Што кога треба да избереме помеѓу 2 сакани нешта

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lolipop23, 1 јули 2010.

  1. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.672
    Допаѓања:
    16.633
    Пол:
    Женски
    Сигурно на повеќето ви се случило ова. Тргнувајќи од најпрост пример кога треба да избереш помеѓу 2 работи кои ти се допаѓаат, а имаш пари само за едната, кога треба да избереш помеѓу 2 другарки, помеѓу другарка и дечко. Но што кога треба да избереш помеѓу твоите родители. Мојот проблем го имам цел живот, уште кога почнав да сфаќам и да разбирам што се случува околу мене. Ќе пробам накратко да ви опишам, инаку верувајте роман не би ми стигнал.
    Татко ми како млад бил многу добар човек, успешен во работата со многу планови и амбиции за животот и за семејството. Меѓутоа некои работи му излегле од колосек и почна од пред 10 години да пие. Иако има и генетски предиспозиции за нервна болест сепак алкохолот во најголем дел си ја заврши работата. Почнаа кавгите со мајка ми. На почетокот беше еднаш месечно или поретко за да денес премине во секојдневие. И тоа страшно. Ја малтретира повеќе психички отколку физички бидејќи ние со сестра ми не му дозволуваме, но и она вербалното е толку сурово што ни еден човек не би можел да издржи. Знам ќе речете зошто не се развела, ама мајка ми буквално нема каде да оди ако се разведе. Со месечна плата од едвај 7000 денари ќе нема пари ниту стан да си плаќа, а нема пак ни роднини кои би и излегле во пресрет, па така веќе 10 години се мачи од ден за ден. За лекување не може ни да му се зборува бидејќи тој ни самиот не признава дека е алкохоличар.
    Зборот ми беше друго. Во оваа приказна на средина сме јас и сестра ми. Нема да ви зборувам за детството бидејќи и сами можете да претпоставите какво можело да биде, ама ајде се заборава некако. Проблемите најголеми ми почнаа кога пред 3 години тргав на факултет (сестра ми од оваа година ќе тргне). Кажав дека мајка ми зема бедна плата, но затоа татко ми има убаво работно место, редовна и може да се каже солидна плата. Така да јасно е дека тој мора да ме издржува на факултет. Проблемот е сега ваков. Кога тој ќе почне да прави кавги и да ја малтретира мајка ми нормално дека ние ќе се заземеме за нејзина страна и ќе ја браниме. Наредниот ден тој не сака ни да чуе за нас. Ни вели јас не сум ви татко и по 3-4 месеци се случувало да не ни прозбори. Ниту пари ни дава, нејзе за школо мене за факултет ниту пак прашува дали сме добро и ни треба ли нешто. Се случувало да останам во Скопје со недели без скршен денар во мене и да не беше дечко ми кој ми е најголема подршка незнам како ќе издржев. Почнав да избегнувам да си доаѓам за викенд бидејќи знам каква е атмосферата дома напната, без ниедна насмевка без ниеден топол збор. Потоа ми снемува енергија и за учење, само тоа ми е во глава. Па ме фаќа жал за мајка ми посакувам да ја видам и пак си доаѓам. Од друга страна пак ме фаќа жал и за татко ми бидејќи е сам со никој не зборува, а го памтам како многу добар човек. Ми велат другите не се нервирај не заслужува, ама како бре да не се нервирам, душа ме боли. Сум пробала многупати да разговарам со него и се е во ред ама наредниот ден пак старата песна. Веќе душа однемав. Ве молам дајте ми некој совет како да се справам со оваа ситуација. Цело лето е пред мене, сега сум си дома, ме гуши целава ова атмосфера. Pleace ќе го ценам секое ваше мислење :* :*
     
