Што јадете на работното место?

Дискусија во 'Храна и пијалоци' започната од rajna-vojvoda, 10 август 2011.

  1. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Феминки !!!
    разгледував и никаде не видов ваква тема(ако има нека се избрише мојава )
    мене лично многу ми е проблем а знам дека и на голем број девојки и жени...што да се јаде на работа???
    Што најчесто јадете, дали носите храна подготвена од дома , или купувате???
    колку може да се јаде здрава храна на работно место????
     
  2. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    333
    Зависи, понекогаш купувам перек, геврек, јогурт....... од дома поретко..... имаме кујна на раб (во болница работам т.е волонтирам) па најчесто и од таму добиваме храна.
     
  3. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    е колку убаво , имаш барем нормален оброк секој ден штом имаш кујна на работа, мене ми здосади од гевреци банички переци кифлици....имам изедено за2 живота :lol:
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    333
    Да убаво е .....не треба да мислам секој ден, што денес за јадење!!!! иако секогаш и не е нај нај храната :^)
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Значи 8 часа ме нема дома. Некоја строга диета не држам ама пазам што јадам посебно во зимски периоди кога на брзина се додаваат кг.
    Гладта и потреба за јадење успешно ја убивам со јогурт, чај, кафе. Честопати носам и некое овошје, еве сега бар јаболки и круши има во изобилство. Некогаш носам и некоја салата направена од дома а кога немам ништо геврек и житарки се мој доручек ;) .
     
    На eleni23 и getting.started им се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    8.961
    Допаѓања:
    77.234
    За жал морам да јадам бели пецива и такви ствари.Ама во последно време се трудам да станам порано па да јадам дома корнфлекс ,житарки или плазма со млеко.Во ташна носам секогаш јаболко или Витанова.Ако ме фати криза -а фаќа :worried: .
     
  7. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    секој ден си јадев банана и витанова , али незнам што е проблемов ама неможам никаде да најдам витанова :( нема во тинеџот кај мене у зграда ;(
     
  8. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    357
    Моментално јадам кроасан со чоколадно млеко..ммммм :inlove: :inlove:
    Инаку обично бели пецива, а понекогаш со колегите одиме на доручек во ресторанчињата, обично јадеме пастрмајлии, чорби, летно време салати...
    Инаку понекогаш знам и од дома да спакувам нешто набрзина, ем вкусно, ем си заштедиш! ;)
     
  9. Soncenka

    Soncenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Си носам некое сендвиче од дома, интеглално лебче со качкавалче и обавезно некое овошје. Доколку не си носам од дома, стандард како повеќето си купувам геврече и јогуртче или некое друго пециво :)
    Летово кога бев на друго работно место многу трошев пари за јадење, а некогаш знаев и од дома да си носам, сум носела и салатки, варени компирчиња од дома и обавезно овошје... Знаев да одвојам 1 час од времето пред да почнам да се подготвувам за работа за да си подготвам за јадење, зошто сакав да внимавам на исхраната а и да заштедам пари :)
    Но навистина многу се заштедува кога си носиш од дома, многу се радувам кога ќе си го поминам денот без да потрошам ниенда паричка за јадење :lol:
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.073
    Пол:
    Женски
    Имаш во Кам маркет :) Зелена опаковка(не ми текнува што вкус беа,ама знам немаа слој чоколадо и затоа и незнам што вкус беа зошто не ги обичам :D и се по 5 ден мислам ),од јагода(со бело чоколадо,омилените :inlove: ),со брусница(темно чоколадо) и се по 7 или 8 денари отприлика.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Геврече,смоки одвреме на време бурек со јогурт и обавезно нешто блачко.
     
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.101
    И мене ми се смачи од бели пецива да ви кажам, ама пак ме мрзи да земам нешто од дома.
    А овошје мене не ми е оброк тоа за десерт го сметам. :lol:

    Може од дома некогаш да си направиш сендвич или тост , сега барем во зима нема да се расипе - салама, кашкавалче, зеленчук малку.

    Можеш дури и салата да си направиш или некое полесно јадење (и кое нема да мириса наоколу).

    Евентуално и млеко и мусли, ама тоа бара многу носење чинија, лажица, млеко , мусли...

    Можеш и од дома да си направиш кифлички - со сирење, мармалад, мелено месо, крем, онакви мали ко за слава домашни кифлички, и така ќе заштедите.

    Аххх... се надевам дека некогаш ќе почнам да си ги применувам сопствените совети :lol:
     
  13. sreknadevojka

    sreknadevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    I jas go imam istiot problem na rabota za ovaa tema :D Vaka devojki .....sum probuvala sekoj den razlicno da si nosam od doma pa rucekot da go kupam ili naracam nesto od nekoe restorance, no ! ....dzabe e , povekje maltretiranje mi bese toa...taka da so vi saka dusickata toa da si jadete....so ako e zimski epriod i se stavaat lesno kg? ke dojde proletta pa ke pocneme so tie lesni jadenje i uzinki.....vo sekoj slucaj, eve ja so praktikuvam - za pojadok skoro sekoj dek si pravam od doma so integralno crno lepce sendvic(kaskaval ili zdenka so pilesko file i nekoe zelencuce ako imam u frizider) toa go pojaduvam nakaj 10:00 h....no pred sendvicot obavezno ama obavezno blago kafence(citav po portalive deka blagoto kafe mng pobrzo rasonuva) plus casa caj ! ne ste svesni koj efekt na energy go ima :D posle mozes cel den da ne pies kafe i da si bides svez/a.......znaci toa e pred sendvicot......e vekje nakaj 14:00 h praktikuvam da rucam ....obicno na rab ako naracuvam toa e kopance na skara ili nekoj stek so salata i pekarski kompir :) kako uzina isto jadam mng ovosje ili soncogled (isto za soncogledot citav deka drzi sitost i deka ima mng hranlivi i zdravi sosotojki)......i sekako za na kraj mili moi femininki VODA ....MNOGUUUUUUU VODA :) MWA
     
