Што понатаму?

Дискусија во 'Психологија' започната од 63567, 6 март 2016.

  1. 63567

    63567 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Искрено се мислев дали да се зачленам на форумов и да ја отворам темава.
    Свесна сум дека имам голем проблем. Свесна сум дека треба да одам на психијатар и да пијам антидепресиви. Но, би сакала да слушнам и други мислења во врска со мојот проблем.
    За брзо време ќе полнам 18. Израсната сум во семејство каде што навредите, понижувањата, исмејувањето па и физичкото насилство е секојдневие. Цел мој живот така го имам поминато. Секое станување почнува со караници и навреди. Од татко ми никогаш не сум слушнала да каже за мене нешто добро. И не само за мене туку и за мајка ми. Кога ми било најтешко, кога ми требале родители не беа покрај мене. Од мали нозе се затворив во себе. Никогаш сум немала самодоверба. Во школо и во основно и во средно никогаш не бев прифатена. Не ретко и ме тепаа. Тогаш најмногу ми требаше родителска поддршка и помош. Ама не ја добив никогаш. Ете сама сум. Психички многу пропаднав.
    Јас не знам веќе која сум. Не можам да се препознаам. И многу се запустив себе. Се здебелив. Не се ни дотерувам. Не ни имам воља за тоа. За жал извадив 2 заби. Косава ми се уништи од што не ја негувам. Сакам да кажам, не само што психички пропаднав туку и се запустив себеси. Тонам се повеќе и повеќе. Додека моите врсници се дружат, излегуваат, дечковци/девојки и се тоа јас седам дома и тонам.
    Има ли спас за мене? Што мислите вие? Дали можам да променам нешто?
     
  2. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    1.954
    Допаѓања:
    49.003
    Пол:
    Женски
    Да можеш да промениш. Да ја дигнеш главата горе, да си средиш прво себе физички и постепено да почнеш и психички. Немој да се затвараш во себе така ќе си наштетиш себе си уште повеќе. Почни да излегуваш,социјализирај се ако ништо друго во тие моменти ќе ти се тргнат мислите од тоа дома што ти се случува. Само не ми е јасно зошто ја трпите тортурата од татко ти??
     
    На Rose96, Naked Gun, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Svetulkaaaaaa

    Svetulkaaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    1.453
    Пол:
    Женски
    Девојко сега тие тешко,и само ти знаеш низ што се поминуваш,и баш тоа треба да ти дај сила да продолжиш напред!
    Знам дека е тешко ама тоа земиго како мотив!
    Кажи си сама на себе дека можиш,мораш и ќе успееш!
    Ти пробај изборисе со сето тоа надмини го,а ако не успееш (што чисто сумњам) тогаш туриму пепел,ама барем ќе знаеш дека си се обидела!
    Верувај ќе биде тешко на нови промени,но после иди тоа најубавото ИСПОЛНЕТАТА ЦЕЛ!
    Шлагот секогаш иди последен на тортата,јас знам дека можиш,верувам во тебе!
    Има некои немаат ни родители,напуштени се,немаат ни друштво,ама сепак се трудат а знам некои и што многу успеале..(ете едно девојче лично што го познавам,беше повлечено не се дружеше многу со сите ја зафркаваа за изгледот дека запуштена после само 3 години таа стана дел од манакенките на шанел! и сето тоа со ТРУД И ВОЉА)
    Ако сама не се потрудиш се е џабе,собери сили и прво поработи на себе,после се си иди постепено!
    Мораш да пробаш!
    Зошто?-Па за тебе!
    Неможиш?-Мораш!
    Боли?-Трпи!
    Стигна до целта?-Ќе речиш вредеше!
    1+.jpg Толку од мене !
    Ти посакувам се најубаво и многу среќа :*:*
     
    На Rose96, okcenzi, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    496
    Една моја познаничка,исто беше затворена во многу слична ситуација како твојата од 17 години па се до 27години. Најубавите години и поминаа,ама еден ден кажа СТОП. Се стави себеси пред сите се среди психички и физичи, запиша факултет и стана човек. Така да главата горе и напред!

    p.s.
    Во оваа наша Македонија јас би им го одземала правото на родителство на 90% од жителите.
     
    На Rose96, Someonespecial, 63567 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.649
    Допаѓања:
    108.587
    За почеток, треба да се обидиш да видиш што би те усреќило и би ти ја вратило довербата - малку шминка, повеќе физичка активност и дели си комплименти самата на огледало. Обиди си да бидиш поопуштена околу луѓето и со тоа колку полесно ќе правиш пријатели толку повеќе ќе ти се дига самодовербата.
    ^Ова е да не речам, грубо кажано, во поглед на подлабокиот проблем кој го имаш ... што и да кажиме ние е безсмисла, самата кажа добро со почетокот на мислењето дека ти треба помош зошто ти си малтретирана толку долг период, заслужуваш одмор од тоа.
     
    На 63567 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    12.309
    Пол:
    Женски
    Знам како е кога во животот сите ти ја затвораат вратата.И јас поминав низ многу работи,ама мене проблеми ми правеше средината те. немав пријатели.Се чувствував исто како тебе,немав сила за ништо.Пред 2 и пол години на летување ги поминав најлошите мигов во мојот живот,бев со група организирана од мојот град.Толку навреди и понижувања претрпев што кога се вратив не личев на себе.После тоа ново школо,нови деца и претрпев уште толку.Сето тоа ме натера да го допрам дното,плачев,се повлеков многу,не бев сигурна во себе.Сето тоа до еден момент кога реков доста е,нема с да земам при срце.Во овие 2 години толку се сменив,си изградив самодоверба,она што го таложев во себе му оставив место да излезе на површина,станав поотворена,имам пријатели.Сеуште немам друштво,немам дечко,понекогаш се чувствувам осамено но,се борам да го променам тоа.Едноставно не дозволив сите тие работи да ме скршат,напротив станав личност каква што би требало да биде секоја една девојка.Со мојов пример сакав да ти посочам дека не смееш да се откажеш.Сите лоши мигови заборави ги,мораш.Со тебе сум ако ти треба помош пиши ми лп,но ова мораш да го надминеш сама.Мисли на убавата иднина,на денот кога ќе станеш некој и нешто,на денот кога ќе ја пронајдеш љубовта,на денот кога ќе станеш мајка.Запомни после ској дожд доаѓа сонце :sun:
     
    На mila1111, CoverGirl10, 63567 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.671
    Допаѓања:
    192.320
    Пол:
    Женски
    Не си ни прва ни последна во ваква ситуација за жал.. а животот на овој свет е пополнет со секакви ситуации и трње што човек мора и треба да се избори за да живее, тоа е всушност и самиот поим за живот.. да се бориш и да чекориш низ трњето не откажувајки се никогаш за самата себе си и подобар живот и покрај се.. покрај се низ животот!
    Секоја индивидуа сама си го одбира патот по кој што ќе чекори, тоа да ти е јасно, а ти си таа личност што треба да си постави цел како ќе чекори низ истиот.
    Наместо да се запустуваш себе си и да пропаѓаш барајки изговор колку тоа е тежок животот и дека ти не можеш треба да стиснеш заби и да речеш дека ти можеш да успееш и да се изградиш себе си.
    Најлесно е кога човек одбира да легачи и да се помири со дадената тешка ситуација и наместо да најде елан да се бори за себе си за нешто подобро тој пропаѓа се повеќе во трњата низ животот и чека да падне гром од ведро небо за да го спаси. Очекувањата можат да не убијат (заклучок).

    Отворено си кажуваш дека си малтретирана во училиште?! Треба да си поставиш граница на сето тоа и да си речеш на самата себе дека е крајно време да се промениш, да реагираш и да зборуваш со надлежните како за почеток а потоа и ти самата да проработиш на твојот карактер врз сокласниците ако сакаш да застанеш на цврсти нозе и да станеш човек пред се.

    Друга работа, во врска со родителите, ако секој твој обид за разговор со нив е неуспешен време е да се помириш со тоа нешто што не можеш да го промениш, за почеток пробај да ја пронајдеш својата мотивација за среќа во училиштето надградувајки се сама за себе си, можеш да пробаш да бараш и некоја работа за време на распустот и твоето време да го поминуваш продуктивно за себе и својата исполнетост. Значи потруди се, избриши ги солзите и дигни ја главата, кажи си дека и покрај се можеш да успееш ако се потрудиш и дадеш се од себе.. ќе видиш дека она што не те убива те прави посилна и поотпорна од надворешната околина.

    Немаш љубов, немаш подршка, немаш ништо велиш.. може грешам и ќе звучам сурово но сметам дека треба да размислиш малку подлабоко каде грешиш и во што грешиш за да се промениш, може навистина имаш во себе некој проблем што треба да го решиш најпрвен со самата себе си.
    И како за крај, штом си увидела дека вака живот не бидува пробај да бараш работа, нема ништо поубаво од свои финансии, довербата веднаш ќе ти се подигне а и ќе бидеш слободна да правиш што сакаш и да бираш каде сакаш и со кого сакаш да го делиш животот, не веднаш но со тек на време со трепение и упорност можеш многу да постигнеш и да се изградиш себе си.

    Значи, наместо да седиш и кукаш пробај да го помрднеш газот од стол и да проработиш на твојот живот.
     
    На 63567 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ordinary

    Ordinary Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    56.633
    Нашиот живот е наша креација.Се друго се само изговори,себесожалување и себеоправдување!!!
     
    На mila1111, 63567, eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    4.756
    Пол:
    Женски
    ЗА ТЕБЕ МОЖЕ ДРСКА И СУРОВА , НО ЈАС ЌЕ БИДАМ РЕАЛНА !!
    Извини , но овде ние неможеме да ти помогнеме ЗОШТО ти очигледно не сакаш сама да си помогнеш !!
    Ако твоите родители те изложиле тебе на стрес, ти го уништиле детството , ти го земале мирот ..итн
    .Што уште сакаш и кукаш овде ?! Тоа родители ли се , ако ти се биолошки незначи дека СЕ,Ќе пиела антидепресиви , зошто ?! Зошто не си способна да си го средиш животот ! Најлесно е да седнеш и да кукаш ДЕЈСТВУВАЈ ДЕВОЈКО 18 ГОДИНИ СИ !!
    Ќе станеш , ќе се средиш како што доликува на секоја девојка не за мене Трајко Петко за тебе , за да имаш самодоверба , треба да имаш желба за живот ТОЧНО Е РОДИТЕЛИТЕ ВЛИЈААТ НА ЖИВОТОТ НА ДЕЦАТА ,НО САМА ТРЕБА ДА ПРЕСЕЧЕШ.
    Има луѓе што изгубиле родители , деца ,немаат што да јадат , голи и боси се ...
    Твоето не е проблем , додека се самосожалуваш и сакаш другите да те сожалуваат не правиш ништо . Ти ако вистински бараш решение на твојот проблем , нема да го бараш овде ,туку во себе СИТЕ ПРВО ИМАМЕ ПРОБЛЕМ СО САМИТЕ СЕБЕ ПОСЛЕ СО ОКОЛИНАТА .
    Ќе гледаш малку посебично на нештата и околината , ако сакаш да станеш човек ..пошто од дома реално не те сметаат за тоа . Ќе најдеш работа , се осамостоиш И НЕМОЈ ДА ВИКАШ ЛЕСНО Е ДА ЗБОРИТЕ ВАКА ТАКА ИМА ЛУЃЕ ДАЛЕКУ ПОЛОШО ПА УСПЕАЛЕ !!
    СРЕЌНО !
     
    На 63567 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    3.857
    Пол:
    Женски
    Не си ти ниту за на психијатар а најмалку за антидепресиви на неполни 18 години. Сега мислиш дека ова е најлошото и најужасното нешто што може да ти се случи, но всушност постојат многу полоши ситуации низ целиот живот, а единственото нешто што ни останува на сите нас е надежта, како велат таа последна умира. :)
    Сега кога мислиш дека си го допрела дното, само малку размислувај по надежно, дај си сама на себе воља за живот, и најважното бори се за подобро утро.

    Најпрво среди се физички, негувај ја косата за да ја вратиш во добра форма, посети заболекар види што може да се направи со тие 2 извадени заба, ако не се напред не е толку страшно, а во случај и да се знај дека денес стоматологијата е многу понапредна, и решение се наоѓа.

    Не си ниту прва а за жал ни последна со такви родители, и воопшто не е лесно.
    Знам како е да си навредуван во училиште без разлика дали е основно или средно, знам како е уште на мали нозе да ти се сруши самодовербата секогаш да мислиш дека правиш погрешно, од некоја постапка што си ја направила да те исмејуваат а тебе очите да ти се полнат со солзи а на душата да ти се товарат грутки тешки како камења. И најлошото да немаш подршка, да слушаш како ја навредуваат твојата мајка.
    Лоши спомени за цел живот кои дел од нив сум ги искусила на своја кожа и сум била со нула самодоверба. :(
    Но со тек на време сфатив дека така не можам да продолжам.

    Сакам да ти кажам дека животот има и светли моменти, се зависи ние на кои ќе им дадеме поголемо значење.
    Бори се за се, спротиставувај се на навредите во училиште, не молчи, дај им до знање на непријателите дека тие не може да се однесуваат со тебе како сакаат, а најмалку да те навредуваат и понижуваат. Сигурно во училиштето имате психолог, можеш како за почеток таму да одеш на разговор да кажеш каква ти е ситуацијата и како се чувствуваш, за навредите во училиште може многу да ти помогне.
    Веќе од Април времето се затоплува и можеш да спортуваш, возење велосипед, трчање, пешачење. Освен што и ти би се чувствувала подобро, ќе испаднеш малку од дома, ќе намалиш и дел од тежината, па така мислам дека и би ти се вратила желбата за дотерување. :)

