babylove овошни кашички

Што кога некој/а упорно ве замара?

Дискусија во 'Врски' започната од Mistery, 1 септември 2011.

  1. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.625
    Дојде ред и Мистери да праша нешо :tmi: ......Сакав да прашам у темата, ама гледам дека немаме нешто вакво слично, а и на други може ќе им се најде па ајде да отворам една тема.....

    Епа вака...

    Пред 2 месеци некаде излегов со една девојка....Вечерта си течеше нормално, имаше неколку испади од нејзина страна што привлекоа доста внимание, (и тоа требаше да ми биде хинт дека нешто не е у ред со девојката)....Се смувавме, се драпавме и тако даље заврши вечерта...Девојката е интелигентна и е доста секси......Значи ок вечер поминавме, јас си мислев ќе се видиме после недела дена некаде за втора средба и нормално ќе се движи нешо некаде.....Арно ама она почна да замара....уште утредента почна да го тупи да се видиме, па ова, па она, ти имаш се што барам од машко, сакам да сме заедно, ме отру.....Почнав да игнорирам, ама нема спас....пишување по 15 пораки на ден минимум, јавување од скриени броеви, уште и кажувала на другарка моја дека сме биле заедно (зашо мислела дека оваа ми е девојка)...на фб почнала да аднува девојки кои што ми коментирале на слики и на статуси...Со еден збор - психо !!!!! И еве од сабајле замара и преку к.р више ми дојде....Несакам да ја пријавам, ама веќе претерува !!! Од збор гледам дека не се разбира.....Ај некој може ќе се најде попаметен од мене, зашо ја сум out of ideas !!!!!
     
  2. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    Мистери не знам како и функционира мозокот на таа девојка...ама очигледно нешто не е во ред. Мислам дека треба да престанеш да бидеш фин зашто некои луѓе многу погрешно ја толкуваат културата, дипломатијата па дури и пасивната агресија :) обрати и се директно и јасно, ако треба и закани се дека ќе преземеш соодветни мерки..и избриши ја од фб. И откако ќе си казжеш тоа што имаш да и го кажеш, стави ја на тотален игнор.И да праќа предизвикувачки пораки, не враќај.
    Тоа е се што моментално ми паѓа на памет за совет :D
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    628
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    Сум била сведок на вакви девојки и нивни очајни обиди за врска или внимание.Најверојатно се работи за моментално затрескување а и не мора да значи,познавам девојки кои се во врска па ги демнат своите дечковци,и најчесто сите се откачувани од неможноста нормално и самостално да функционираш кога имаш ваква партнерка покрај себе.
    Што да направиш конкретно ти,па би можел да бидеш и по груб (мислам на зборови) ако веќе не се разбира со убаво,па да и кажеш дека те замара и те гуши,и не сакаш врска со неа.Зашто ако и кажеш на фин начин дека моментално не си спремен за врска,си сакаш слобода,според она што го опиша мислам дека нема да те остави на мир,ќе си земе здраво за готово и ќе го чека моментот кога ќе бидеш ''спремен'',а во меѓувреме ќе ти го ремети ѕидот на фб и твојот мобилен. :)
     
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.729
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    Ооооо зарем мистери да побара совет?
    Јас само би ти кажала да си искрен со неа и да и кажеш искрено дека НЕ сакаш да си со неа и да си ја бара среќата во друг. А немој да менуваш број или такви работи, зашто сигурно ќе ти го дознае. Ако стане до степен да ти мјаука пред врата, едноставно тогаш пријавија во полиција за малтретирање. Се надевам ќе ти се реши ситуацијата.
     
