1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога ќе го видам после толку време?

Дискусија во 'Разделби' започната од lovelygirl1, 24 декември 2012.

  1. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    8
    Девојки,
    пред долго време запознав еден дечко додека бев на одмор во Шпанија. Тој живее во друга држава... се вклопија сите работи и излезе за празниците јас да одам во неговиот град. До пред некое време контактиравме почесто, но сега тој има женска. Јас му кажав дека ќе одам таму и ако има време да се видиме онака...
    Збунета сум многу, не знам што да правам...
    Се плашам што ќе се случи, како ќе изреагира, не можам да поднесам да се разочарам, многу веројатно е ова да биде последен пат што ќе го видам во мојот живот... а јас такви работи тешко поднесувам.
    Се плашам да не се појави со женска му...
    Знам дека во врска не се меша, но знаејќи колку ми значи и колку од тогаш не можам да престанам да мислам на него и дека само уште еднаш ќе го видам... не ми е важно ништо друго и никакви правила.
    Не знам како да се однесувам кога ќе го видам. Немам време за никакви игри и глупости да се правам како да ми е сеедно што го гледам затоа што ќе бидам таму само 3 дена. Постојано мислам на него и плачам. Не сум доволно силна веќе да поднесам ако се случе нешто непосакувано...
    Ве молам помогнете ми, дајте ми совет. ;(
     
    На Ramboto.9 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ramboto.9

    Ramboto.9 Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Мислам дека треба да му признаеш се што чуствуваш спрема него и така ќе ти олесни...Или пак пишувај си дневник..ми се има и мене случено да се заљубам но тој доаѓаше во нашиот крај од Америка Ттаму си имаше женска многу го сакав и не сакав да се разделиме бевме премногу билски како пријатели дури и кога седевме една вецер забележавме како една звезда падна ...сеуште ме боли нешто во гради кога ќе се сетам на тааа вечер тој кога си змина јас една недела си немав станато од кревед не се купав не јадев само така си лежев и мислев на него но сепак мама ми купи една сина тетратка и ми рече:
    -Ако не сакаш да зборуваш напиши нека ти олесне
    после неколку часа почнав да пишувам и ден по ден како што пишував ми олеснуваше ...сепак тој стана минато и кога ќе дојде после неколку години ќе бидеме како странци а јас се надевам дека и тоа ќе го надминам
     
  3. lovely90

    lovely90 Активен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    И јас се согласувам со претходниот коментар. Мислам дека подобро е да му признаеш барем да знаеш за во иднина да не си се надеваш ако недај боже нешто тргне на лошо, да си почнеш нов живот без него. Ништо неможеш да изгубиш, а можеш многу да добиеш. :)
     
  4. slobodnacura

    slobodnacura Нов член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    14
    мм, нешо слично имам како искуство... Јас мислам да не се внесуваш толку, биди свесна за реалноста, дека вие имавте нешо додека имавте и додека имаше услови за тоа. Тоа останува како еден прекрасен спомен, кој секогаш во животот ќе ти дава некоја позитивна енергија кога ќе се сетиш на тоа што си доживеала. Значи вие сте далеку, и неможиш толку мн да се внесуваш и посветуваш, продолжи со животот, запознавај си нови дечиња, дружи се и не биди затворена пред својата среќа. Како што има женска тој, така и ти сфати дека треба да си живејш тука без него. Ако е пишано и ако треба да сте заедно, еден ден коцките пак ќе се наредат и ќе бидите together. Тоа што ти останува е да одржуваш пред се еден пријателски контакт, затоа што ако го напниш со нешто повеќе можи да се оддалечи од тебе неможеш да знаеш. Биди си фина културна, и кажи му дека го почитуваш, дека си имала прекрасно поминато време со него и дека секогаш ќе се сеќаваш на тоа, доволно е.
    Не се замарај со тоа што би било ако би било, ако ти претстои наредна средба, само оди, па после неа ќе знаеш што е и како е :)
     
    На lovelygirl1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Stylesh

    Stylesh Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да бидеш искрена спрема него, од каде знаеш?
    -Можеби и тој го чувствува тоа спрема тебе... Но, ако не го чувствува тоа, сепак белки ќе може да си останите пријатели... Иако не верувам дека откако ќе му го кажиш тоа ќе сака да останете пријатели... Но, сепак ако не пробаш, секогаш ќе се прашуваш дали имало МАЛИ шанси да бидите заедно, дали имало МАЛИ шанси да те сака, дали те сакал и други вакви работи...
    Јас мислам дека ти треба да ризикуваш... СО СРЕЌА, се надевам дека помогнав...:) Се најдобро...:)
     
    На lovelygirl1 му/ѝ се допаѓа ова.