    Понекогаш многу мали работи можат да не направат да се чувствуваме поубаво.
    Бори се и не губи НАДЕЖ, решение се наоѓа за се, биди упорна:hug:
     
    На Rose96, 63567, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.511
    :bow:
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Askopje и eloves им се допаѓа ова.
  12. 63567

    63567 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    По неколку пати ги прочитав вашите совети и мислења. Ви благодарам многу за одвоеното време. :)
    Да не ве цитирам секој посебно, се согласувам со сите до некаде. Се согласувам со тоа дека се е до нас САМИТЕ и дека само јас сум таа што може да си помогне. Но не се согласувам дека ова моево не е проблем како што погоре некој напиша.
    Тоа и ќе го направам. Ќе пробам колку-толку да си го средам животов. :) Сега засега имам некои планови.
    Уште еднаш ви благодарам од срце. :)
    П.с болна сум и затоа дури сега ви одговарам, не можев порано.
    А и тие што ми напишаа лична порака нека не ми замеруваати нив сум им многу благодарна. :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и eloves им се допаѓа ова.
  13. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    562
    Пол:
    Женски
    Едно утро ќе се разбудиш во твојот кревет, ќе се истегнеш, ќе издишиш длабоко и ќе погледнеш во прозорецот од твојата соба. Зраци светлина ќе те опсипуваат, а ти ќе си речеш колку е убав животот.
    Ќе застанеш пред огледало, ќе се погледнеш физички. Ќе си речеш убава сум. Ќе бидеш истата онаа од предходниот ден. Чиста, совесна, самоуверена, силна. Ќе бидеш некој што животот и случувањата во минатото го научиле да застане на свои нозе и да се бори.
    Ќе го измиеш лицето на кое и онака немало ништо валкано, ништо од кое би се срамела. Ќе се облечеш убаво. Нешто удобно.
    Саканиот ќе те чека надвор. Ќе му се насмееш, широка насмевка што ќе надомести за секоја солза што си ја пролеала. Ќе бидеш среќна девојко. Ама, од тебе зависи се. Знам дека не е така лесно.

    Верувај ми дека ако бидеш упорна, и поубави работи ќе доживееш! Се најдобро!
     
    На Wahnsinn, Someonespecial и 63567 им се допаѓа ова.
  14. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Девојче мораш да се средиш прво со мислите и да си речеш млада сум,можам и морам.Ако на татко ти кој цел живот те навредува и потценува му поминал животот така не дозволувај и тебе да ти помине млада си имаш многу пред себе ако на се потклекнуваш и се откажуваш ( а животот удира шамари ) кај ти е крајот. Надвор светот е многу суров среди се се е до главата прво таму треба да си ги средиш работите нема песимизам и лоши мисли па после да видиш кога ќе бидеш со ведар дух како ќе се разубавиш и од надвор а лесна работа е другото ќе си држиш диета, ќе се средиш потшишаш и ред др работи прво убавината доаѓа одвнатре млада си толку да паѓаш во депресии и да се запоставуваш себе си ти имаш живот пред себе ама сето тоа ако сакаш само од тебе зависи.Ќе се запишеш на факултет нови пријатели,познанства може и љубов ќе си најдеш или мој совет доколку имаш можност замини си дали на брод или некаде во странство млада си ти си полна со живот има потенцијал во тебе јас верувам во тоа,а мораш и ти во себе самодовербата е многу важна да успееш во животот.:)
     
  15. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    1.182
    Пол:
    Женски
    Почни да си посветуваш внимание на себеси! Затоа што ако ти самата ме си посветуваш внимание, како сакаш другите да ти обрнуваат внимание?! Понекогаш треба самите ние да бидеме свесни за своите постапки,а не да оставаме на другите оклолу нас, па дури и кога се во прашање најблиските во семејството, и да чекаме некој друг да управува со нашите животи.
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.618
    Допаѓања:
    48.986
    Пол:
    Женски
    Вака јас ќе ти кажам драга моја.
    И јас сум имала сличен проблем и го решив кога се оддалечив од дома, кога заминав да студирам во друг град. Се сменив тотално и мислам дека и ти ќе можеш да се смениш на тој начин. Ако не се оддалечиш од местото и од луѓето кои ја цицаат сета позитивност од тебе, тешко ќе го надминеш тоа. Ти треба поддршка, мир а не секојдневен притисок. Треба и да веруваш, самиот твој став е многу важен. Ти можеш, ти сакаш и почни да работиш на себе.
    Според годините, уште си во средно, наскоро претпоставувам дека ќе одиш на факултет, оди во друг град ако имаш услови за тоа. А дотогаш посети психијатар и следи ги неговите совети. Ако ти треба некој за разговор можеш и мене да ми пишеш.
     
    На eloves и Priroden им се допаѓа ова.