ваквиот балкански менталитет кој само придонесува неслога и нарушени семејни односи. Бев во ваква ситуација, не ја пожелувам на никого.
     
    На CameliaMiller, Milobebence, WildMk и 18 други им се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Зашо мака ако е домазет? Ни тоа не е за судење. Реално маж од 30 и кусур години треба некако да е обезбеден без разлика негово или од неговите НО бидејќи живееме каде што живееме а и најчесто менталитетот ни е паразитски ете се случува и домазет ситуација. Не гледам мака во тоа ...
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    72.930
    Пол:
    Женски
    Погрешно ме разбра. Мака да живеат сите на куп. Ако иде снаа кај свекрва нема ништо лошо и зет кај баба да дојде
     
    На ku4ence, CameliaMiller, Milobebence и 14 други им се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    во право си. препрочитав сега :)
     
  11. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Тоа претежно зависи од свеста на родителите. Инаку јас имам брат немам сестра за жал не можам да ти кажам за таква ситуација. Ама секогаш постои притисок од родителите од типот : Ајде бе кога мислиш да се жениш/мажиш или Ајде бе побрзај сакам да дочекам внучиња. Порано знаеа да зборат и да ми трубат цело време. Да ми верглаат по илјада пати за тоа како тие на мои години оформиле веќе семејство и веќе имале деца . Ама седнав и убаво им кажав што мислам и да не ми вршат притисок. Им кажав дека прво нема зошто јас да брзам само поради нив да влезам во брачна заедница и да имам свои деца кога јас не се чувствувам подготвен за тоа. Од секоја гледна точка не сум подготвен и од финансиска и од целиот мој ментален склоп бидејќи моментално не се чувствувам како личност која е способна да се грижи за некој друг и да му го посвети потребното внимание. Инаку родителите знаат некогаш да бидат многу нелогични. Еве јас имам различен проблем од твојот односно спротивна ситуација, мојот татко инсистира да ја реновира куќата и да создаде услови за да можам да живеам со нив. Јас од старт им реков дека не планирам да живеам со нив бидејќи не сум спремен во иднина да си вадат очи со мојата жена. Бидејќи татко ми е инает човек и не можеш да го разубедиш. И брат ми им кажа нема да живее со нив дека ќе замине за странство. И сега мојот татко почна да ја реновира куќата и да гради друга иако му ги кажавме нашите гледишта. Инаку да бев во ситуација да имам сестра јас не би ја притискал да ја напушти татковата куќа, дури и би застанал во нејзина одбрана и би се спротивставил на моите родители. Попрво јас би си ги собрал парталите и заедно со мојата избраничка би седеле под кирија дури и да биде некој мизерен и никаков стан. Инаку и јас доаѓам од семејство каде што жената се гледа како домаќинка и како единствена која треба да ги извршува домашните работи. Сум гледал како се мачи мајка ми и не сум можел, а да не и помогнам без разлика што ќе речат другите и какви етикети ќе ми лепат.
     
    На honest girl, SummerGirl, dunika и 11 други им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Па оти им е тежи ќерката дури и кога е сама, така уште повеќе да им затежи.
    Затоа што за синот може се, ама за ќерката не може.
    Не ми е јасна таа ситуација никако. Имам примери во сопствениот живот кај што родителите забораваат на децата кои што уште не оформиле семејство, па они кои оформиле некако несвесно им се помили.
    На пример, жена која знае дека здравствено не е способна да гледа внуци, ама цело време 24/7 е мајка на внукот, буквално, детето ја вика мамо, додека неженетиот син ја вози по лекари, а женетитот не се замара до таа мера што ни кредит на телефонот не му текнува да и стави, ни пастили за грло да и купи кога настине.
    Друга ситуација, мала куќа, 3 соби, свекрвата не дава синот да отиде под кирија со девојката/вереницата/жената, ама не му дава повеќе од најмалото сопче, оти најмал е тој. Останатите соби треба да се чуваат за женетите и осамостоени ќерки кои не живеат со свекрви, да можат да си дојдат кога сакаат. И така...
    Некако мажените/женетите деца веднаш им се помили на родителите. Тек па ако има внуци, ехехееее...
    Оние немажените, отпадок на фамилијата, неспособни...
     
    На ku4ence, Alisa22, SummerGirl и 8 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Хахаха, ама ТОА НЕ Е СЕ!! Гледај обратна ситуација-внуче од син чува мајка, а внуче од ќерка чува баба (мајка и)... Каде со овој ум јас не знам. Јас сум во таква ситуација. Се осеќам ко мојот син да и е помалку внук од тоа на ќерка и. ..
     
    На Alisa22, SummerGirl, mariz и 6 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ти не си и ќерка, затоа :)
    И ние како да сме помалку внуци на баба ни, отколку оние на ќерка и.
    Не признава таа дека е така, ама тие секогаш се најдобри, секогаш најучени, секогаш ним им се помага... И така..
     
    На ku4ence, Alisa22, SummerGirl и 6 други им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    И ние секогаш сме НАЈМАЈКИ и облеани со комплименти само за да не рече помош да не ти треба :wasntme:
     
    На SummerGirl, Rama и DAngel им се допаѓа ова.
  16. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.623
    Прво, срам да и' е на секоја снашка шо така ќе помисли или рече за золвата, затоа што таа решила да дојде во куќата на маж и'. Сигурно пред брак знаела кој се' живее во таа куќа, ако и' сметал некој нека го убедела мажот да си заминат на страна. Таа доаѓа во куќата, куќата не е нејзина.

    Второ, срам да му е и на секој брат што така би гледал на сестра си, и што очигледно е неспособен да се осамостои и да си оформи фамилија

    Трето, срам да им е и на оние родители кои би го "жртвувале" едното свое дете, во случајов ќерка, за комодитетот на синот

    Дете е дете, без разлика шо има меѓу нозе
     
    На ku4ence, candy.cane, CameliaMiller и 33 други им се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.640
    Пол:
    Женски
    Само мене ми звучи ова поодминати години смешно?

    Туку, нема што снаата да се меша во тоа каде сестрата на маж и живее. Ако така мисли снаата за золвата мажето треба да реагира, како брат.

    Плус, ако јас сум во кхм поодминати години не значи дека само ако стапам во брак ке излезам од дома. Можеби се уште работам за услови со кои ке можам да се осамостојам. Може сум поврзана за мојата соба и тука сакам да живеам. :rofl:Поентата е - ич да не и чуе на снaшка ми.

    А јас немам брат, две сестри сме. Изгледа ке можеме да бидеме стари моми на раат.
     
    На CameliaMiller, Ana_mk, SummerGirl и 20 други им се допаѓа ова.
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Поодминати години: 27 :rofl:
     
    На Oxymoron, CameliaMiller, honest girl и 20 други им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Мене почна цело село да ме мажи, па вие смејте се само :worried:
     
    На candy.cane, CameliaMiller, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.640
    Пол:
    Женски
    Ах, одам да забележам кога ке полнам 27 години, да знам да спремам куфери.
     
    На CameliaMiller, Doozy, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.