Здраво. Не ја видов оваа тема никаде па затоа да ја отварам. На колку часа го храните вашето бебе? Ние сме 4 и пол месеци и до пред некоја недела јадевме редовно на 4 часа по 180мл ад. Сега бубушка не сака да јади толку често (веројатно ментален скок во развојот) па ме интересира на колку часа јадат другите бебиња на оваа возраст. Колку време без шишенце е многу долго време?