Значи со мене незнам што се случува.Вака во текот на денот ,има период од 19 до 22 часот изгледам преубаво,тоа моето лице.Во периодот од 9-13 часот изгледам не убаво.Зошто има вакви периоди?Дали и на вас ова ви се случува?Што да правам?
Можеби е резутат на замор, обично и јас кога станувам рано наутро кога, имам обврски кога ќе се вратам дома изгледам исцрпено, подочњаци и сл... а за тоа после 19 часот навистина не знам
Иста сум и јас лицето ми е потемно и помазно очите ми се позелени и устата поголема. но после 1-2 часа сето тоа отиде го смена едноставно незнам ни јас што е .
Може да е од светлото, може да е од моменталната состојба (дали си среќна, тажна итн.), може да е од умореноста, можеби тогаш си станала од спиење... Од кај да знаеме ние. Оди на дерматолог (ако мислиш дека е сериозно).
Расположение, сон, количество електричество во тебе.. може да има повеќе фактори, можеби е и психа ти се увртело такво нешто.Исто како што денес истата фризура ми стои прекрасно и истата шминка , а вчера ни малку. мене барем ми се случува тоа
Може е и само до светлината, дневната е појака од ноќната па можеш повеќе да се анализираш и да си наоѓаш маани. Инаку јас кога не сум наспана ич не сакам да се гледам, на очите ми се познава бидејки ми се крупни и тогаш капаците како да ми добиваат друга форма . А се будам ненаспана, се погледнувам и си се допаѓам ептен , после некој саат веќе ми се познава уморот А најубаво ми е лицето после добар секс, или така ми се чини од што сум си расположена
Мислам дека промената е во твојата глава, ти така се перцепираш себси. Можеби тоа што го правиш во тој дел од денот влијае на тоа како се доживуваш во огледало. Други луѓе ја забележале промената?
И јас не знам што се случува со мојата. Секој ден се поубава и поубава сум...ова веќе е неподносливо, моите клупа пред порта ставија,од што чекаат ергени на ред.
Може е до светлината. Насабајле има јака светлина и можеш сите детали и мани на лицето да ги видиш. Ноќе т.е. на светилка нема доволно светлина па не се гледаат сите детали, бои и мани и добиваш илузија дека си поубава.
многу нормална појава, наутро си отечена поради насобраните токсини со кои се мачело цела вечер твојот организам, смени ја исхраната- обично оваа појава ја има кај лугето кои јадат посолена храна па затоа наутро се отечени и со подочњаци
Jaс од на работа кога ќе си дојдев дома бев испиена во лицето, анемична и многу уморна. Ама така беше зошто многу психички ме исцрпуваше работата, а условите беа катастрофа.
Така ти е зошто тој период си станала, а + ако си била уморна па си спиела уште по(не убаво ) изгледаш.
Се брише пудрата, се растекува маскарата, се мрси косата и слично. Или си шејпшифтер. Затоа носи си работи кои ти се неопходни за корекција на фалинките во ташна, и кога ќе се почувствуваш несвежо - освежи си го изгледот.
И јас имам забележано кај себе ваква промена и тоа најчесто кога сум нерасполо/ена тенот ми е потемен дури и лицето знае да ми се направи со бубулици и тогаш уште повеќе се онерасположувам .. Unbroken јас мислам дека промената на твоето лице односно твојата убавина е како резултат на повеќе причини прво на твоите негативни мисли кои на моменти ти поминуваат низ глава ,некои проблеми кои те измачуваат и со тоа ти ја исцрпуваат сета свежина што би ја имала кога би била добро расположена ,мој совет тие да не окупираш толку многу затоа како ти се менува ликот затоа што може да ти прерасне во поголем проблем ,пробај да се опуштиш да најдеш време за себе и повеќе дружи се и забавувај се и да добар сон нема да ти штети.