Што најмногу преферирате да фотографирате и зошто?

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Dream-Girl, 19 септември 2021.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Лично обожавам да сликам пејзажи. Особено зајдисонце, плажа или било што поврзано со вода. Ептен ме релаксира таков тип на фотографии и омилени ми се. :inlove:

    Во последно време интересни ми се и макро фотографии од очи.
    Моите, на дечко ми и на брат ми очи ги утепав од сликање. :D Интересно ми е да ги гледам сите детали во окото, бои, нијанси, шарички. :inlove::inlove:

    Исто и кафиња сакам да сликам. Обожавам и да гледам такви фотографии, од aesthetic кафиња и убава атмосфера за пиење кафе. Не знам точно од која причина, веројатно зошто ми е омилен пијалок. :D
     
    На темјанушка, Kimberly11, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.605
    Допаѓања:
    43.047
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, пејзажи и растенија.
    Не дека изгледаат професионлно, но во тоа се пронајдов и колку-толку ја научив техниката на фотографирање природа. Природата е инспиративна, уникатна, многу пати фотографирам исто место, а фотографијата никогаш не е иста. Те прави да ја доживуваш природата на поинаков начин. При обична прошетка, бараш растенија кои друг не би ги забележал, бркаш сончеви зраци, бубачиња...

    Имам пријател кој фотографира само портрети и секогаш сака да ја знае приказната на човекот на сликата. Па кога ми покажува слики, раскажува и приказна. Пример, одиме во Охрид, јас сликам езеро, тој слика рибари. Интересно во ова ми е што ако ги гледаш моите и неговите слики го доживуваш Охрид на поинаков начин, го гледаш низ очите на тој што сликал.

    Потоа би ја избрала мртвата природа бидејќи ми ја буди креативноста. Не правам спонтани фотографии, но процесот на планирање ми е интересен. Претвараш идеја во реалност.
     
    На темјанушка, g8lQQk, Izaabella и 6 други им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    Стари градби
     
    На MeowMeow и Need for Speed им се допаѓа ова.
  4. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.700
    Пол:
    Женски
    Животинчиња, црквиче, растение, небо.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.968
    Допаѓања:
    54.893
    Пол:
    Женски
    Пејзажи, природа, животни, зајдисонца, архитектура и луѓе. :)
    Не сум професионалец нормално, но обожавам да фотографирам.
     
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.810
    Допаѓања:
    23.317
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ова ќе има смисла, ама сакам да фотографирам пејсажи каде сонцето ја има главната улога. Односно, зајди и изгрејсонца и како паѓаат сончеви зраци на лисја, на пример.
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.642
    Допаѓања:
    176.951
    Ќерка ми. Оти не можам да го запрам времето, па за потсетник.

    Инаку-убаво декорирани излози/ака автопортрет ( ме има во одразот од излогот) Од пекари, цвеќари, дури и продавница за бои и лакови. Прекопирувам уствари нечија уметност. Лартпурлартизам.:)
     
    На Ava.84, Цобра и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    29.261
    Пол:
    Женски
    И јас најмногу сакам пејсажи да фотографирам, зајдисонца, животинки во последно време ми се доста интересни за сликање, растенија, книги/кафе/храна. Буквално се што ми е естетски привлечно.

    Луѓе порано доста сакав да сликам, сега туѓинци ми е некако незгодно, а немам организирано фотосесии со другарки и нив ми е незгодно да ги гњавам. А инаку преинтересно е да се прикажува приказна преку портретите. На пролет здравје ќе барам жртви за некои фотосесии што од дамна ги имам во глава.
     
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.268
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    Порано постојано сликав пејзажи, небо, река, езера, шуми, дрвја, и јас сама си правев фотосесии. Буквално секој ден на стори имав слика од небото ставено или од природа.
    А сега од кога станав мајка, само син ми го сликам. (facepalm)
    И слика од сама себе којзнае од кога немам направено, често кога ќе отворам во галерија освен детето слика од друго немам. ;(
     
  10. MeAfterYou

    MeAfterYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Најчесто сликам стари градби, некои рушевини, се трудам да ги фатам од секој агол.
    Вчера ги сликав брат ми и внук ми, ми дојде предобро насликано, не очекував, прв пат сликав личности.
    Иако немам многу време, но кога сликам ми дава спокој и мир, душата си ја пуштам така:D
     
    На MeowMeow, Цобра, Need for Speed и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    906
    Пол:
    Женски
    Најмногу преферирам сама да се фотографирам. :D
    Некој текст од книга. Места кои сум посетила. Нешто смешно фотографирам често. :lol:
     
    На Цобра му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.377
    Пол:
    Женски
    Не сум талентирана за фотографирање, ама сакам да сликам за инста стори. И обожавам да сликам храна, кафе, природни убавини, животни, селфи. :l:
     
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Јас па ич не сум по сликањето. Отидов на одмор ниедна слика од морето не напраив :rofl:
     
    На Need for Speed и Arjanit2021 им се допаѓа ова.
  14. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Тесните улички на медитеранските селца полни со ушушкани продавнички со рачни изработки, антикварници, мини галерии и уникатни детали. :inlove: Понекогаш и макро, главно вегетација и инсекти.8-|
     
    На Ugly Duckling и Mantub им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.877
    Допаѓања:
    81.139
    Пол:
    Женски
    Фотографирам сè што ќе ми фати око. Удобни катчиња, текстури, нешто што прави интересна симетрија во просторот или се издвојува на некој начин. Ако прави некаква композиција која окото ми ја приметува или ми изгледа примамлива, одма е овековечено во некаков кадар.

    Најмногу фотографии имам од врати. Врати во секакви бои и големини, од различни материјали, со интересни обработки, во секакви стилови, нови, стари, секакви. Кај и да одам врати и стари објекти ми привлекуваат најмногу внимание.

    Не ме бидува за фотографирање луѓе, портрети, макро кадри. Овие не ми се интересни и не ни пробувам зашто немам мерак. Бркам само eye-candy кадри околу мене. :lol:
     
    На Ava.84, MeowMeow, Ugly Duckling и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Кафе, пијалаци, храна, понекогаш и пејсажи или симетрии. Не ме бидува многу мислам, ама интересно ми е и мислам дека со текот на времето станувам подобра и подобра.
     
  17. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Најмногу сакам да сликам животни, телефонот ми е преполн со слики од мачиња и кучиња. :inlove:
     
    На calm-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Цобра

    Цобра Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    599
    Пол:
    Машки
    Сакам да го фатам моментот на некое дејствие или случка на слика, за кога ќе се гледа да има некоја приказна или значење истата. И не мора секогаш да е уметничка и професионална.
     
    На calm-girl, Ketchup и WildMk им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Имам талент за фотографија и на курсеви сум одела и полупрофесионален апарат имам... ама не практицирам поќе.

    Иначе, обожавам Street and Event photography :inlove:
     
    На poenta и Цобра им се допаѓа ова.
  20. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    3.522
    Пол:
    Женски
    Кога го добив првиот мој фотоапарат не се делев од него. Буквално се сликав. Сега некако мразам да сликам. Веќе ништо не ми е интересно да сликам. Како да ми беше фаза која ја поминав.
    Сепак ако одам во нов град, држава сакам да сликнам улички, храна, знаменитости. Најмалку слики имам од мене. Сите профилни ми се од пред 4-5 години :D
     
    На Цобра му/ѝ се допаѓа ова.