1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што мислите за Philips Lumea? Споделете го вашето искуство, коментирајте, прашувајте...

Дискусија во 'Тело' започната од Philips, 10 ноември 2017.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.629
    Допаѓања:
    152.253
    која е разликата од тој модел од 250 е и од тој а од 500е ?
    во пто му е разликата
     
  2. Philips

    Philips Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    35
    Драга @ALISA0000,

    Генерално, IPL технологијата е иста за двата модели на Lumea. Но, постојат неколку разлики помеѓу двата модели:
    1. Lumea Prestige може да работи со кабел и безжично, додека Lumea Advanced работи само со кабел.
    2. Lumea Advanced е наменета за делови од телото, но нема додатоци за третман на лице, додека Lumea Prestige има прецизни додатоци со кои може да се третираат различни делови од телото и лицето поефективно затоа што обезбедуваат подобар контакт со кожата. Добриот контакт со кожата е важен за ни еден дел од импулсот да не се изгуби при зрачењето и за сета светлина да се апсорбира во корените на влакненцата.
    3. Lumea Prestige го има режимот Slide&Flash кој ви овозможува процедурата да оди побрзо затоа што вие само ја придвижувате Lumea по вашата кожа (погледнете го видеото како да ја користите Lumea ).
    4. Lumea Prestige има сензор Smart Skin кој Lumea Advanced го нема. Smart Skin сензорот ве советува кое подесување на јачина е најдобро за вашата боја на кожа. Моделите на Lumea кои немаат smart сензор може да се користат со претходно пробување на Lumea подесена на различни јачини на дел од вашата рака почнувајќи од подесувањето на јачина 1. Ако не почувствувате болка или дискомфорт, подесете ја јачината на 2 и пробајте повторно и така натака. Ако при одредена јачина почувствувате дискомфорт, вратете се на претходното ниво на јачина и користете ја Lumea со такво подесување.

    За повеќе информации може да ја посетите нашата веб страна http://www.lumea.philips.com.mk


    Имајте убав ден!

    Тимот на Philips.
     
    На victoria и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  3. Самурајка

    Самурајка Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво. Се зачленувам во форумов само заради лумеа. Веќе подолго време имам проблеми со влакна, и свашта имам користено и ми се прават и мн поткожни и ме интересираат вашите впечатоци и дали вреди за Парите. Инаку, не се препорачувало за интима бидејќи можеле да се оштетат јајце клетките (на една типка во Америка каде што правела трајна епилација така и кажале).
     
  4. mariavlads

    mariavlads Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Женски кога го читам форумов како себеси да се читам пред една година

    Мене кожата ми е пресветла, а влакната темни. Кога ги бричев, ми се чини се враќаа со ×3 густина и затоа цело време одев на депилација, и тоа со шеќерна паста, божем помалку враснати да имам. Секој месец по 1200ден, плус креми којзнае какви затоа што имам и атопичен дерматит. И пак враснати влакна, и пак лузни и криење на плажа.

    Си ја земав Lumea лани ова време, почнав да ја користам и кај мене имаше огромен ефект, no more влакна и враснати :D Дури мислам и дека играше улога за да ми се обнови кожата, ама тоа може и да е поради пилингот што се прави со бричот.
    Станата сум одечка реклама за Lumea, нема кому не сум ја препорачала. Инаку ја имав SC2009, а вчера ја зедов BRI935. Супер си работи и старата, ама новава има повеќе опции. И за разлика од луѓе што фрлаат пари за понови модели на телефон, ова барем ти решава проблем за цел живот.

    Е сега зависи колку мака имате, мене ми значеше ептен.

    Како студент на медицина, ова ми нема логика. Пишува во упатството: не се користи на усните (не над, туку баш на усните), на ареолите на дојките, и на малите и големи усни од вагината. Тоа е затоа што таму епителот, површинскиот слој на кожата е различен од останатите делови на телото и многу поосетлив. IPL технологијата нема да делува таму затоа што не е создадена за тоа. А за јајце клетките, како може да се оштетат кога ти не влегуваш внатре со ова? Нити па брановата должина е толкава да може да стигне до таму преку стомак... Americans

    Инаку вреди за парите ×10

    Колкава е ќерка Ви? Не се работи за штетност, туку влакната кои се светли и имаат светол корен не можат да ја апсорбираат IP светлината и нема да имате ефект. Тоа е сѐ :) Ако бричот Ви ја решава работата тогаш go for it, ама некои од нас навистина имаат проблем :)

    Не, не, не, убаво си разбрала. Делува на светла кожа, а на потемна само го местиш на послабо. Колку потемни влакна, толку побрзо ќе делува. Ако ти се ептен плави влакната, сиви или џинџер, нема да делува :) You lucky thing. Камо плави да имав :D

    Еве домашно четиво за сите што се прашуваат за негативни ефекти:

    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3390232/

    И hint за понатаму, кога гуглате нешто поврзано со здравје, NCBI е еден од ретките веродостојни извори на информации. Таму немате реклами и се објавуваат резултати од клинички и научни истражувања што се всушност потврдени.

    Како корисник, само еднаш на едно квадратче ми се има појавено црвенило, и тоа затоа што гледав Stranger Things додека се депилирав и заборавив да го мрднам апаратчето 3 одблесоци :D
    Инаку го користам на најсилен сетинг (бела кожа и темни влакна).
     
    Последна измена од модератор: 28 ноември 2017
    На victoria и MamacitaBuena им се допаѓа ова.
  5. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    image16.jpg
     
    На mariavlads му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    55.490
    Пол:
    Женски
    Нов член, коментира само во темава и најсмешно "ја имам старата одлично работи но ја земав новата поради повеќе функции"?
    Ние овде не сме паднати од марс :)
     
    На Nausicaa, Gosh, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Philips

    Philips Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    35
    Драги форумџики,

    Ние веруваме во нашиот производ Philips Lumea и неговите функционалности кои може навистина да ви помогнат и тука сме да одговориме на сите ваши дилеми. Ве охрабруваме да продолжите со прашања и коментари за Philips Lumea и нејзините функционалности, а ние ќе ја НАГРАДИМЕ вашата заинтересираност – на една од форумџиките по случаен избор, кои ќе продолжат со коментари и прашања на темата, ќе ѝ подариме Philips Lumea и се надеваме дека понатаму ќе ги слушнеме и нејзините искуства.

    ДОБИТНИЧКАТА НА PHILIPS LUMEA ќе биде објавена на 11.12.2017 година.

    Продолжуваме со славење на мазната кожа :)
     
    На victoria и vitamina им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.561
    Пол:
    Женски
    Ај дајте ми ја мене, да го израдувам дечкото за роденден. Ние сме декемвриски деца:D

    А кој сака, можам пак да пишам мислење за ефикасноста..
    Ако ми верувате на збор:lol:
     
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    @Philips искрено, јас и маж ми бевме многу заинтересирани за овој производ, бидејки со оглед на нашата влакнетост сметаме дека ни е повеќе и од потребен.
    Навистина, големо измачување ни се и бричевите, и депилаторите, и шеќерните пасти кои никогаш не успеав правилно да ги направам. Дури и тенџериџата ги загорував.
    Користиме свашта!!
    Но поголемо и вистинско измачување од депилаторот за корнење влакна ми нема!
    Па затоа почнав многу често да се откажувам од него, бидејки немам живци, нерви и време да трпам огромна болка со оглед на тоа дека имам голема влакнивост или поточно црни влакна.
    Ужас на животот!
    Бевме искрено заинтересирани и сеуште сме за овој начин на решавање побезболно нашиот проблем.
    Не знам колкава ефикасност има бидејки коментарите и искуствата овде не се нешто баш најразбирливи и доказливи за да извлечеме некое си конкретно мислење и став за производот.
    Не ми е јасно зошто не се трерира на интима и на други делови ако е безбеден? Не ми е јасно дали откако ќе направиме доволно третмани после одреден период вкакната ќе се јават или пак треба почесто да правиме третмани и доживотно за да спречиме да се вратат? Што е со бемките низ телото?
    Тоа е она што ме мачи, иако мислам дека разбрав за влакната дека значително ги проретчува и им го истенчува коренот.
    Не се сомневам дека филипс нема ефект, не се сомневам во тоа дека сте квалитетни бидејки и самите ние користиме многу производи на филипс и сме задоволни.
    Собираме искуства. Секој одговор и дообјаснување се добредојдени а секако и како поколон би биле најсреќни а многу задоволни пред се со оглед на тоа колку болно ги доживуваме сите останати депилатори. Би била отворена и за рецензии овде ако навистина вашиот квалитет е достоен исто како на многу останати филипс производи што ги посееуваме во нашиот дом.
    Поздрав
     