  2. vivien

    vivien Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Znam deka ti e mnogu tesko da izberes, sepak i dvajcata ti se roditeli. Megjutoa tatko ti treba da ima malku svest za toa sto go pravi. Znam deka e tesko, no ednostavno mozes da go prijavis. :worried:
    Ako majka ti nema hrabrost da go napravi toa, ti kako postara od sestra ti napravi go toa. Taka ke se skratat vasite maki i otkako ke go prijavite, mozebi ke se soglasi da odi na lekuvanje, bidejki samata rece deka ne go prifakja faktot deka e alkoholicar. Mozebi malku ke go oddalecat od vas. No veruvaj, toa e podobro otkolku cel zivot vakov da ti bide.
    Za ovaa rabota, mozes samo ti samata da si odlucis, megjutoa ova e mojot sovet od tebe. :*
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.139
    Пол:
    Женски
    Единствен проблем му е алкохолот,би требало да разговара со стручно лице за тоа,затоа што од таму произлегуваат проблемите,треба да е свесен за тоа.Нормално дека ќе ја браниш мајка ти,но татко ти не треба така да се однесува спрема неа и спрема своите деца,да ја навредува итн.,веќе и самата кажуваш каков бил пред да почне да пие,а каков е кога пие,додека за развод,незнам тоа зависи од самата ситуација,како и од нив двајцата.Можеби би требало да разговараш со него повторно,кога е во свесна состојба,односно кога не пие,за да се реши проблемот.Меѓутоа не треба да се дозволи да се навредуваат меѓусебно,постојат две опции,да се разговара или развод,ако веќе е неиздржлива ситуацијата,незнам што повеќе да кажам,освен сето тоа што го напишав,сепак некако мора да се реши проблемот,не да се остави туку така,затоа што на сите ви е тешко.
     
  4. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    lolipop ti ja razbiram mnogu dobro makata i bolkata sto ja cuvstvuvas kako za majka ti taka za tatko ti ,pomalata sestra i ko posledna ostanuvas ti.kako postara tovarot najmnogu go nosis i cuvstvuvas ti . :( me rastazuvat site vakvi i polosi zivotni prikazni koii go budat i moeto bolno minato.no sto e tuka e .realnosta e toa kolku i da boli.morame da se naucime da se nosime so site svoi planini na grb.ponekogas za nekoi se pronaoga izlez i resenie za sekoj proizlezen problem no nekoi se zaboraveni i ne gi spasuva nieden nadlezen organ..jas bi ti rekla dokolku ste vo moznost da pokrenete postapka i da go lisite tatko vi od delovna sposobnost.bidejki se znae deka eden hronicen alkoholicar stanuva nesposoben pravilno da rasuduva a kamo li da vrsi nekakvi pravni dela.gi zagrozuva kako svoite taka i vasite prava i interesi..od takviot nacin na zivot ke ve dovede vo teska materjalna polozba...plus psihicko i fizicko maltertiranje...ne se svesni deka im treba lecenje bidejki se racunat za ok a alkoholot im predizvikuva i halucinacii,bladanje...
     
  5. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.611
    Навистина тешка ситуација.Јас би ти предложила да зборуваш со татко ти на темата алкохол.Кажи му дека многу го сакаш и многу ти значи и дека те боли што ја повредува мајка ти со зборовите кои и ги кажува.Кажи му дека треба да престане да пие и да обрне внимание на вас децата,зошто сепак сте негови деца и има обврска да се грижи за вас исто како што прави мајка ви со малата плата што ја зема.Мислам дека ќе те сфати :| Со среќа девојко и пиши што си направила
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.442
    Лолипоп, за жал немам некој конкретен совет, но немој да се чувствуваш како да избираш помеѓу своите родители. Правилно постапуваш што застануваш на страната на мајка ти, но тоа не значи дека си против татко ти. На тој начин сакаш да му помогнеш, да разбере дека не е во право. Само тој не разбира.

    Мислам дека не е лошо да се јавиш на некој од СОС телефоните, на пример за семејно насилство, поразговарај со некој од таму, ќе ти дадат совет, тие најдобро знаат што и како можеш да преземеш.

    Страшна работа е алкохолот. Имав еден пријател кој буквално го гледав пред свои очи како се уништува со алкохолот. Од многу ценет човек, изгуби речиси се. Но имаше некои сериозни здравствени проблеми, кои „го опаметија“ па престана да пие, но буквално мораше да избере помеѓу животот и алкохолот. Сега веќе неколку години е ок, и благодарение на пријателите кои ги имаше стекнато пред да пие, си ја поврати и положбата во општеството.
     
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.672
    Допаѓања:
    16.633
    Пол:
    Женски
    Ах девојки, фала на мислењата, ми значат многу. Работава е отидена до крајност, нема што да се прави, веќе никаков разговор не помага. За пријавување да не зборам, затоа што знам дека таму ништо нема да му направат, може ќе го држат месец дена и ќе го пуштат, а после верувајте ќе биде полошо. Ништо не може да го опамети, неговото се граничи со шизофренија. Знам ќе речете постојат посебни установи, сум размислувла и за тоа, ама работата е тоа што тој надвор од дома е да речеме нормален. На работа е шеф и е ценет за тоа што го работи. Сакам да кажам дека може да ги убеди сите дека е здрав. Проблемот не е во тоа да се пријави туку што да се прави потоа кога ќе се врати дома. Тоа нема да го подобри туку ќе стане полошо. Ќе биде лут и ќе сака да се одмазди.
    Верувајте ми немам повеќе сили и волја за ништо. И од факултетот би се откажала само да сум покрај мајка ми за да ја заштитам. Бидејќи таа е најдобра. Почнувам да се плашам од сопствените мисли. На момент помислувам како би било добро да го нема, па потоа ме гризе совеста. Се плашам од тоа дека почнав да го мразам сопствениот родител. Некогаш кога го гледам пак така осамен, ми паѓа толку тешко и се обидувам да му се приближам, а тој ме истерува. Ќе полудам.
    И самата ќе стигнам за на психијатар. Се почесто имам кошмари, како ме повредува мене или мајка ми. Неможам со никој да разговарам за ова. Дечко ми ме разбира, но неможе да помогне. Со другарките не зборувам на оваа тема бидејќи не сакам да ги разнесувам на секој проблемите. Чувствувам дека се задушувам. Живеам со страв дека нешто лошо може да ни се случи ;(
     
  8. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    1.677
    Јас единствено би ти рекла почни да поминуваш повеќе време надвор од дома, ако можеш најди си некоја привремена работа за летото, окупирај се со нешто друго бидејќи нема што друго да се направи ако татко ти не признава дека има проблеми со алкохолот ти не можеш да направиш ништо, за жал. истото така не се од помош ни надлежните органи. знам дека ти изгледа безизлезна ситуација ама мисли повеќе на тебе а не на родителите тие нема да живеат вечно така да не дозволувај да те уништат уште сега психички. почни да игнорираш, знам дека се грижиш за мајка ти нормално ама мислам дека таа за 10 години нашла начин да живее со тоа. Кога тие ке се караат тие излези прошетај, земи си чист воздух, се ке помине еден ден мисли само на тоа... и со среќа
     
  9. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    389
    Мила разбирам колку ти е тешко..Штом татко ти од никого не сака да слушне за помош од стручно лице за да се лечи од алкохолот, а веќе толку години поминале, не можеш ти да го промениш тоа за жал...Но биди храбра, гледај малку низ пошироки и посветли хоризонти. За финансиски средства-можеш и самата, еве лето е, најди некоја сезонска работа. Пробај да ги оттргнеш мислите од твоите. Излегувај, дружи се, не мисли на тоа, иако знам дека тоа ти изгледа невозможно. Немој да си се откажала од факултетот и да се жртвуваш за мајка ти! Знам дека и животот би го дала за неа, но размисли дека еден ден ќе имаш твои деца и тогаш тие ќе ти бидат на прво место, а не мајка ти. Се надевам дека еден ден ќе станеш успешна и ќе можеш да ја обезбедиш мајка ти...Ти посакувам да имаш совршена иднина, да ги покрие сите траги од твоето минато!
     
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.343
    Пол:
    Женски
    Лолипоп гледам дека и покрај тие проблеми што ги имаш ти си свесна за тоа што е и најважно.
    Можам само да ти кажам дека си храбра , според тоа што го прочитав и треба таква да останеш и секогаш да размислуваш со оптимизам.
    Јас не би можела да бирам еден од родителите оти тоа ми е исто како да си бирам помеѓу 2 прста од раката , а сите ми се еднакво драги.
    Односно знам дека татко ти каков и да е ти го сакаш иако не сакаш тој да е таков тој ти е татко. Ти најмногу од се сакаш тој да не пие за да се избегнат проблемите.Значи проблемот е до него, не до тебе или до мајка ти.Кога викаш дека е шеф и дека има убаво работно место, како си го зачувал кога има проблеми со алкохол?Ако се појавил пијан на работа ќе го торелираат или? Се зависи од татко ти, мора да има причина што тој почнал да пие , мислам дека нему му треба разговор , некој да го сослуша и посоветува, најважно треба да биде свесен за состојбата, па после со разговор да прифати да се лекува и треба да му бидеш најголема подршка.
    Не би ти препорачала да се откажеш од факултетот ако имаш можност да се школуваш.
    Сепак ти си знаеш и треба за оваа ситуација да се донесе мудра одлука.
    Немам со ова ич искуство, но ова е само мое мислење. Нешто помогнав или?
     
  11. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    993
    Допаѓања:
    496
    Стварно ми е жал Лолипоп за ситуацијата во која се наоѓаш. Големо :clap: што си совесна и разумна девојка која се обидува да најде решение за проблемот. Стварно не знам како би ти помогнала, меѓутоа знам дека е добро што си застанала на страната на мајка ти, таа сепак најмногу страда и како што кажа Ариел пробај јави се на СОС телефонот, сепак не си единствена со ваков проблем има и други семејства кои верувам побарале и добиле помош, зошто алкохолизмот е болест на зависност и за да се излечи е потребно стручно лице. Од друга страна, кога татко ти нема да биде под дејство на алкохол и кога ќе дозволи ситуацијата пробај пак да поразговараш со него за проблемот, кажи му отворено дека го сакаш оној татко на кој се сеќаваш,угледен и успешен човек и за тоа дека воопшто не е срамота да се побара помош, дека ќе го поддржувате цело време и ќе бидете покрај него, сите, целото семејство. И немој да се откажуваш од факултетот, знам тешко ќе ви биде да ја оставите мајка ви сама меѓутоа се надевам дека до тогаш работите ќе се променат на подобро и ќе се врати спокојството и хармонијата во вашиот дом. Ти ја посакувам сета среќа на светот :)
     
  12. Loly5

    Loly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    5
    Lolipop23 и јас имав одамна сличен проблем на твојот не беше поврзан директно со моите туку со други блиски луѓе во моето секојдневие. Ако тргнеш од фактот дека татко ти може да се контролира на работа и да е различен од тоа што е тој дома, сигурно има причина нели? Стравот од фактот да не ја изгуби работата како и стравот од многу други нешта поставуваат бариери во нас луѓето. Од мое искуство еве еден совет за тебе: Кога ќе наидеш на момент да е во добро расположение и што повеќе трезен, разговарајте во четири очи и кажи му како се чувствуваш, кажи му колку ти недостига тоа што бил тој пред многу години и како едвај издржуваш егзистенцијално на факултет и плус со психички проблеми. Биди многу искрена за се и многу груба во описот за да го доведеш во состојба каде нема да има изговор за тоа што го прави и ќе го заболи до тој степен што нема да сака повеќе да се самоуништува. Знам дека е претешко да кажеш за твоите вистински чувства но верувај ми тоа едиствениот начин за свеста и совеста да дојдат до израз.
    Во мојот проблем со човекот со кој имав проблеми поради алкохолот, само овој начин успеа па се надевам ќе собереш доволно сила за да го направиш ова и не заборавај - колку повеќе ги одложуваме работите проблемот станува се посериозен. Гледај го секој твој чекор и постапка како потенцијална можност за подобра иднина.
    Поздрав и само напред се надевам дека ќе успееш и верувам во тоа!
     
  13. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    371
    Никогаш не помислив дека ќе се најдам во ваква ситуација :(

    Се случија и премногу работи изминатиов период. Предолго е за раскажување, затоа ќе ја скратам приказната - наеднаш неговите се свртеа против мене, а моите против него
    всушност и не беше така одеднаш, бидејќи се случија доста непријатни работи

    Целата работа се состои во тоа што неговите сега не ни знаат дека тој продолжи да се гледа со мене, а тоа во никој случај не го очекував од него, додека моите иако знаат дека се гледам со него, ми велат колку што можам побрзо да го прекинам тоа. Колку е безвеза кога ќе се вмешаат семејствата. И сега?? Не е фер да го одделувам од неговото семејство. Несакам да ги разочарам моите. Премногу работи се случија. Знам дека сум на крстопат и морам да изберам. Но што?

    И што ако после се покаам? Што е вистинското?

    Тој е мојата прва љубов, заедно поминавме низ секакви моменти, но сега ова?
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.458
    Прво прашање кое треба да си го поставиш е дали воопшто врската ви вреди? Односно дали вреди ти да си ги ставиш родителите на страна поради него.

    Јас не мислам дека семејството е поважно. Ги ставам на исто рамниште, затоа што нели мојата среќа наводно треба да е и нивна.
    Но од друга страна до сега за мене, мајка ми барем ништо не утнала. Што кажала, тоа се исполнило. Сепак, јас имам само 17 години.

    Ти, ти не ни можеш да го оддалечиш од неговото семејство, ниту имаш право за истото да бидеме реални. Нема што да мешаш прсти кај што не ти е работа.
    А ако се покаеш, се покаеш. Не може секоја одлука во животот да се сведе на перфекционизам. Некогаш мора да погрешиш и наводно да добиеш поука, ако ништо друго.

    И да, што ако е прва љубов? После прва љубов, следува втора, трета и така натаму. Не можеш одлуката да ја сведеш на тоа прв ми е.
     
  15. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    53
    душичке пробај да разговараш и да ја најдеш причината поради која семејствата ваши ви се мешаат.Немаат право да го прават тоа без разлика што е причината.Прилично е тешко да избереш меѓу овие две но немаш ни потреба .
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.176
    Допаѓања:
    16.572
    Пол:
    Женски
    Кога станува збор за две нешта кои може да се купат со пари, постојат две решенија:
    1. ако можеш, земи ги и двете,
    2. ако не си во можност да ги имаш и двете а се подеднакво сакани, поарно да не земеш ниту една од нив и да се одлучиш за алтернатива.


    Кога станува збор за луѓе или луѓе наспроти кариера и сл, мое мислење е дека тој што навистина те сака не би те ставил во таа тешка позиција да мораш да одбираш, туку ќе те посоветува да постапиш онака како што мислиш дека би требало да постапиш, онака како би те усреќило. Мислам, пример зашто другарките, кариерата, родителите и саканиот да не одат заедно? Тие што не тераат да одбираме се најчесто премногу себични личности кои не ни се потребни во животот.
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.910
    Допаѓања:
    4.122
    Најчесто и реално во животот немаме избор туку ни се наметнува изборот (воопшто). Кога би бирала помеѓу 2 нешта кои ми се сакани, изборот би секогаш бил на тоа што ми е побитно (лично за мене).
     
  18. Candy20

    Candy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    65
    Зимоска моите родители имаа криза и беа на работ за да се разведат. Само јас знам кои трауми ги влечев со мене, сакав да одам на факултет за да малце се отргнам од таа напната ситуација дома, но и таму ми ѕвонеа сите тие караници и непотребни кажани зборови. Најтешко е да одбереш еден од двајцата родители ...И двајцата ти викаат дека ќе ја почитуваат твојата одлука, ама секој всушност те сака крај себе...