  5. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    Тежок случај.
    Мое мислење е, дека не е правилен потег да ја бришеш од фб, бидејќи сега и онака напнува, а тогаш уште повеќе со прашањата зошто си го сторил тоа + е многу детска постапка. Непромислена. Незрела.
    Исто така со закани нема ништо да постигнеш, туку само со останување на твојот став, цврсто и сигурно дека ти со неа не сакаш ништо!
    Речи и, јас ти кажав девојко поради таа и таа причина, ме гушиш, дај олади малце. Да не беше таква, можеби.
    И игнорирај. Нека ти пишува, не враќај, не и кревај.
    Ќе те труе, да. Но до кога? Месец, два? Ќе се умори девојкава.
    Среќно.
     
    На vesevska му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.826
    Пол:
    Женски
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    И' рече не? Или таа си ѕвони, а ти се криеш? :D
    Ако не си го сторл тоа, веднаш стори го. Ако не разбира со убаво, повиши тон и кажи и дека заминуваш од државата, а дотогаш сакаш со другари да си. И ако сте се смувале, не значи дека сте во врска, и тоа да и го потенцираш, да не продолжи со нејзините психо недолични испади пред другарки и другари.
    И кажи му на девојчето дека тоа не е нормално што го прави (во образложена верзија).
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.427
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    Тотално игнорирај ја, избриши ја од фб, од мобилен, не и враќај на пораките некое време, па ако е нормална личност ќе се свести дека е непожелна. Значи, тотал игнор.
    Ако после уште те замара, со повисок тон објасни и оти ништо нема да биде меѓу вас, нема фино со таквите. Е ако и тоа не успее, незнам, и останува психијатар да си посети типкава :?:
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    А да и се заканиш ти :lol:
    Вајда штом размислуваш за пријавување сигурно си и објаснил дека НЕ сакаш ништо со неа и дека таа НЕ ти е девојка, туку само бивша муваторка. Ако не си и го објаснил ова треба да е тоа следниот твој чекор.
    А во случај да си пробал со се да ја одбиеш, тогаш закани и се дека ќе ја пријавиш во полиција поради психичко малтретирање.
    А вакви девојки ги има многу, а и момци исто така, мислат дека така треба да функционира една врска, врска како затвор. Среќа уште не ти рекла дека ќе се самоубие ако ја оставиш, дури не би ме зачудило тоа.
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.545
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    Добро, а кога ти ѕвони и кравеш ли? Дали и правиш муабет? Сведок сум на многу такви очајни девојки за жал ги има премногу. Игнор, едниствен спас, а богами и лек е тоа. Не и се јавувај, не враќај на пораките па може ќе сфати :)
     
  10. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.837
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    Штом не се разбира од збор, ондак отарај ја у три лепи.

    Не ти помага ни игнорирање, ни блокирање, ни ништо. Таа да била паметна и пред се нормална од дамна ќе сфатела дека неќеш ништо со неа. Затоа, само строго ;) :lol:
     
  11. Macoola

    Macoola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    3
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    Ваквите луѓе треба по улица да идат со предупредување!! Don't speak!!! Don't look at all!!!
    Игнорирај ја тотално!!
     
  12. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    1.548
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    не се согласувам со останатите коментари дека треба да исчезнеш
    мислам дека подобро е да испаднеш на кафе и објасниш дека не е до неа :D до тебе е и дека нејкеш да се врзуваш едно друго... оти иначе колку повеке ја игнорираш, она толку повеќе ке те бара тебе и ќе бара одговори за твоите постапки..

    и оваа личност не би ја прогласила за лудак, чудак итн.. она само пребргу се поврзува со останатите и и фали внимание
    познавам една ваква девојка
     
    На feminamk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.070
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    Ајде бе ништо страшно, каква полиција не зезајте... Мало више е заљубена и изгубена, помешано малку со посесивен карактер и тинејџерски хормони и ете ти лудило... :D Само строго, директно и отсечно, ако не бива фати ја на кондиција...кај и да е ќе се умори :)
     
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    68.728
    Пол:
    Женски
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    Јас кога ја видов темата си помислив си се заљубил ти, па не можаш да ги отргнеш мсилите, па си викам Мистери зарем бара совет за нешто такво. Ама ете не било така. Да ја пријавуваш безвезе е, но покажи и каде и е местото. Не на фин начин, биди малку идиот (знам тешко ќе ти биде) инаку ти нема спас.
     
