1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

помош! живеам во страв...

Дискусија во 'Канта' започната од sweetgirl91, 7 март 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sweetgirl91

    sweetgirl91 Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки. Се регистрирав само за да го споделам овој проблем со вас бидејќи е доста сериозен. Не сум кажала никому, освен на мојот дечко. Имам 21 година и сериозна врска со момче кое има 26 години. Идеме веќе 3 ипол години и се е ок, учам и успехот ми е супер, едноставно животот ми беше совршен се додека не забележав дека менструацијата ми доцни. Прво се надевав дека ми доцни поради стрес ова она.
    направив 2 теста кои беа позитивни и му кажав на дечко ми. По долго размислување, замислете одлучивме да го задржиме, сега сум бремена некаде три месеци. Проблемот е тоа што многу добар другар на дечко ми (инаку мене бивши) сакаше сексуални односи со мене и со тек на време почна да ми се заканува дека ќе му кажи на дечко ми дека тајно сме се гледале. не кажав на никого од страв дека неговата приказна ќе биде поверојатна со оглед на тоа дека порано идевме извесно време па се согласив. направив огромна грешка и се сомневам дека можеби од него сум забременила. Очајна сум и нема на кого да кажам и самата сум виновна А веќе сум трети месец. другар му ништо не знае од ова а ќе биде уште поголем проблем кога дечко ми ќе се пофали бидејќи веќе почнавме да размислуваме и за венчавки а другар му очигледно си има проблем и ќе направи се само да ми го уништува животот. Ве молам помогнете ми немам никого.
     
  2. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Морам да ти кажам дека оваа приказнава зошто си била со другарот на дечко ти ти е крајно НЕВЕРОЈАТНА, али ок шта је ту је. Со кратки зборови, ако добро разбрав, сега не знаеш од кого ти е бебето? Ова може само на шпанска серија да се случи. Види сега вака. Пресметај кога си имала последен пат односи со типот и оди на гинеколог да ти каже ТОЧНО колку време си бремена. Ако се далеку датите немаш гајле, ке извлечеш газ,али ако не не знам стварно...Веќе си заглавила долго со бебето. Сконцентрирај се и пресметај. барем за почеток.Кристеше кондом или нешто со другаров?
    И ич таквата да не те боли што ке мисли и што ке каже другар му, игнорирај го, кажи му дека нема да кажеш на дечко ти, туку дека ке му викнеш полиција следниот пат. Што си се уплашила тој па Бил ладен да не е? Стварно не можам да те сфатам.
     
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Си требала да го пишеш проблемот кога другар му на дечко ти ти се заканувал, а не сега.
    И зошто воопшто си се согласила да го задржиш бебето кога ситуацијата не ти е чиста?
    И имам милион прашања, но ситуацијата ти е доволно тешка, за да ја ти ја отежнувам уште повеќе.
    Само Господ нека ти е напомош!
     
  4. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    Ова некако повеќе ми личи на приказна за мали деца. А во сета приказна најчудно ми е како може некој да се согласи на секс само заради некои глупи закани? ако те разберат дека кај тебе палат закани ќе се испотепаат луѓето
     
    На Miss-dior му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Си направила огромна грешка,нема начин тоа да го поправиш.Колку и да ти се заканувал неговиот другар во никој случај не си требала да се одлучиш на таков чекор.Затоа сега ќе ги сносиш последиците,нема друго.Не ми се верува дека си се согласила на сексуални односи само поради закана.И ако тоа не било вистина,немало потреба да се грижиш.Сега,не знам што да ти кажам.Најубаво да му признаеш на дечко ти,глупо е да мисли дека детето е негово ако не си сигурна дека е.
     
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Е човек сам ако не си го зае*е животот... :x Не знам што очекуваш. Поддршка да лажеш? Поддршка да ја кажеш вистината? Јас имам само едно да кажам-НИКАКО не смееш туѓо дете да му подметнеш на било кого! И ако мислиш дека нема да се открие, верувај, кога-тогаш ќе се дознае. Не само што премногу си згрешила изневерувајќи го дечкото, а приказната за тоа зошто навистина ти е :puke: ... Ако навистина било така, требало да му кажеш на дечкото. Ако не ти поверува во тоа, не е за тебе. Сега веќе ти не си за него. Си го изневерила, си го лажела, а дури пробуваш да му подметнеш и туѓо дете...(и пак некој друг ти е крив). Добро, кога веќе си го изневерила, кога веќе си знаеш дека детето не е негово, со кој памет 1) одлучуваш да го родиш и 2) одлучуваш и да го лажеш дека си забременила од него? Не ми се верува :x . Извини, ама за мене ова е страшно. Многу незрело постапуваш, не мислиш на никој друг освен на себе, а си помислила ли што ќе биде утре со тоа дете?! Како ќе го гледаш и раснеш кога ќе те отфрлат и едниот и другиот? Си помислила ли каква болка ќе биде тоа за твоите родители, кога ќе дознаат што била во состојба да направи нивната ќерка? Требало порано да мислиш, сега човек кој совет да ти го даде? Проблемите не се решаваат така што ќе ги игнорираш. Така само може да станат уште поголеми. И мислам дека веќе ако си решила да раѓаш, време е да седнеш да зборуваш со родителите, или за почеток барем со родителот со кого си поблиска. Во цела оваа кашканица мислам дека најмногу тие можат да ти помогнат. Верувај, ова ти го кажувам како родител. Родителите не се секогаш среќни за глупостите што ги прават нивните деца, ама по првата лутина и бес, секогаш се тука да помогнат.
     