    Последна измена: 30 ноември 2017
    На green.eyes и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  10. havai 123

    havai 123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Zdravo me interesira dali ima stetni posledici ako se koristi na preponi ?
     
  11. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски
    Го меркам одамна и баш би сакала да го имам. Кога замислувам дека нема да имам потреба да се бричам и депилирам повеќе ми доаѓа уште сега да отидам и да го купам.
    Знам дека нема штетни последици, но самиот збор зрачење некако ме плаши..
    Па тие што го имате, го препорачувате?

    И да додадам: влакната на бутките ми се ептен светли. Тоа значи дека нема да ги снема?
     
  12. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.943
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Многу се двоумам... Планирав околу нова година (тогаш ми е роденден) да аплицирам за кредит и да го земам на рати.. А тоа плаќам а месечно по депилаторки.. Исто ми се фаќа финансиски.. Ама со две мали деца дома многу подобро ќе менаџирам со времето и ќе одредувам сама кога да се депилирам. И најбитно дома.. Инаку имам многу светол тен а многу темни, црни и густи влакна.. Се депилирам целосно нозе, раце се.. Ако се избричам хорор е.. Цврсти, и од еден корен чиниш по 5растат. Лицето ми е комплекс дури мислам.. И само се кубам кога и да начекам огледало :(
    Ако нешто на мене би имала шанса да сменам, дефинитивно би биле влакната... Смачено ми е..:( Се депилирам од 15 години.. Уште тогаш мајками ми купи електричен од Цептер...еден куп пари и за него, но цела кожа партал ми ја направи со враснати влакна..
    Навистина би сакала да го имам.. Да се спасам од нервози :) а и би ми бил прекрасен роденденски подарок:wasntme:
     
  13. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    10.936
    Пол:
    Женски
    Препони пазуви и остало, речиси и немам влакненца но за лицето ми треба..немам пробано ништо слично ама гледам дека овој начин на решавање со влакната станува се по популарен. Мене по малку ми стои ризичен, ама во секој случај би ми бил од огромна корист❤.:l:..баш ке побарам по нет и други искуства .
     
  14. БициПет

    БициПет Нов член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Ја користам Лумеата речиси 7 месеци и до сега нема никакви несакани последици. Првите неколку третмани (4/5) се на две недели, потоа на еден месец за одржување. Штом на почетокот не се јавија никакви насакани / штетни последици, не верувам и дека ќе има. Ја користам за препони, пазуви, лице... буквално за цело тело.
     
  15. Philips

    Philips Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    9 март 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    35
    @vitamina Ниту еден метод за отстранување на влакна со фото базирана на технологија, независно дали е во професионалните салони или дома, не гарантира трајни резултати. Lumea работи на начин на кој што ги става влакната во фаза на „спиење“. При нормален раст на влакното, фото третманите обично се изведуваат со серија од постапки. Влакненцата кои биле во почетокот на растење при претходната постапка, може да бидат во растечка фаза сега. Како кај професионалните процедури, така и кај оние во домашни услови, влакненцата се појавуваат повторно по одреден временски период, потенки, во многу помали количини и густина. Заради сето ова процедурите за одржување се неопходни. Philips Lumea Prestige има додатоци за третирање на различни делови од телото, вклучувајќи го и додатокот за третирање на бикини зоната. Lumea е безбедна и доволно нежна за да се третира целата бикини зона. Ние ви препорачуваме да користите подесување на помала јачина затоа што кожата во овој предел е почувствителна или може да има повеќе пигментација. Што се однесува до третирање на влакната и дали тие ќе се јават повторно, со правилна употреба на Lumea и нејзино користење во интервалите кои се препорачани, резултатот ќе биде видлив и ќе добиете мазна кожа – без влакна. За да се одржи постигнатиот резултат и да се превенираат корените на влакната да станат повторно активни, неопходно е да се користи Lumea редовно за ја задржите вашата кожа мазна и без влакна. Ако третманот се прекине, фоликулите на влакната ќе се реактивираат и влакната ќе почнат да растат повторно. За бемките и пеѓите: кога станува збор за поголеми бемки или пеѓи, единствено не треба да се користи Lumea директно над нив затоа што нивната пигментација ќе ја апсорбира светлината, со што може да се предизвика неудобност, па дури и изгореница. Користете ја Lumea околу ваквите поголеми бемки или пеѓи. Што се однесува до помалите, ако чувствувате неудобност при третирање на делот над нив, можете да ги покриете со бело моливче за очи (бидете внимателни да не користите сиво/сребрено или друга боја на моливче бидејќи овие бои ја апсорбираат енергијата и може да дојде до изгореници). Исто така немојте да користите крем за да ги покриете истите, бидејќи тоа може да влијае врз апсорпцијата на светлината.

    @Irreplaceablee Ти препорачуваме да ја посетиш нашата веб страна и да го погледнеш делот „Погоден ли е Philips Lumea за мене?“ каде што ќе можеш да ги видиш референците за боја на кожа и боја на влакна за кои Lumea не е препорачлива. Lumea не се препорачува да се користи кога влакната се многу светли затоа што тие не содржат доволно меланин (пигментација) за ефективно да ја апсорбираат светлината, при што би немало резултат или пак би довело само до намалување на влакната. Исто така, можеш да го погледнеш делот „ВЕЌЕ ГО ПРОБАА“ каде што можеш да најдеш искуства од други девојки кои што го имаат користено.
     
    На Irreplaceablee и vitamina им се допаѓа ова.
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Филипс, ви благодарам за изцрпниот одговор и одделеното време. Дел од ова го претпоставував и проучив а ова ми дојде само како потврдување за погодностите, лагодностите и позитивностите на овој епилатор.
    Сеуште сум во фаза на проучување на овој епилатор, што искрено верувам и се надевам дека еден ден ќе го имам и ќе се решиме фамилијарно со грдите влакна.
    Оти, вистински проблем имаат баш оние што поседуваат цврсти и црни влакна. Баш ова е најнеподнослиовиот проблем кај сите девојки и жени со ваков тип на влакна и многу ниска самодоверба.
    Многу драгоцен факт за мене е дека со редовна употреба коренот на влакната се менува, се истенчува и бојата и цврстината на влакната се сведуваат на минимално ниво.
    Одлично.
     
  17. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    10.936
    Пол:
    Женски
    @Philips некаде сретнав дека имало можност за купување на рати, дали постои уште таа опција?
     
  18. havai 123

    havai 123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Fala ti na odgovor :)
    Bas bi bila srekna da go dobijam na nagradnata igra odlicen podarok za nova godina :)
     
    На БициПет му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Мислам дека постои опција на рати како во Македонија така и во Еу.
     
    На bella.s му/ѝ се допаѓа ова.
  20. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Како и сите така и јас би сакала да го имам, имам доста цврсти и црни влакна што многу ме вознемируваат и мака мачам со нив.
    Што убаво би било мене да ми го подарат :lol: али нече среча поштеног човека.:( :D