Што и недостига на државата? Што има во другите држави а го нема кај нас? Ријалити шоуа, повеќе вип личности, подобри места за забава?
Прво недостасува елементарна култура кај народот, а во поглед на тоа што и недостасува на државата од аспект на организација и недостасува буквално се. Бидејќи се е отидено по ѓаволите одамна.
Се насмеав прво на понудениве ствари во воведот, ама па судејќи по темана за јавни фаци и кои се коментираат таму секој ден - може да се рече дека стварно и ВИП личности фалат...
Повеќе ВИП личности? А кој не е вип личност? Сликај се тро од поќе и одма си јавна фаца на инстаграм, не зезајте.
Да нема корупција. Мислам корупцијава е сржта на се што ни се случува во државава. Е тек кога ќе ја нема, ќе имаме подобро се.
Матични психолози, за личностите да почнат да негуват ментално здравје и да не мислат дека се кул ако се расфрлат со болести за некој друг. Just saying, tho.
Се и фали на државата.... ете и ГМО и фалеше, нема повеќе ни тоа да и фали. Децата наши немаат што да гледаат на мајчин јазик (освен синхронизирани турски серии), нема емисии, цртани, квизови ништо. Ние кога бевме деца, колку толку, се вложуваше во детска емисија - Дајте музика, детски фестивали со безброј детски хитови, Во светот на бајките, квизови, итн. Гледам србите си имаат детски програми со еден куп интерсна содржина. И не само децата, и ние возрасните... ако не е Лила со тој еден квиз на Сител, ништо не правиме. Порано се знеше, квизовите беа да научиш нешто, Сепак се врти, Кој Сака да биде милионер, Џандар Збира и полно други, барем човек ќе се забавуваше и ќе научеше нешто ново во животот гледајќи ги. Ама тогаш па глумците си беа глумци, пејачите си беа пејачи, не ги интересираше политика, што знам, фали тоа некако. Сега се прават политички митинзи и хепенинзи, јас кога бев мала се правеа музички хепенинзи на плоштад, со сите пејачи, оти така, народот требаше да се забавува... и оти ние дечињата требаше да трчкаме и да собираме автограми. Фалат градоначалници кои место да ги интересира џебот, ќе бидат навистина татко/мајка на градот и ќе сакаат од својот град да направат поубаво место за живеење. Ќе земат да ги исцртаат избледените пешачки премини на улиците, ќе ги зачистуваат депониие, ќе плаќаат навремено сметки во училиштата да не мора децата да седат во ладно, некогаш и без струја итн. Само во нашата држава градоначалник се бира по политичка партија, а не по заслуга, јеби га. Фали убавиот Охрид кој го испустија кога цело езеро го дадоа под концесија за кафичи, ги уништија трските и пола жив свет. Фалат прекрасните национални парковикои ги испустија, пример Пелистер кој беше прекрасен скијачки центар... кога ќе го видам напуштено детското игралиште кое крие без број детски спомени, или планинарскиот дом Копанки кој остана така рушен после пожарот и покрај толку години... ми е жал, и тоа многу. Фалат доктори, уметници, пријатели, луѓе........... Има уште многу да се пишува, ама некако ми падна тешко... не сум толкав емотивец, ама ете, пишувајќи го ова ми стежи, не знам зошто.
Недостига енергетска независност на повеќето домаќинства преку обновлива енергија (сонце, ветер). Недостига квалитетна инфраструктура, пред сè во форма на автопатишта и широко распространети железнички линии, особено врска со соседните држави кон исток и запад - тие се ефтин вид на транспорт на големо за разни видови стоки но и патници. Велат од 2015 година се работи на тоа па ајде да видиме во иднина што и како ќе се направи. Недостига и подобар менталитет, но тоа не се менува преку ноќ.
Јас мислам не сме силна држава и многу работи фалат од причина шо сме поделени се дисктиминација има на машки на женски работи на пример у Германија во Берлин жени возат таксиња тука да возат или ке ги зафркават или недај боже можат да направат нешто затоа и сме многу назад од државите што имаат моќ исто така сме поделени на муслимани евреи и уште што не роми...
На нашата држава не и недостига ништо туку на луѓето кои живеаат во неа им фали култура(секоја чест на исклучоците)
На државава ѝ фали саглам народ... Луѓе со култура и совест, што се грижат за околината, не оставаат мини депонии зад себе, знаат бон тон и како треба да се однесуваат на секое место каде одат, луѓе со чувство за одговорност, луѓе што си гледаат за себе, луѓе кои не се колат со свои роднини поради имот и општо луѓе на кои материјалното не им е свето итн итн. Потоа, ѝ недостига подобра економија, подобра инфраструктура... Вип фаците се мање битни, повеќе професионалност недостасува, кај сите кои се бават со нешто. Исто и саглам тв програми, нешто едукативно и корисно пошо отупеа новиве генерации.