Што кога тој ви се ''пушта'', вие не знаете како да кажете НЕ и дека не сте спремни за врска..А тој е преслаадок!?
едноставно е, или џа или бу шала на страна,доколку не се чувствуваш подготвена за врска,немаш исти чувства спрема него итд кажи му отворено..дека во моментот не си подговтена за тоа,и би сакала да останете пријатели..или нешто малку повеќе па така со секојдневното заедничко дружење,би го запознала подобро и би одлучила дали би можела да бидеш во врска со момчето или не
ако не си подготвена не мораш да бидеш во врска т.е. да се фатите. Ќе му кажеш некако и готово...И тој да си знае и ти да немаш маки... Или пак пробај па може ке ти се бендиса..можеби и тој е е сериозен што знам.. Гледај си
Па ако ти се допаѓа можете да се гледате така без обврска , ако не сакаш ни така , кажи му директно . Ти си сладок и прекрасен , но сега не ми е до врска/мување и тиа ствари Друго нема или ќе бидеш со него во врска или мување или па нема воопшто да бидеш со него И што толку му ја мислиш
Кажи му нека се потруди повеќе бидејки нема лесно да те освои. Така ќе ги видиш неговите намери какви се. Ако се потруди да те освојува можеби ќе ти се допадне и ќе биде нешто, но ако се откаже не бил вистинскиот.
Аха..Значи сакаш да кажиш ако вистински ме сака и ако навистина сака да има нешто со мене ќе направи се за да ме придобие..Така..??Е па и тоа ќе го вметнам во она што сакам да му го кажамм(нормално нема да му речам ако ме сакаш се ќе направиш за да ме освоиш)..Фала срцки..
Абе ти кажи му дека не си спремна за озбилна врска и дека подобро е полека да одите, па што ќе донесе времето, ама немој до толку ако те сака ќе треба да се труди односно да се правиш тешка за освојување затоа што колку што сфатив јас тебе проблемот не ти е тоа, туку едноставно не си спремна за врска и одговорностите што таа ги носи, затоа што сепак си носи одговорности, а и плус тоа може да ти донесе и некој негативем поен кај него
А што кога твојата најмила е починат и сега проблемот од погоре како што носи насловот. Да бидам искрен на работа сум нонстоп опкружен со девојки бидеки идат кај мене да земат некои делови и др работи што им треваат за да работат а имам и доста познанички и ме канат на кафе заедно јадиме и сите зборуваат за како некој им се пуштал а и колегиве ке ми речат абе онаа те загледува ајде пуштиисе што чекаш, исто и на кафе седине надвор и ке ме муабетат или ке ми речат ајде бе кафе на пауза и јас можи ај на последната и ке си седнам сам и така се сам си седам повеке пати, како се да ми е изживеано, како да ме врајкаат мн спомени назад се некои лица гледам кога ке поминам на некои места каде со Елена поминувавме заедно, исто и со колегиве ке појдиме на линија каде работат повекето девојки ке се запознаам а колегиве ке се насмеат ајде за брзо на кафе да ве видиме двајцата (а мене душава како да не ми дава) Можеби мојот проблем е поразличен малце ама е на некој начин поврзан со темата пуштање. Ако сметате дека сум ја утнал темата ајт во канта мислењето ама сакам да ме известите во порака. Благодарам