1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што носевте како мали?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Unfaithful18, 7 август 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Кога ќе земам да разгледувам некогаш албуми со слики од кога бев помала пукнувам од смеење. Како сме се облекувале :rofl: Кога се сетам на некои работи што сум ги носела, сега пари да ми даваш не излегувам во јавност :D
    Најсмешни ми се оние дебелите зимни палтиња - монтки се викаа чинам :lol: А толку плачев да ми ја купат :$
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Хаха кога се гледам на слики ми доаѓа да заплачам :) На сите слики кај што сум на 5-6 годишна возраст носам машки алишта(така сум сакала). Некои спортски маички и шорцеви. А, зимно време наоблечена,натуткана еден куп облека на мене.Периодот негде кога почнав во забавиште обожавав црвени фустанчиња, лаковани кондурчиња, обавезно шнолички и венчиња на мене. Па едно време изводев ,носев дречливи и шарени шеширчиња. Абе, смешки :D :D
     
  3. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    хаха...сама на себе си се смеам...кога ги гледам сликите...така некогаш ми надоаѓаат разни спомени за разни слики....се секавам дека многу сакав да носам од тие хеланките....црвени имав...комедии бев... :D
     
  4. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Репче-фонтана и баш сум била фраерка со него. Дете,циркузи . Потоа сум носела мартинки, цветни фустанчиња, но поголемиот дел од времето сум била облечена во панталони и блузичка. :rofl: Повеќето комбинации сум ги правела жолто-црвено, ко знамето на македонија, патриотка. :rofl:
     
  5. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Сум носела тоа што ќе ми даде мајка ми да облечам :lol: На некои слики сум баш убаво облечена, ама на некои сум ужас. За низ дома некои без врска комбинации - све ми боје лепо стоје :D Имам постари братучетки, па дел од облеката е и од нив. Е сега кога требаше да сум дотерана, тогаш фустанчиња или некои комплетчиња со панталони и блузички, во зима џемперчиња што ми ги плетеше тетка ми, на косичката обавезно некоја шнолка или кикици, а и по некоја панделка :D И секако чевлички лаковани или со машничка. Знам дека сите бои ги сакав, освен розева. Па и денес е така, скоро немам ништо розево во плакар.
     
    На praski4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Кога ќе видам слики повеќе сум била во фустанчиња и знам се сеќавам на едно зеленко фустанче го облекував на една кукла и кога тоа испадна дека јас сум го носела како мала :lol: . Зимниот период наоблечено , летниот период по гаќи :D
    Смешки :D
     
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Гледам никој не спомна, ама ние како мали во школо одевме ко во униформа облечени... Ги знаете оние хеланките што се закачуваат оздола на пета, е такви во шарени бои, бела кошулка со големааа чипкена јака и врз неа елече ако е жешко, а ако е ладно џемперче... и обавезно јаката на кошулата озгора да се гледа :lol: , а на нозете лакованки кондурки, црвени или црни со цветче :) . Потоа на мода излегоа ѕвонарките, црни од материјал како ластик растеглив... сите женски ги носевме. Сега кога ги гледам сликите се кинам од смеење, не ми е верно каква била модата :^)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    јас си сум супер на фотките. Со кратка коса како на Ријана :P :D и со хеланки. Знам дека ги имав во сите бои и не сакав да ги слечам :rock: ми се сеуште. Во зимно време секогаш со по 5-6 нови близи, што плетени што шиени, не за бадијала имам баба шнајдерка и шијачка :D.
    Лаковани сандалчиња :D ми беа најомилени. А тие звонарките најомилени ми беа едни темно сино со бели цветчиња. Знам дека имаше и едни високи патики, а за нив плачев ко ми се смалија и немеше повеќе такви, а мојата другарка од улица сеуште ги носеше :D
    Unfaithful18 БРАВО ЗА ТЕМИВЕ :*
     
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Фустанчиња во ептен дречливи бои си сакав најмногу :D татко ми обожаваше да ми носи од каде што бил разни, на сликите од две-три години сум со еден мал милион фустанчиња, розевки, тексасни, зелени, со панделки за коса, уште ги чуваме некои, од мерак, нови се, еднаш облечени и сум ги одраснала. Омилено ми е едно розевко со цветчиња, тато ми го пратил од Швајцарија за да се сликаме со мама и да му пратиме слики. И долго време после ми го чувале ко украс во плакар, на закачалка. Друго што сакав многу да носам беа џемперчињата во зима, тета и баба ми плетеле, од мека вуница, мераци, дотерана за секаде. Мразев да носам тренерки, чудно сега обожавам, и мразев од едни чевлиња што беа ко до глуждови, ни зимски ни пролетни :D Ете тоа си сакав и не сакав. :D
    Звездакоска, од тие високите патики имав и јас, портокалови :puke: :lol: како ли само ги носевме :lol:
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Кога си ги гледам сликите од мала, се смеам - голема шмизла сум била :P :rofl: :rofl:
    Мајка ми ме дотерувала, ме облекувала како што таа сакала - добро, мала бев тогаш, немав право на глас. Ама зима ли е, лето ли е, секогаш, секаде сум била дотерана. Во зима секогаш со ролчиња и панталончиња и некое штосно капутче. Паметам дека на пантолоните секогаш имаше олтици - како крпчиња од кожа на колената, знаете на што мислам, нели? И сум имала едни штосни чизмички што многу сакав да си ги носам. Лаковани сандалчиња и чевличиња биле must have :rofl: во лето обавезно некои бермуди или шорцеви со интересни маички. Не сум сакала фустани, ама сум ги носела во основно. Кога пораснав малку повеќе, сама решавав што ќе носам. Не дека ми бил ужасен вкусот, ама смешно ми е кога ќе видам како сум се облекувала. Само пантолони сум носела, сукњи и фустани не доаѓале предвид :lol: Хеланките беа составен дел од гардеробата, да не ги спомнувам ѕвонарките :) Во средно сите се облекувавме исто, фармерки и маици. Не носевме сукњи затоа што во гимназијата беше забрането да се носат :^) знам дека една девојка ја укорија затоа што носеше долга сукња :^) како и да е, тогаш и на излегување и во школо слично се облекувавме.
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Мама ме дотерувала и стално сум била скоцкана, со хеланките со тоа одоздола, па лаковани кондури, па бели чорапчиња со чипка.
    На глава венче или стегач....
    Абе шта да ти причам кад све знаш :D :D :D
    Јаки ми се сликите :D
    А да, спомна Лолипоп и за белите кошули со јаката :D
     
  12. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Ме изнасмеа темава :D Кога ќе ми текне што носев и кога ќе ги видам сликите од ко сум била мала,срам ми е од самата себе :$ Секогаш дотерана со некои комплетчиња во разни бои.Со јакничка и пантолончиња имав едно зелено кое го обожавав и под него фамозната бела чипкана кошула :D И секако црни лакирани кондрурчиња :D Имав фустанчиња од секаде каде што бил тато.Најголем дел ми беа од Турција,па замислете ги боите какви се и колку се џиџани :D Косата секогаш со некои шарени шноли,панделки,стегачи и венчиња.Еден период бев страшно заљубена во ташни.Мама почна скоро секој ден да ми ги купува :rofl: Уште ги чувам поголемиот дел :rofl:
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    абе тогаш, мајка ми што вика тоа било модерно а и најдотерани бевте :lol: секогаш ве дотерував најубаво ни вика :lol:
    а инаку имав ете таква монтка како што погоре спомна анфејтфул, лилјакова беше со две лица, абе мераци :lol: и носев се некои блузи со вај кики (она мајмунчето слатко), и ги имав едни лилјакови гумени чизмиња сеа што се продаваат насекаде :D е јас тогаш ги имав :D
    знам дека секогаш уште малечка морав да бидам секој ден различно облечена за на училиште, секој ден различно фустанче. а фустанчиња имав секакви со машнички , пеперутки, слончиња... абе свашта. па и машнички за на глава исти како и фустанчето :D
    и обавезно имав карирана сукња :!: ааааа без неа никаде :rofl:
    и ме облекуваа и во фармерчиња, кошула со јака голема како покривка па извадена од џемперчето :rofl: и + тексас палто = тежок промашај :rofl:
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    колку би било убаво пак да си се вратам во градинка .. ама нема :D
    инаку имам една слика во бугарија на одмор кога сме биле, а јас сум била 3-4 год. со маичка без ракави, кратки панталонки и бели долги чорапи со панделка од страната :D а што е најсмешно со сето тоа имав облечено црвени - лаковани сандлаки :D и кога ја прашувам мајка ми што тие чорапи ми вика дека тогаш не сум сакала да се шетам без нив .. омилени ми биле чорапите :lol: :x а инаку имав едно карирано фустанче кое често го носев во градинка, а со него една бела везена јака .... :D морав да имам ѕвонарки (што да праам тогаш тие беа модерни :D ) и сакав секој ден да сум во различна облека .. еден период кога одев во градинка мерак ме фати да носам една црвена блуза, а со неа да си ставам црвен кармин од мајка ми ... :tmi: :lol:
     
  15. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    хахахахах баш интересна тема ..јас како мала многу сум сакала да носам цветни хеланки и долга блуза, и оние монтките - големи бунди
     
  16. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Ми текнува кога играше Касандра, имав дома едни кичести обетки на копче-механизам, во злато боја, со висулки.. леле колку им имав мерак на школо да ги носам. Мама ми велела, срамота е, ама дете што разбира, излегов од дома со нив во џебот, и штом се оддалечив малку ги ставив. Ќеиф ке ме отепаше... глевна бев пред другарките, ама ми се скара учителката во школо, морав да ги извадам :(
    Исто имавме дома од Југословенско време еден метален беџ, со главата на Тито. Ама бааги голем беше. Како му бев фрлила око и него си го прошетав еднаш до школо, гордо закачено на гради :tmi:
     
  17. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Јас се сеќавам дека многу „бев заљубена“ во ламбада сукњичките :lol:
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  18. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Кога ги гледам сликите сега живи смешки сум била.Знам дека секогаш бев зачешлана со шноли или кики,испеглана знам имав едно карирано комплетче сукњичка на преклоп со елече и кошулце жолто и обавезно тие лакованите кондури.Иначе не сум пребирала што ке ме облекла мајка ми тоа сум си нозела.За летно време носев мн фустанчиња имав едно омилено беше бело како со плави и зелени цветчиња и имаше со него и мала ташничка од ист материјал мала беше мн ама интересна,а за летно време обавезно во оние бициклистичките со зелена дреч и помаранџеста линија и некоја маица едно носење и за перење хахахаха и патичиња бели ниски и шибај топ комбинација :)
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Па погоре се кажаа феминките.
    Едно исто сме носеле сите! Тоа било тоа :D
    Крагни огромни, хеланки во сите бои, лаковани кондури, ѕвонарки растегливи, многу шноли во коса, пола шишки потфатени со шнолки, кики, кондури и чорапи дреч да се гледаат, панталони на колениците со "штитници", џемпери од баба или купени сеедно со едни исти шари. Фустани како малецка сум носела, после тоа ми студело :D

    Не дека не се потсмевнувам на сликите од мала ама си се свиѓам бе, тоа бил таков период. Јас се смејам за стајлингот пред 5 години, зашто сеа не е модерен. Ама се се враќа. Гледајки слики ко мајка ми млада кога била денес ги носиме тие работи. Така да може еден ден ќе носиме крагни/јаки, пак носиме хеланки значи се врати тоа, е сега го чекам моментот на ѕвонарка... ќе дојде кога тогаш :lol:
     
  20. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Мене како помалечка повеќе ме облекувале како машко, т.е. се ми се чини дека таа облека е за машки деца, а не за женски. Но како што сум растела така се поубаво и поубаво ме облекувале. Секогаш сум имала кратка коса, бидејќи на мајка ми така и се допаѓало. Најмногу имав карирани сукњички, лаковани кондурчиња, блузи во риги и фустанчиња. На тој период што се сеќавам, знам дека сакав многу да носам едно портоклово-сино фустанче кое ми го купи татко ми од Турција кое одеше во комплет со портокалово-сина ташничка од ист материјал и многу се правев важна со него.

    Заборавив дека секогаш сум носела хулахопки во боја, мислам од тие ептен дречливите. Па кога ќе се видам на слики не можам да се воздржам да не се насмеам. И мајка ми не сакала така да ме облекува, ама бидејќи јас сум инсистирала - морала. :D И сум имала еден пар ѕвонарки и пред неколку месеци ги најдов збутани во некоја кеса со стари алишта, беа црвени со некакви жолти ленти на дното, абе смешки живи. :lol:

    И да, неизбежен аксесорис ми беа - шнолите и очилата за сонце. Ако треба нека врне, јас без нив не сум излегувала од дома. Имав неколку ташнички и откако ќе ме облечеле ќе ми нашле некоја ташничка што ќе ми одговара и таму очилата сум ги ставала. „Фраерка“ сум била. :D 8) :emo: