1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога ќе останете без работа?

Дискусија во 'Барање работа' започната од RainBow, 29 септември 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.788
    Допаѓања:
    65.497
    Пол:
    Женски
    Јас минатиот пат се затворив дома, не мрдав нигде, западнав во, да речам, блага депресија. Дури кога најдов работа почнав да се размрдувам и да излегувам. Многу тешко ми паѓаат овие периоди, енергична личност сум и ми треба да имам обврски. Поготово ме нервира и сожалувањето од другите луѓе, Уште не најде работа? Душичка... |( Или пак, па има работа, не знам што така не можеш да најдеш...И сл. ситуации.
    Како вие се справувате со овие периоди? или можеби уживате во добиената слобода и конечно малку одмор? :)
     
    На okcenzi и Saraa им се допаѓа ова.
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Уживам на почеток, обично 2-3 недели после напуштање на работното место, после тоа не е препорачливо да си во моја близина... :| Депресивна сум, се чуствувам лошо, ми фалат пари а мразам ако не можам да си дозволам и најобични работи на кои сум навикната...за среќа барем досега за брзо време сум наоѓала нова работа, инаку, лошо...
     
  3. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    На почетокот си ветувам дека ќе се одморам-ама по 2-3 недели почнува да не ме фака место. Следната фаза е мрза и глумење домаќинка. Излегување-строго контролирано-парите брзо бегаат. Јавување по познаници и пријатели од струката. Квантитет наместо квалитет-Разговори и интервјуа каде велат нема проблем-почни веднаш, ама за мала плата или волонтерски :^) .
    А пуста гордост и амбиција-не бе јас можам и подобро!
    И кога ќе најдам несто ок-трема и страв-леле како ќе се снајдам. Ама искуството си го прави своето-еден месец и влегуваш во шема.
    И пак истото-еј што ми беше убаво кога јас спиев, а другите одеа на работа.Како па да не!
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.788
    Допаѓања:
    65.497
    Пол:
    Женски
    Да, кога ќе се најде нова работа, подобро се гледа на периодот кога си се излежавал и ех што било убаво тогаш :D Ама работа си е работа, те покренува, имаш чувство како да правиш нешто во животот. Затоа ги мразам периодите на неработење :doh:
     
    На veronikaveronika, Trendafilka и lovely91 им се допаѓа ова.
  5. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Работам со договор и имам уште 3 месеци. Мислам дека ке бидам тотално изгубена(работам во странство моментално) и баш како што кажа реинбоу во блага депресија, но сепак мора пак да се бара нешто.
     
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Сега сум на породилно а се осеќам како да сум без работа, т.е дека не сум вработена.
    Пред породилново имав боледување, лежење дома 8 месеци, и многу ми се собра се на се.
    Ме утепува психа, се чувствувам отупавеено, поглупавено, десоцијализирано(така ли е изразот не знам :D ), се чувствувам како вистинска плавуша.

    Туку да се навратам на темава, кога останав без работа прв пат, исто како и сите, се радував на слободното време, а потоа кукав за пари, па со тешко срце барав од моите :D
     
  7. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Аххх....јас моментално сум во ваква ситуација ,останав без работа :( Првите две недели кога останав без работа беа интересни ,затоа што шеташ уживаш во слободата ,спиеш до кога сакаш и колку сакаш...ама сега како поминува времево незнам веќе што да правам ,умирам од досада дома ,а да не зборам за тоа дека очајно ми фалаааат парички и се нервирам кога неможам да си дозволам да си купам нешто :( Искрено се надевам дека ќе успеам во брзо време да си најдам работа и ќе се опраам малце од малце :)
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    Се радуваш на слободното време и во првите две недели спиеш до пладне, ќе се изнавидиш со сите за кои претходно си немал време, дотрошуваш тоа што ти останало од платата, и си викаш - па не е така лошо.

    Кога снемуваш пари, веќе започнуваат нервозите, фрустрациите и депресијата.
    Плус, сфаќаш дека имаш тон слободно време, а немаш работа.

    Во меѓувреме, одам на зумба, изработувам некој чукнат накит, чачкам нешто албански, совладувам фотошоп, гледам милион серии и си го усовршувам англискиот, читам книги,
    барам работа и ги мразам сите околу мене.

    Не, не сите, најмногу такозваните пријатели и лажговци кои знам дека може да ми излезат во пресрет и да ми помогнат сега кога ми е најпотребно, но нема врска, ја усовршувам кореографијата на
    What goes around, comes around...
    Или по нашки -
    ќе дојде маче на колаче...
     
    На lucia22, sleepingbeauty, Anacid и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    На почеток се чувствувам релаксирано ослободена од обврски и време колку сакас за себе и за се се друго што претходно си немал време. Меѓутоа после две три недели или максимум еден месец ме фаќа нервоза, ме окупира депресијата прво со сум дома што немам обврски а второ што немам пари да си ги подмирам моите барања на кои сум навикната...
     
  10. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Зависи од причината. Еднаш кога останав без работа, едноставно немаше што да работам, и така, си чекав, а и не трошев многу, не излегував, ама сепак некако се чуствував како да вредам помалку... бидејќи не придонесував дома, како вишок се чуствував... А и си бев навикната, ако требаа пари, си имав, не требаше да барам, а мразам да барам пари.
    Е сега, другата причина, кога ме отпуштија :tmi: , ми беше многу тешко првиот ден... мислам дека цел ден не зборев со никого... само се мислев-што ќе правам сега...?
    Знаев дека ме чекаат испити, па си почнав цел ден да го минувам во учење, и да, ми беше многу мило што имав време за се. :) Можев откако ќе учев, можев ноќе да излезам, или едноставно да се опуштам дома, да гледам некој филм, што знам... Кога видов колку многу постигнав со тоа што имав повеќе слободно време, и кога видов колку поопуштена сум, немав стресови, не се брзав, станав и зависна од работа, цело време се брзав, бев нервозна, секогаш под стрес, и тоа го исфрлав по моите дома, дури и тие почнаа да се загрижат... по едно време заклучив дека тоа беше најдоброто што можеше да ми се случи... :)
     
    На lucia22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Само еднаш го доживеав тоа чувство. Тазе вратена од 9 месечно породилно боледување и типот кој беше нискоинтелегентен ми рече дека нема место за мене затоа што претходната која ме менуваше добро ја совладала работата во кафана :^) . Си излегов со високо крената глава, мала нервоза бидејќи знаев дека ќе најдам друга работа. Дремејќи по дома и набивајќи си нервоза случајно здогледав еден оглас и се јавив. Ми беше закажано интервју и се склопија коцките и ја добив работата.
    Немав некоја голема потреба од пари тогаш зашто мажот ми добро заработуваше а работеше надвор од Мк. колку што мене ми требаше социјализација, контакти, да излезам од таа куќа, да ја разбијам монотонијата по дома од чување на бебе (наполни 10 мес.) и се организирано под саат.
     
  12. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.242
    А што кога ќе поминат 18 месеци по завршување на факултет кој чинел преку 35к во странство, и сеуште не можеш да најдеш работа ни за мочани, моооччаании 12,000 денари? Македонштината како да се плаши од тебе, како да си мислат којзнае кое однесување и очекувања ќе ги донесам во фирмата, а кој ли е овој бе, абе не ни требаат такви, дај некое НАШЕ дете.
    Кога ќе почне да ти гние секоја амбиција дека можеби ќе ги оправдаш погледите вперени кон тебе од сите страни? Очекувањата на луѓето што дале се што имале со надеж дека ти можеби еден ден ќе излезеш и од државата, и нема да ти биде луксуз да пиеш кафе во центарот на градот?
    А кога ќе почнеш да ја губиш визијата за себе како успешен деловен човек, и психички се спушташ на абе да кажам јас фала ако можам да платам кирија, и освен ако не ме уништат за струјава, белким ќе имам 130 денари за храна на ден. А интернет? Што беше тоа?

    За мене, тоа е депресија, и моменталната ситуација.
     
    На De-lovely, girl.23, enca.69 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    јас незнам какво е чувство кога ке се остане без работа, зато шо не сум имала шанса за тоа, ама верувајте толку многу сум разочарана, а не само некоја депресија се чувствувам како некој паразит, некако безвредна... секој ден исто само си стојам во место :(
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Сум променила неколку работни места од кои на едно се задржав малку повеќе од 3 год. на други две - по 2 год. и на последното 1 год. и 3 месеци, имаше и некои пократки нив не ги ни земам во предвид моментално ги сврстувам во хонорарни приходи :lol: . Воглавно сум наоѓала за брзо време ново вработување и сум го прескокнала периодот на очајувањето и подлабоката депресија, барем досега.

    Моментално имам „ангажмани„ период е на берба на нива и плус се прават на големо зимници, па така не сум се почувствувала досега некорисно и безработно, плус ќе примам некој период и финансиски надоместок од Биро па нема да сум ни сосема без пари. Макар што ги следам секојдневно сите берзи на трудот и локални огласи.

    Мене ме мачи тоа дали некогаш воопшто ќе најдам работа која ме исполнува, знам дека нема идеал во ништо па ни професионално, само предолго време поминав заробена во професии кои не се ни најмалку креативни и инспиративни, ај што повеќето и немаа допирни точки со струка ќе соџвакам некако, ама и со огромни проблеми поврзани со неспособноста на повеќето од надредените, злобата без граници на одредени колеги, ниска плата и немање право на годишен одмор, мислам дека не е потребно да набројувам повеќе причини. Ја знам многу убаво оваа страна на медалјата кога одењето на работа се претвара во секојдневен кошмар, кога чиниш дека зад себе оставаш траги од кочење како оние од автомобилските гуми слични, кога ти се чини дека нозете ти се по еден тон секоја кога влегуваш во воената зона каде мирот е привиден и чиниш дека ѕидовите се стеснуваат околу тебе - ова е искуството на стекнување одбивност кон работното место и меѓу ова сценарио и невработеноста изборот е од 2 зла кое е поголемото :| .

    Размислувам и за опција странство, само што фактот за веројатноста од непризнавањето на факултетот пак ме носи на дното на професионалната скала или кон не баш посакуваните позиции. Врти-сучи во секој случај преголеми ограничувања се тоа и надежта ми испарува како беше песната ко капка лош парфем :worried: .
     
    На Masnickaaa, zhap4e и lolyta777 им се допаѓа ова.
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Кога останав јас без работа паднав во депресија. Не очекував дека договорот нема да ми го продолжат и буквално бев лупната од земја. Најмалку пак не очекував дека нема да најдам работа....седев дома, имав вишок слободно време, само чистев колку да не ми биде здодевно, се гушев....
    Секој ден листав огласи, конкурирав и каде што треба и каде што не треба :lol: , секаде само за да најдам работа и да избегам од монотонијата, здодевноста, ми се чинеше дека отупувам и оглупавувам.
    Потоа изгубив надеж, се откажав....кренав раце и се помирив, си реков-тоа е, нема работа, џабе дипломи,џабе.....
    Сега работам, имам многу малку слободно време, ама пак сум на договор....тоа е...се ла ви :)
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.771
    Допаѓања:
    131.072
    За среќа само еднаш останав без работа, ама за несреќа периодот не можеше да биде полош - кога се породив со второто дете. Не очекував, требаше да ми го продолжат договорот, ама измислија некоја административна пречка, а јас два месеци живеев во заблуда дека ќе се продолжи, само се чека некој потпис, за после два месеци да сфатам дека јас всушност два месеци сум без работа. Да биде бељата поголема, сигурна бев дека ќе ми го продолжат договорот, па земавме и втор кредит - еден веќе имавме, и така се најдовме дома со бебе, дете од 2 години, два кредита и една плата.
    Страшно!

    Да биде уште пострашно јас и не можев веднаш да најдам работа, т.е. не ни можев да барам, бидејќи бебето беше многу мало. Финансиски издржавме само затоа што родителите ни помогнаа. Се трудев да уживам во периодот, бидејќи имав бебе, имав и неколку пријателки што имаа бебиња, времето беше убаво и доста шетавме. Сепак, секој ден ме тиштеше помислата дека немам работа, а уште повеќе дека бев изиграна.

    Се надевав дека ќе продолжам на истото место, па се трудев помалку да се нервирам. Аплицирав на 10-тина места и никој воопшто не ме викна на интервју, а за моја среќа подоцна се вратив на старото место. Пак го отворија истото место, и пак го добив јас. Среќа што имав обврски со децата, инаку не сум навикната без работа, и не знам како би издржала период без никакви обврски.

    Таму каде што работам, многу често се случува да има промена во називот на работно место, и многу често местата се даваат на оглас, и повторно аплицираш, одиш на интервју, тестирање и не знам уште што. Тоа се случува на година - две, и секој пат со месеци ме мачи помислата дали ќе биде, и што ако не биде. Лани здравје ќе изгубев, а кога ќе ми текне на следното лето, уште од сега душата ми е стегната.
     
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Кога??Тоа мое кога трае веќе 6 години,бев на безброј интревјуа,тестирања,ама ако си немаш некој твој да те поттурне ништо од бизнисот.А тешко ми е навистина,не се седи дома,куќава безброј пати се исчисти и пак се извалка..на старите комшивки им ги знам маките и која од кој болест пати,редовен мерач сум на притисок,јас ја завршувам и машката работа со објаснување нели па дома сум можам...свекрва ми само фрла пари за белешки, моето е да стојам во редови,мајка ми исто така...испаѓа како без мене не можат да функционираат,а знам дека не е така.Ми фалат пари ми фали социјализација,ми фали потреба од навистина корисна обврска.МИ ФАЛИ РАБОТА!!!!!!
     
    На eutixismena му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
    Веќе 5 месеци сум без работа. И јас првите неколку недели се чувствувам полесно без обврски се одморив, ама сега сум за никаде, пари се помалку а листата на потребни работи се подолга. Барав на неколку места, од 2 сеуште чекам одговор и се повеќе очајувам. А да ми биде уште полошо и дечкото почна да ме притиска: не сум барала работа башка од струката, не сум сакала да се понижам да работам нешто друго и ред други работи. Премногу сум очајна незнам до кај ќе тера вака работава.
     
  19. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
  20. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    2.746
    Јас останав без работа пред 3 дена, едноставно им текна и ни ја затворија фирмата...сите останавме без работа...ах,до кога вака? Преку глава ми е веке од барање работа и од работење по неколку месеци.Станувам очајна,ме фака депресија и што е најлошо немам енергија за прелистување огласи,за одење на разговори,за вртење милион броеви...ужасно е кога ке се остане без работа ;(