Што мислите за Philips Lumea? Споделете го вашето искуство, коментирајте, прашувајте и освојте Lumea

Дискусија во 'Тело' започната од Philips, 10 ноември 2017.

  1. Philips

    Philips Активен член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    20
    Иако летото е зад нас, потребата за отстранување на несаканите влакна е сè сезонско прашање. Постојат различни методи, депилација со восок, бричење, ласерска депилација. Што мислите за отстранување на влакната со фотоепилаторот Philips Lumea? Ја имате? Планирате да ја купите?
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Skorpija989

    Skorpija989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    2.445
    Пол:
    Женски
    Доста читав за фотоепилаторор и во план сум да го купам, ми изгледа на многу практичен производ.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  3. irena.1

    irena.1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    3.091
    Допаѓања:
    14.317
    Пол:
    Женски
    Јас сум човек што цел живот дома сама се депилирам. Никогаш не сум била во салон. Кога излезе фотоепилаторот, баш го разгледував, ми се виде како супер за дома сама да ја завршам работата и да сум раат подолго време, посебно сега со две мали деца. Само цената ме одврати :D во моментов не ни е приоритетна потрба па да го ставам во домашниот буџет.:(
     
    На Oneo, Arthur, Jas! и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Matotheja

    Matotheja Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    6.190
    Пол:
    Женски
    Велат дијамантите се најдобриот пријател на девојките, но тоа го велат оние кои не чуле за Philips Lumea.
     
    На Irena02 и Justicija им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    11.754
    Допаѓања:
    52.564
    Пол:
    Женски
    И јас ретко практикувам депилација по салони затоа што имам многу нежна кожа и депилирање со восок едноставно не ми одговара. Потоа мака мачам со справувањето со иритациите кои ми се јавуваат од тегнењето на лентите и дури се опорави кожата, сфаќам дека пак дошло време за наредно депилирање. :)

    Се депилирам со депилатор на Филипс веќе неколку години по ред и влакната ми се многу проретчени, меѓутоа Лумеа отсекогаш ми бил „трн во око“.
    Не знам дали би го купила фотоепилаторот, малку сум скептична поради тоа што имам светла кожа и доста бемки, па не знам дали и колку би бил безбедна опција.
    Ова со бемките ме одвраќа од мисла да го купам, инаку навистина е инвестиција за цел живот, ама сепак не сум прочитала искуство од некој со сличен тип на кожа како мојот, или од дерматолози и стручњаци од оваа област за да можам да „пресечам“ со финална одлука.
     
    На Jas!, do-re-mi и Justicija им се допаѓа ова.
  6. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    23.130
    А колку пари е?
     
  7. Justicija

    Justicija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    1.486
    Допаѓања:
    4.230
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не се имам депилирано во козметички салон , бидејки би ми одземало многу време тоа, затоа практикувам дома самата да се депилирам :) Апсолутно планирам во иднина да го купам , баш си собирам и парички :)
     
    На Irena02 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    11.754
    Допаѓања:
    52.564
    Пол:
    Женски
    Кај нас цените се движат од 250е нагоре. Мислам дека има два модела - едниот 250е, другиот околу 500е. :)
     
    На orhideea му/ѝ се допаѓа ова.
  9. БициПет

    БициПет Нов член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Читам дека повеќето сме “иста крвна група" :) Имам чувствителна кожа и најмногу поради хигиенски причини, не одам во салон и се депилирам дома со ленти -ладен восок. За Лумеа читав reviews речиси цела година и тешко ми беше да се одлучам, искрено не ми се даваа толку пари за да експеримент. Ме убеди другарка која веќе го користеше повеќе од два месеца и со свои очи го видов резултатот. Без размислување буквално истрчав и го купив. Ефектот и резултатите се неверојатни особено после третиот третман. Проверено, нема да згрешите :)
     
    На Arthur и Irena02 им се допаѓа ова.
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    2.875
    Допаѓања:
    80.700
    Јас да прашам дали ќе има поклони на темава :tmi:
    :rofl:

    Друго немам што да прашам. @zhap4e ја гњавев да ми го прераскаже своето искуство. Барам безболен начин за пролепшавање на мојата лепотичка, МиуМиу. До сега се беше безуспешно. Во салон при депилација со восок вришти, пишти. Дома, не сака ни да проба со топол восок. Игра бричот.
    За жал.

    Во недостиг на :cash:, би ме израдувал ваков поклон. :*:
     
    На Oneo, Jane.Birkin, Lilit и 7 други им се допаѓа ова.
  11. India

    India Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    11.555
    Пол:
    Женски
    Океј, и јас сакав да го купам но тука во Швајцарија продавачот објасни дека има ефект, но дека штетните последици од тој ласер не се воопшто познати, а кај нас советуваат 100 % безбеден е.
     
    На Baby-bubu, sanjaeva, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Irena02

    Irena02 Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам Philips Lumea и сум презадоволна.Го користам повеќе од 6 месеци и влакната се 90% исчезнати.Кога зборувам за влакна мислам и на поткожните.Најповеќе ми се допаѓа тоа што е безболен отстранувач на влакна,безбеден за користење.
    Philips Lumea е најдоброто нешто за секоја жена <3
     
    На Arthur, Zaneta27 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Irena02

    Irena02 Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Штетни последици нема единствено треба да внимавате да не се користи на сончана и иритирана кожа.
     
    На Zaneta27 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    2.644
    Прашањето ми е следно: за ич пари кај го давате? :lol: Една комшика го имаше и се фалеше, цената ми е многу инаку убава работа е. Јас имам проблем со влакна на лицето. После депилација е црвено, со брич не иде... Размислував неколку пати да соберам пари и да си го земам.
     
    На Irena02 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Irena02

    Irena02 Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Го имав истиот проблем пред да ја имам Phillips Lumea но сега заборавив како е да имаш црвенило на лицето после депилација.100% ти гарантирам дека ова е измислен производ за сите несакани влакна вклучувајќи ги и поткожните
     
    На Zaneta27 и Antebellum им се допаѓа ова.
  16. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    2.644
    Убава ти е рекламава, ама мене парите ми се многу. Ќе потрпам уште некое време и кога ќе и падне цената (читај: АКО и падне!!!) ќе си ја земам. Верувам кај сите е сличен проблем не дека не треба... Повеќе од потребна е.
     
    На *Amethyst*, Nausicaa, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Irena02

    Irena02 Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Кога се во прашање парите да за наш стандард се многу ,ама ако подразмислиме по колку пари даваме месечно за депилација....а Phillips Lumea се купува еднаш и трае засекогаш.
     
  18. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    2.644
    Не трае засекогаш има одредено колку пати може да се користи... Му идеше околу 3-4 години. Имаше една претходна тема ѕирни ја.
     
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    2.875
    Допаѓања:
    80.700
    Ако за 6м. се изчезнати 90% од валканата, значи за нула време нема да ти треба :mm:
    СДК ич не е важно тоа засекогаш :D
     
  20. LanaSGirl

    LanaSGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    576
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ми е потребна :D
     
    На Irena02 му/ѝ се допаѓа ова.