Мене многу ме нервира тоа што после спиење прво нешто што го прави е шалењето цигара , а сеуште е во кревет,тоа ужасно ме нервира Прво не е ич здраво за него ... незнам како да го одвикнам од оваа .
Што понекогаш се изглупирува зш пред некои луѓе е срамежлив.. и ме нервираат 2 негови навики , кога се фаќа по косата така занесено како детенце и кога зборува понекогаш јазикот му излева малку ,како да кажам, само кога е во право обично така прави.. не е тој крив така е навикнат ..
Најмногу ме нервира што не го сака мојот преубав мачор и го обвинува дека му се качувал на колата и дека му ја гребе.Тој многу ја чува неговата кола ја усисува и мие 2-3 пати неделно,а навистина ко за инат му се качуваат мачки и му ја грбат,од толку коли на улица баш неговата ја нашле.А јас пак мачорот мој многу си го сакам и стварно ме нервира кога вели дека ке го отруе и него и околните мачки,епа како да не ме нервира Дури кога му се налутам ми вели СРАМ ДА ТИ Е МАЧОРОТ ГО САКАШ ПОВЕЌЕ И ОД МЕНЕ
Ме нервира тоа што не си стои на зборот кога ќе се договориме нешто, што нема доверба во мене и што не се отвора доволно пред мене Кога би можела да го сменам
Финансиско трошење без претходно направен план. Знаеме дека тешко се наоѓа работа,уште потешко се заработуваат,а најлесно е да се потрошат.За да бидеме добри економисти на своите финансии потребно е да знаеме што навистина ни е потребно,а што е приоритетно.Доколку трошите без кочница колку и да заработувате нема да ви бидат доволни.
Што не му текнува на некои ситници кои мене ми се важни, па мора се' да му цртам. ..ама па од друга страна доволно е да му кажам и одма го применува тоа. И како после да му се лутиш?