Форумџика на годината

Што ново дознавте или научивте денеска?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Ajronmen, 12 јануари 2022.

  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.898
    Пол:
    Машки
    Нели велиме човекот учи додека е жив...
    Секој ден примаме нови информации, некогаш сериозни, некогаш информативни, а некогаш и забавни.

    Што, за прв пат, дознавте или научивте денеска?

    На пример, јас денеска дознав дека во западна Македонија, зборот Ајпутка означува комарец, и тоа од оние со долго и тенко тело и нозе.
    And I'm still shocked :rofl:
     
    На Amellie13, elenaklasik, Осе и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.898
    Пол:
    Машки
    Ок не баш денес, ама пред некој ден дознав (ми кажаа) дека 34+35 песната на Аријана Гранде всушност значи 69 и бев ваков :o
    Mind blowing :drunk:
    Не ми е јасно како никогаш не ми текна да ги соберам бројкиве :wasntme:

    После тоа си мислев, ок само ја ли може толку да не сфатам, и коа кажав она на група луѓе, имаше доста шо не сфатиле до тогаш 8)
     
    На Angie1432 и Shia им се допаѓа ова.
  3. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    Интересна тема. :D
    За песната на Ариана 34 + 35 = 69 на кој да му текне тоа, не сум знаела :D Таа 7 Rings што и е песната збори за пари и иронично е преработка на песната My favourite things.

    Пред некој ден дознав дека од изметот на кравите се прави метан :$
     
    Последна измена: 17 јануари 2022
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.625
    Допаѓања:
    9.066
    Пол:
    Женски
    Научив дека овошјето за да не потемни му се става лимон , поготово на банани . Кулинарски совет кој сигурно е добар за домаќинство
     
    На Ajronmen и WildMk им се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.441
    Пол:
    Женски
    ние западно-македонците за ајпутка ги сметаме и оние инсекти кои ги викаат МОЛЦИ (ама не знам како да објаснам кои се тие, како мали ситни пеперутчиња )
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам дека оние големите комарци ги викаат Ајпутка :^) . Каде поточно ова , во кои градови во Западна Македонија ? Во Тетово до сега не сум го слушнала ова ...

    Последно што слушнав / научив е дека изметот на птиците ( звучи гадно :puke: ) може да се преработи и да се добие струја од тоа ..

    Што и како подетално , не знам , треба да го прашам човекот од Џепчиште , што го направил тоа :D .
     
    Последна измена: 18 јануари 2022
    На spacegirl92 и Ajronmen им се допаѓа ова.
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.625
    Допаѓања:
    9.066
    Пол:
    Женски
    Научив дека само два проценти од луѓето во светот имаат зелени очи
     
    На Ajronmen и kikikikirika им се допаѓа ова.
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    Учев англиски и не научив ништо, а дознав дека фетусот од 14 недела почнува да слуша звуци од надвор.
     
    На hermosa и Ajronmen им се допаѓа ова.
  9. Caramell

    Caramell Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2021
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    378
    Дознав дека жените не требало да се на високи функции такви како претседател, премиер и сл.. жените ги прегазиле мажите денес требало редот да се знае,да не се деградирале мажите а ако жените биле толку добри ќе останеле во рајот.....(facepalm) и тоа од жена кажано образована и на добра работна функција..уште ли ги има вакви..:puke:
     
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Научив дека золјата ( види слика )

    [​IMG]

    е така наречена по инсектот оса ( золја мислам дека е на српски ) затоа што , кога еднаш ќе го искористиш тој вид на оружје , повеќе не се користи , односно , осата боде само еднаш . По убодот , таа умира .
     
    На cresa-jagoda и Осе им се допаѓа ова.
  11. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.209
    Допаѓања:
    46.171
    Пол:
    Женски
    Научив дека и животните можат да се родат со Даунов синдром 8-|
     
  12. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.711
    Допаѓања:
    2.472
    Пол:
    Женски
    Научив дека кога си играш мајтап со тие што те провоцираат тогаш ти кажуваат што мислат искрено за тебе :drunk:
     
    На Angie1432 и fast_and_curious им се допаѓа ова.
  13. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.380
    Пол:
    Женски
    Воглавно сум во тек со информации, посебно во доменот кој мене ме интересира.

    А денес дознав дека марципанот содржи цијанид.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    4.760
    Пол:
    Женски
    Каков шамар може да ти удри животот, се што си направил досега, да ти се врати и наплати, ко бумеранг...
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.