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    5.210
    Допаѓања:
    54.258
    Пол:
    Женски
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    Штом велиш дека од збор не се разбира значи веќе си и’ кажал да престане да замара...
    Остави уште неколку дена, игнорирај, веројатно ќе и’ здосади, што знам... Ако не, уште еднаш многу јасно кажи и’ дека не сакаш ништо со неа и дека сакаш да престане да те бара и бриши ја од секаде.

    Или, последна опција :!: - можеш да и’ подметнеш некој другар за да си најде нова жртва. :D
     
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.021
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    Мистери кој знае како си се поставил со девојката,можеби си и дал лажни надежи па таа оп се заљубила и почнала да те демне.Можеби со тоа што си излегол со неа почнала да си ги подгрева надежите дека ке биде нешто мегу вас.

    Ако не разбира со милост тогаш со сила и објасни дека нема да има ништо мегу вас.Ке ја боли малку но ке и помине.
    На крајот на краиштата смени си број,блокирај ја од секаде и мирна ти глава.
     
  17. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    268
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    Јас во овај случај не ја кривам девојката, зошто е многу веројатно дека се заљубила, а ти ваков игнор да и ставаш ... сепак ти си знаеш најдобро, седнете во живо викнија и кажи и јасно и гласно дека не сакаш ништо повеке од мување. Те свакам потполно, не си ни прв ни последен од твојот род :) со среќа
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.203
    Допаѓања:
    41.201
    Што кога неможете да се отргнете од некоја личност?

    и јас имам една ваква досадна, нападна психопатска дотича особа, и само игнорот е спас :lol: пробај,делува,малце споро ама делува! :) Hека врти не и кревај, нека пишува смс, не и враќај, и ако има барем малце осет ќе сфати!
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    59.156
    Чекај, чекај, чекај. :D Едно нешто не ми е јасно... Дали се мувавте еднаш, па она ти ѕвонеше два месеца после тоа, или се мувавте и драпавте и за време на тие два месеца ?? :wasntme:

    Ако сте се ,,драпкале,, цели два месеца, па веројатно помислила дека ова оди некаде посериозно и се приврзала. Бааги се приврзала за тебе. :D Види, мораш да разбереш дека едноставно некои девојки многу лесно се приврзуваат. Таа ја покажува нејзината приврзаност на овој начин. Сака да знае се за тебе, во секое време, секој момент. 24/7 ОНЛАЈН БЕЈБЕ! Ова е тоа напорното, што треба да се смени. НО, ако ти очекуваш дека таа ќе се олади, нема. Моторче без кулерче ти е ова.

    Ако сте се мувала еднаш и те замара веќе два месеца, секоја чест. Даваш дневно милион совети на сите, ама ти очигледно си го фатил бонусот, во случајов. Црешичката на шлагот. :D Можеш да ја викнеш на кафе, убаво да и објасниш што и како. Е, ако тогаш веќе не се разбере од збор, како што викаш, само игнор му е мајката. Или па стави се на фејсбук ин рилешјншип, нека се замисли малку. :D
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.561
    Допаѓања:
    19.991
    Бељата биднала. Не знам колку време и до кој степен сте биле интимни и на која страна водел муабетот ... ама девојчево се збудалело по тебе. Е сега не се сомневам и зашто ;) . Уште некој ден остави ја на игнор, ако и тоа не и удри у глава тогаш да знаеш ... девојка се плаши од уцени. Кажи и ако продолжи вака да те манијачи тогаш ќе превземеш некои драстични мерки што нема да и се допаднат. И во меѓувреме земи др број за користење, биди недостапен на овој на кој ти досадува. А случајно ако во град те сретне некаде секогаш имај добро оружје со себе, две, три добри девојки. :wasntme: