Бидејќи вечер е бадникова вечер а утре Божиќ што подготвувате ? Јас За вечер Посни полнети кисели пиперки Крап Сарма Грав Компир салата Баклава Пита со посно сирење Суво овошје Посен колач Бадниково лепче Утре Печење Зелена салата Торта Не дека сама го зготвив сето ова ама златен кетеринг и купување , горда сум и сама нешто што подготвив
Денес Бадник го поминавме скромно со некое оревче, јаболки, мандарини, и питулици (палачинки) со лук, и други посебни со урда. Знам дека денес е строг пост, ама јас мрсев, јадев и од тие со урда, нека проштева Бог. Инаку низ годините, исто такви питулици подготвуваме, тие ни се традиционални, бидејќи немаме лебче со паричка на Бадник, готвиме посна сарма, гравче, кисела салата (туршија), некогаш и риба и тоа е тоа. За Божиќ ручекот обично е сарма со месо, пилешко со компири или ориз, или свинско печење, некое благо и тоа е тоа.
Оваа година не правевме ништо благо за Бадник, благо купивме, а од јадење солено, риба стандард ослиќ, сарма, гравче тавче, зелник, салата зелка, салата со компир, погача, банички.. За Божиќ, стек ќе испечеме, батаци, ќебапи, и другото од Бадник што ќе остане..
Badnikovo lepce Riba Grav Polneti tikvi so oriz ( zamena za sarma nemozev da napravam) Kompir salata Baklava ( kupena) Kompot
Мајка ми оваа година подготвуваше, но тоа ни е традиција секоја година сарма гравче риба пита посни бомбици купено овошје, смокви, лебче со паричка, винце и така тоа
Мислам членката е од мојот роден град па ќе ти одговорам јас, кога ќе се вклучи таа ќе ти одговори. Кај нас паричка се става на Василица не на Бадник. Сега некои еве како мене што не живееме во родниот град ставаме два пати Бадник и Василица, секаде се става различно и го почитувам ставањето на паричка во двата града.
Ние вчера за ручек имавме грав, лосос, туршија салата и ајварче, зелка купус салата, лепче со паричка. Од благо, печена тиква, суви смокви и урми. денес на мени имаме: редена салата, свинско печење, пилешко за мене , компирчиња, кифлички, туршија, купус пак, сарми, пита со праз и сирење. Од благо имаме торта, ѝ го забораив името
Имавме богата трпеза. Лепче со паричка синоќа, пита со праз, грав, риба ослиќ, туршии, салати, секакви овошја. Денеска мрсно, сарма, месо, мајонез салата, слатки итн.
Имавме: Пита Грав Риба Салата од праз и маслинки Месено лебче со париче Костени Обланди, баклава, мачмалоу ( мајка ми направила за цела војска за Нова година) За Божиќ: Печење Компири Чорба Салата Додуша чорбата ми е најомилена и само мајка ми ја погодува, јас еднаш ја правев и не ми успеа.
Во моја куќа вчера прв пат бадникарска вечера праевме. Посна сарма, тавче гравче, питулици и овошје. Мајка се оболи оти заборајла да земиме тиква и то требало. Шознам. За денес тие имаат пиле со компир и мислам и кременадли. Јас компир со вердино ќебап. И ние леб не праевме. Никогаш не сме праеле ни ние, ни тие околу нас. Впрочем на интернет дознав дека се врти лепче за Бадник уште ко бев дете. Ама то мислам дека е локациски. Ние Василица во мазник ставаме паричка. В година ќе ја потсетам мајка и за лепче, ако го сака целосниот ефект на денот како шо сфаќам дека треба да е. Ако смета дека не треба мене не ми менва.
Во православието овде во Македонија, поделени се обичаите за тоа што се однесува на Бадниковата вечер, во мојот крај повеќето правиме традиционални питулици (палачинки) со лук, се поставува посна трпеза, е сега јас се омрсив вчера, ама тоа е мој грев. Немаме лебче со паричка. Во моја фамилија од генерација на генерација се пренесува тоа паричка да има на Св. Василиј во мазник.
Вчера на Тв видов тутриња, мали лепчиња со шеќер на врвот кои се правеа порано за Бадник. Тој тв прилог ме потсети на детство. Бабите тоа го правеа редовно.
Бадникова трпеза: Лебче со паричка Пита со кисела зелка Гравче Риба Костени Печена тиква Алва Овошј: мандарини и јаболка Божиќна трпеза: Кифлички Кремаста салата Зелена салата Пача Свинско печено Бомбици Овошје Јас паричка сатавам во лебче за Бадник и во пита/комад за Василица. Второво е од мој роден крај првото од каде сум сега си ги практиувам и двата обичаи.
❤️Бадниково лебче со паричка ❤️Пита со праз ❤️Гравче ❤️Сарма ❤️Риба ❤️Салати - зелка, марула, компир со црвен кромид ❤️Овошје ❤️Домашна алва ❤️Јаткасти плодови ❤️Винце и ракија по некоја чашка
Антибиотик, пробиотик, сирупи за имунитет, витамини, антипиретици, електролити... успу лепче со париче, риба, компир, тиква, салати, алва, апетисани, костени, разно овошје...
Бадник: -питулици со лук и орев -тавче-гравче -салата од зелка -алва -печена тиква -јаткасти плодови -овошје -сок и црвено вино Божиќ: -мисиркино месо -тиро салата -питулици потпечени во рерна (без лук и орев) -алва -овошје -јаткасти плодови -печена тиква -сок и црвено вино П. С. Немаме лепче со паричка, како што рекоја дел од членките-мазник со паричка за Василица се прави тука.
За Бадник Грав Тиква Лебче Јаткасти плодови Салата Вино Сок За Божиќ Печено месо Руска Леб Печени компири Кифлички
Додуша јас не подготвив ништо,туку мајка ми имаше се подготвено За Бадник Грав Сарма Риба Лебче со паричка Тиква Баклава Вино Сок За Божик Свинско месо Печени компири Сок Вино Пиво