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.101

    Абе СРЕЌНА алал да ти е тебе, ама ние што немаме кујна на работа кај да најдеме копанчиња :lol:
    Мора да се тешиме со кифли од пекара. Или, нели, да си носиме од дома

    Уште една идеја ми текна - паштета, геврек и јогурт е добр акомбинација, ако имате услови и прибор да ја јадете паштетата :)
     
  15. sreknadevojka

    sreknadevojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    1
    Maja8.....ni ja neam kujna na rbaota no blizu tuka ima edno restorance.....nemora ova ete ubav primer dade so pastetata.....sea zimsko vreme mozes i makaroni od doma so sirence ili nekoj varen kompir da si nosis samo za da ti drzi sitost..... :)
     
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.101
    Да, тоа со макароните е добра идеја, може со сиренце, или пак руска салатичка да си направиш од дома... Ајде сите нека пишат по некоја идеја, за секој ден различно да си носиме :)
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.773
    Морам да признаам дека работава ја убива секоја снага и желба човек да држи некој здрав режим на исхрана а за диети да не зборувам.
    Конкретно јас единствено нешто што јадам на работа е појадокот кој си го купувам сабајлечки, кроасанче некое, бело пециво, бисквити, овошје - значи нешто мало и практично за со кафе.
    На работа ни е забрането носење на јадење а со самото тоа и јадењето е забрането, а кујната ја користиме само за кафиња правење.

    Едно време имавме секој петок заеднички доручеци ама и тие некако замреа.

    А искрено и не сакам на работа да јадам, не ми е згодно и убаво да го користам бирото за манџи и други глупости. Некогаш сум за жал принудена кога сме у тешки фрки па немам време ни да излезам. Но воглавно паузата ми е единствениот дел од денот кога можам да се макнам од овие простори и малку да шетнам макар отишла на по едно кафе.
    И со задоволство ја искористувам.

    Кога би бирала што би јадела на работа, најпрактично би ми било дома подготвени салати или некои тестенини. Најпрактични и да речам најкултурни ми се за јадење на работа.
    Евентуално по некој сендвич. Ете ви идеи :)
    А салати и видови на тестенини колку што сакате. Или по некој тост, м? ;)
    Евентуално направете си овошна салата со по некој овошен јогурт или корнфлејкс.
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Цели докторати имам на оваа тема :D. Имам услови за јадење на работа и како предлог би ви дала - пржени кришки, проја од дома, палента спремена од дома, печено јаболко со ореви, шпагети и остали тестенини, туна салата (туна, варен компир и малку мајонез без кромид да не бегаат колегите од вас :) ), домашни кифлички со ајвар и сиренце -не за друго сезона е сега на ајварот, оноа мачкање на леб со паштета, крем, џем, мед, маргарин веќе ми е превазиѓена работа и не ми е интересно веќе, па варени јајца, варени виршли, мусли во сите варијанти и со јогурт и со млкео....итд итд 8)
     
  19. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Женски
    па претежно муслии си прам со јогурт од виталија,не сакам кога треба да носам јадење од дома , а бели пецива и леб не јадам па така да многу ,многу немам избор за храна ,мози некој предлог да даде за нешто што не е калорично не е бело пециво а е супер за на работа оти во market работам и нее пријатно да јадеш нешто што се јаде пола саат
     
  20. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.101
    Еве нешто преземено од ВЕСТ:

    Што да јадете, а што не НА РАБОТА

    Го прескокнувате доручекот а цел ден сте на работа? Еве неколку совети како да имате енергија преку ден

    * Одберете го ова
    1 грст (3/4 шолја) ф'стаци
    183 калории, 7 г белковини, 9 г јаглени хидрати, 15 г маснотии (2 г заситени), 3 г влакна

    * Избегнете го ова
    1 грст чоколадни дражеи
    256 калории, 2 г белковини, 37 г јаглени хидрати, 11 г маснотии (7 г заситени), 1 г влакна

    * ЗОШТО? Не само што ф'стаците имаат помалку калории, туку се побогати со влакна и содржат помалку јаглени хидрати. Лупењето ќе ве забави малку, па нема толку брзо да ги изедете како чоколатцињата.

    * Одберете го ова
    2 коцки домашно чоколадо
    140 калории, 0 г белковини, 26 г јаглени хидрати, 4 г маснотии (2 г заситени), 0 г влакна

    * Избегнете го ова
    1 голем кекс со кандирано овошје и шеќерна глазура
    172 калории, 1 г белковини, 26 г јаглени хидрати, 7 г маснотии (2 г заситени), 0 г влакна

    * ЗОШТО? Пар коцки домашен чоколаден специјалитет содржат помалку калории од еден единствен домашен кекс. Покрај тоа, чоколадото е подобро за смирување на страстите кога се работи за слатки