Да видиме кој каде моментално студира и колку е задоволен од изборот... Право на коментар имаат и новопечените бруцоши ... Оние што се запишаа на државен само ќе ви посакам многу десетки, убаво поминати студентски денови , и мноооогу нерви ќе ви требаат Да почнам ... Јас сум на Јустнијан Први правниот ...
јас сум бруцош денес се запишав на Филолошки-англиски јазик и книжевност,ако има некоја колешка нека се јави,инаку најмногу гужва имаше на правните,на мојата катедра мн малце
хелоу и јас се запишав на книжевност денес е сега, нешто не ми е јасно, зборував со другарка моја што се запиша на економски и ми кажа дека кај нив со пријавата давале ливче со број кое што подоцна кога ги предале документите им го завериле и им рекле да го чуваат затоа што ќе им треба за кога ќе ги објават резултатите.. се зачудив многу затоа што кај нас тие бројки ни ги кажаа усно.. :/
Jас сум филолошки за италијански јазик и книжевност и задоволна сум од изборот воопшто не се покајав што се запишав таму
Драго ми е колешке,инаку и јас така слушнав но пак една моја другарка ми кажа дека кај неа на италијански јазик и книжевност воопшто не им давале никакви бројчиња што е уште почудно зошто нели нормално е дека ке ти треба бројчето за подигање на документи,а мислам дека нема да имаме никаков проблем зошто сега скоро се е напраено електронски така да мислам дека е доволно да си го знаеш бројчето за да си ги подигнеш документите
Економски на УКИМ. Доста интересно е, си учиш цело време, се маткаш со книгички (дека мн мали се де ) и така. Се на се, за прва година се супер си заврши
Јас се запишав на економски на уким..... и ни даваа ливчиња со број... со тие ливчиња после треба по резултати нешто мислам.......
девојки може ли да си ги подигнам документите вцера ги внесов на економски сакам сега да ги земам да се зампишам на правен итно ми треба одговор
Оди што побргу на студентски и прашај ги, би требало да може пошо уште денес е уписот ако не се лажам.
Јас сум на оптометрија и очна оптика-Штип.. сега ќе сум прва година... ако има некоја феминка што студира ова нека ми каже како е, дали е лесно или не хехехе
Студирам на Филолошкиот факултет, катедра- општа и компаративна книжевност. Не сум презадоволна од изборот затоа што сакав Економски или моден дизајн, но што е тоа е. Не се жалам што сум на овој, но не се ни фалам. Кој сака да чита и кој сака да пишува нека повели.