Што кога е далеку од тебе...?

Дискусија во 'Разделби' започната од lovelygirl1, 9 септември 2012.

  1. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    7
    Девојки се соочувам со многу болна ситуација...
    Се работи за летна авантура, која помина прекрасно... со секој поминат ден бев се потажна знаејќи дека се ближе крајот кога за последен пат ќе се видиме. Последните вечери се враќав дома расплакана...другарките ме тешеа но ништо не ми помагаше...
    Последната вечер го осетив последниот негов допир,бакнеж,прегратка... гледајќи го како заминува, срцето ми се кршеше... сеуште ја памтам таа слика...
    Знаев само едно- СЕ ЗАЉУБИВ, и знаев дека кога ќе се вратам во мојата држава, тешко ќе го поднесувам фактот дека нема да можам повеќе да го видам...
    Нема ден да помине а да не ми се насолзат очите бидејќи ми остана во срцето...
    Проблемот е што имам шанси да одам во неговиот град со братучедка ми која е над 20 години, но моите дома не се баш решени да ме пуштат... знам дека можеби целата работа не е во ред, и дека многу барам но знам дека можат да ми овозможат и единствениот проблем е што имам 17 години...
    Можеби некој ќе ми рече- зошто тој прв не дојде? Јас мислам дека финансиите не му дозволуваат, но како и да е нон стоп ме прашува дали ќе одам и кога му кажав дека ми прават проблеми, многу се натажи...
    Не можам против срцето, секој ден чувствувам силна болка... бескрајно ми недостига бидејќи го гледав цел месец, а не можам и да сакам да го видам...
    Ве молам помогнете ми како да ги убедам моите, и што да правам со целата ситуација, мислам дека ако моите кажат цврсто НЕ, јас ќе паднам во депресија... ми недостига... :( :( :(
     
  2. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    69
    Многу е далеку? Твоите сеуште те гледаат како девојче кое може да го повредат. Им ја кажа ли причината? И внимавај, зошто секакви има низ светов.
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.768
    Може скептично ќе звучам, ама ми мириса на летна љубов која ти е уште тазе и чиј интензитет ќе бледее со тек на време. Летото чуда прави.
     
    На Letmebeurextasy и doll.a им се допаѓа ова.
  4. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.269
    Е, добро де.
    Се сеќаваш дека пред да одиш на одмор си била заљубена во друг/и?
    Дури и си го споделила тоа тука на форумот.
    Тоа штом поминало, ќе помине и ова.
    Ќе се појави некој нов и ќе заборавиш дека овој постоел.
    Се уште си дете, имаш време да носиш самостојни одлуки, ама сега за сега слушај ги родителите.
    Тие те познаваат најдобро и никогаш не би направиле нешто што би ти наштетило. :)
     
  5. Blondydevil

    Blondydevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    44
    Се согласувам подполно !
    Истото ми се случи и мене ова лето, си го запознав „Дечкото од соништата’’ :inlove: и секако, траеше многу кратко, ама слатко :D :rofl:
    Ми беше сеа жал нормално коа си заминав, ама на крај се соочив со тоа дека останува само на една прекрасна летна авантура и ништо повеќе !
    Тоа е :(
     
  6. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.969
    Оххх девојче, кога те читам се навраќам на минатото кога бев и јас тинејџерка како тебе и колку такви летни авантури имав, па се заљубував, па ми беше тешко кога се разделувавме, па плачење, тажење по љубовта "на мојот живот'' и се така додека не помине некое време, сликата бледнее со тек на време и се заборава. Се додека не дојде друг на негово место и пак истото....Ќе имаш уште многу такви љубови, верувај ми, сеуште си млада и срцето не знае што е правилно, брзо се заљубуваш, а и брзо се одљубуваш на тие години, така е тоа, потпишувам ;)
     
  7. Liebe.Love

    Liebe.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    23
    А во која држава е?
     
  8. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    7
    Од Унгарија е ... јас се ве сфаќам што сакате да кажете, дека немам доволно години и сето тоа, ама како ќе ми го објаснете тоа што секоја божја вечер плачам за него и после 2 месеци сеуште не можам да се помирам со фактот дека не можам да го видам...?? Срцето ми се кине и душата ме боли... не знам што ќе биде ова, прв пат ми се случува...!!
     
  9. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    117
    . :$ .кога е далеку од тебе,а и ти од него....ако постојат чувства од двете страни таа љубов можете да ја одржувате иа на далечина....сега технологијата е доста напредна,има мсн,скајп,камери, мобилни телефони.....секојдневната комуникација да ја надокнадите преку интернет...знаам не е исто ама сепак да си го одржувате и надоградувате то што имате и сте доживеале...па кога ќе имате прилика да се сретните.....има полно врски на далечина кои успеваат и покрај се......само ако е права љубов... :$
     
    На Letmebeurextasy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Liebe.Love

    Liebe.Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    23
    Ајде де...можеби пак ќе го видиш не е крај на светот....ама некогаш врските на далечина не успеваат...мене ми беше така за еден Германец...се отепував од плачење кога ќе видев срциња на неговиот фејсбук ѕид од некоја си...ама престанував кога ќе видев дека не возвратил :clap: ама ми помина тоа...тој си фанал девојка јас си "берам моја бавча" ии така да не се грижи ќе ти помине и тебе :*
     
  11. najubavata88

    najubavata88 Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    devojkiii..imam eden problem pa ve molam za pomos ;( imav vrska koja traese 3 god..raskinav so nego...pred 5 meseciii..go prebolev nego so edno masko ...bev so maskoto 5 meseci i se idese super...se dodeka ne razbrav deka ovoj noviov bil pak so negovata bivsa devojka :@ izreagirav mn burno,mu iznavikav sekakvi raboti na nego...i posle toa toj mi objasni deka ustvari bil so nea posto imale nekoja rabota delovna da ja zavrsat :lol: dali da se smeam ili da placam stv ne znam :tmi: povtrono pocnav da se gledam pak so nego,a toj mi objasnuva celo vreme deka ne sakal da ide pak so mene zaso mn burno sum reagirala..a ustvari mn me sakal :rofl: mene mi e mn tesko ne znam sto da pravam..pak go molam celo vreme a toj e laden...koga se vidovme placese me guskase ..a sega go nema nigde ...zvonam jas celo vreme..se mislam dali veke da se otkazam???da otvaram veke druga vrata vo zivotov ili da prodolzam da napnuvam :devil: