Од кога имам дете, ја успивам и најчесто попатно заспивам и јас. Освен на викенд, откако ќе заспие најчесто гледам некој филм со пиво и грицки.
Мијам заби, полнам чаша вода, ставам до мене, земам само голтка, и пуштам нешто некој да зборува и заспивам.
Ова знам дека е слатко само отстрана и кога не ти се случува тебе, ама само да пишам дека ми е слатко. Иначе, спиете со уклучен телевизор/музика/звуци цела вечер?
Јас си го местам на тајмер телевизорчето пример на саат и си кажва то јас си заспивам пред да се исклучи
Не ,само светло пригушено ,,moon lamb " што си ја обожавам ,во почетокот мене ми беше потребна за да ја најдам ќерката ,сега она не може без неа. И зимоска навлажнувач бидејќи со клима се грееме. Музика или тв уклучени да и остаам ќе биде бусна цела ноќ И да ,само од страна е слатко ,или ако евентуално не одев на работа па да си спиеме наутро
Мијам заби, 2 или 3 минути правам jumping cardio, 50 чучлеви, за последно проверувам телефон што е како е, ставам на полнач и спијам. Практикувам т.е стекнав навика да спијам 8 часа од 23 до 07 бидејќи е најефективен сонот и најдобро време за биолошкиот систем за организмот и хормоните.
Skin care, па легнувам во кревет без телефон да читам нешто, седам на телефон на Фемина или решавам судоку. Зависи
Mijam zabi , ja galam kjerka mi dodeka zaspie , kje gleam malku na telefon I potoa legnuvam da spijam .
Нееее, нема шанси со звуци да спијам, било какви звуци па и најрелаксирачки нека се ко тие на бебињата што им ги пуштаат ама не можам, сакам потполна тишина да е, а слушнам звук некој одма се нервирам поготово па кога не сум спиена, а се мачам да ми дојде сон, е тогаш у состојба сум да идам и утепам некој кој ми ремети сон и мир. А некои си спијат и со музика и со врева без проблем, алал да ви е бе. Иначе ништо посебно не правам, најчесто скролам на телефон ко секогаш ама не у кревет, пред да легнам, после гасам, да слушам музика пред спиење нејќам зашо знам ќе ми се вртат песните у глава и нема да заспијам, ќе премотувам само, и тв не глеам. Мора мозок на пасење да пуштам и со ништо да не се замарам ама ај не мисли да те видам, мислите ме утепаа.
Мијам заби и пуштам смарт чајнис по 4сааати што трае, но без глас и заспивам. Утеха ми е оти се нишкам пред спиење на мои 26години и плус мајка ќе станам.
Па мислам дека сум кондициониран и со и без звуци цела вечер, 6 сата непрекинати ги терам, првите 3 најдлабоко, после тоа, ако заѕвони телефонот со друг звук или влезе некој во соба се будам прелесно. Некогаш батеријата се троши од аутоплеј на спотифај или слично. Би рекол преферирам со звуци но и тишина е во ред.