Ја отварам темава во оваа категорија, бидејќи иако се уште сме во врска, работите се движат кон посериозни. Јас имам 27, а тој 28. Заедно сме од средно. Во последно време приметувам дека тој многу сака бебиња, ги држи, си игра со нив, зборува колку се слатки. Јас пак не можам да поднесам деца и бебиња, едноставно имам одбивност кон нив. Не можам да се замислам да имам дете, а кога ќе се замислам изгледам како ужасна мајка. Исто така одбивна ми е и бременоста и се поврзано со неа. Дечко ми знам дека би сакал да има дете, бидејќи ми има кажано дека сака потомство. И дека сака јас да му бидам животниот партнер. Не знам што да направам, не би имала дете, но не сакам ни тој да има неисполнета желба, но не сакам ни да родам дете само за да исполнам нечија желба.
Дали ти си му кажала дека не сакаш потомство? Вакви работи се кажуваат со време, оти, колку и да се сакате, ако имате различни желби и стремежи, не бива.
Разговарајте со време. Ова не е едноставно несогласување на некоја тема, клучно животно прашање е. Ако и тој е цврсто убеден дека сака деца исто како што ти си убедена дека не сакаш, не треба да сте заедно. Еден од вас ќе остане несреќен ако се земете.
Отворено нагласи му ,иста сум и јас не посакувам дете ,ама штом се сакате ќе посакаш дете можеби некогаш. Никако дете не раѓај туку така,детето треба да е сакано и почитувано
Ќе те остави на крај трудна со мисла дека ќе се премислиш, па ќе си кршиш глава по форумов што да правиш. Размисли, ако се разијдувате за вакви работи, поарно разијдете се целосно. Секој по свој пат. Нека си наоѓа некоја што ќе му раѓа.
Разговарајте. Не е фер тој да очекува да се предомислиш за вакво нешто, ниту пак е фер тој да биде ограбен од посакуваното искуство да биде татко. Јас мислам дека разделба е неизбежна. Освен ако не те доволно сака да жртвува такво нешто.
Епа добро, која ти е целта тогаш? Ќе го држиш во врска, ќе го фрустрираш и ќе чекаш да се предомисли? Тој истото тебе ќе ти го прави. И сега? Што сте постигнале?
Не те разбирам како не сакаш дете?! Тогаш зошто и ти си дошла на свет?! Ти не знаеш која благородност е да го носиш во стомак девет месеци, да го чувствуваш како клоца?! Секој нормален доколку е се како што треба сака да остави потомство позади себе. Жално за дечкото што му го трошиш времето.
Па нека си посвои он дете и нека си го чува у своја соба. Веќе кога упорно сакате да бидете заедно, тоа е компромисот.