    На imelda и sesilija им се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Девојко ама ти ептен си ја
    укакала
    работава. :x
    Џабе е сега солење памет, и размислување за она-што би било кога би било.
    Сега треба да размислуваш со ладна глава, биди разумна и присебна. Размисли убаво што и кога си правела, кога точно си забременила. Посоветувај се со гинеколог. Навистина незнам каков друг совет би ти дала.
    Ако испадне она полошото,тогаш признај му на дечко ти, па тој нека одлучи. Крајно подла работа е да подметнеш некому туѓо дете.
    Ти посакувам многу, многу среќа...
     
  8. VbetiV

    VbetiV Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    3
    spanska serija
     
  9. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Колку си ти блиска со човекот што планираш да стапиш во брак ?
    Доволно му веруваш за да се омажиш со него а недоволно да си му кажела за заканите од другарот?
    Не ми е јасно :whew:
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Овдека не се работи само за подметнување некому туѓо дете.Можеби и детето е на од дечкото на девојкава.Автоматски еден проблем повлекува друг.И да биде се како што треба, сепак останува да виси во воздух сексуалниот одос кој го имала со другарот на дечкото.Ајде да претпоставиме дека ќе биде и свадба. Бебето ќе дојде на свет, ќе се формира семејство и се ќе биде идилично.И првиот момент кога дечкото ќе дознае за изневерувањето и баналната причина за истото, тој брак ќе се распадне.Не верувам дека некој би поминал преку сето тоа.Па ќе настане хаос, проверување на ДНК на бебето да се утврди чие е.Стресови за неколку семејства.Девојката ќе биде етикетирана, напуштена, а бебето секако ќе расне без еден родител, без разлика чие е.Значи овдека индиректно се решава за судбината на трето лице, кое во случајов е најневино.
    А и да не се дознае, со ваква грижа на совеста не се живее нормален живот.И кое лицемерие ќе биде во прашање, кога другарот ќе дојде на гости, бидејќи е другар нели?
    Уште не е предоцна за абортус.Јас сум најголемиот противник за абортуси, меѓутоа оваа ситуација може да упропасти најмалку три животи.Па помеѓу две зла треба да се одбере она побезболното.
    Не знам, јас уште се чудам на паметот, да дозволи некој на таков начин да ја уценува.
    Требало да се реагира на време, а сега веќе бељата е направена.Само прашање на време е кој ќе излезе најмалку повреден од целиов овој шпанско-турско-индиски лавиринт.
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Како тоа на 21 година некој ќе те уценува да спиеш со него и ти туку-така ќе прифатиш?
    Си требала на дечко ти да кажеш, на брат/татко, било кој, да го скрши од ќотек, па да видиш дали ќе му текне да бара нешто.
    Мене ми е мака кога ќе видам колку лесно народов потпаѓа под туѓо влијание. И тоа не за ситни работи!
    Ај силување ќе сфатам. Ама „Спиј со мене или ќе кажам ова она.“
    Па кажи бе, кажи. Ако треба ќе снимам со телефон како ме уценува и ќе си докажам што е и како е.
    Имајте свое јас, изградете своја цврста личност пред на млади години да почнете да патите поради непромисленост.

    Туку ај да не судам сега кога веќе биднало.
    Кажи ни ги твоите планови. Планираш да кажеш на дечко ти? По секако фер би било да кажеш дека си спиела со друг. Или ќе кажеш на кретенот дека може носиш негово дете? Знаеш ли и самата што воопшто би направила?
    Сега прво размисли кому што и како да кажеш и објасниш, a за понатака си има ДНК тест. Греота ќе е и малото и идниот сопруг да ги чуваш во незнаење и заблуда, а и самата да не знаеш чие дете одгледуваш.
     
  12. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Прво размисли дали го сакаш детето и по цена да го растеш сама ? Фторо со кого сакаш да бидеш ? Сигурно не си спиела со бившиот само ради закана да не се лажеме. Уште не е доцна за абортус , но ако сакаш да се венчаш за сегашниот дечко мора да се увериш дека бебето е негово. Мислам дека сега може да се направи амино синтеза за днк но за тоа ке ти треба крв од барем еден од двајцата татковци. Полесно според мене е да побараш од бившиот ,така ке ја елиминираш работата. Мислам дека тој нема да те уценува дека ке му каже бидејки не верувам дека ке сака да се венчата зошто ми делува за неодговорен. Ако детето е на дечкоти мажи се , ако не абортирај или мажи се за бившиот трето нема.
    И да не каже сега бившиот а детето е негово ке се дознае покасно и ке биде постаршно.
     
  13. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Одиш три и пол години со дечко ти? Па тој не ли знае дека си одела и со другар му? Али ај, да го занемариме тоа... Како си дозволила некој толку глупаво да те уцени? Ќе кажел- па што нека каже, уствари ти си требала тогаш се да му кажеш на дечко ти. Верувам дека полесно ќе го преболи тоа дека другар му ти е бивши(бидејќи крај краева тоа било и поминало), одколку тоа дека девојкаму спие со неговиот добар другар. Тука ти е грешката, тогаш си требала да реагираш. Ама кога веќе и тоа не си го направила, јас сега би ти советувала да не лажеш во никој случај. Знам дека е тешко и треба многуууу многууу храброст за да се каже такво нешто, ама ако не кажеш ќе можеш ли да живееш со нечистата совест? А башка вистината кога-тогаш ќе се дознае. А колку поскоро се дознае толку подобро. Околу гинеколозите не можам многу да те советувам бидејќи и самата малку знам, ама еве направи како што ти кажаа девојките погоре. И кажи му на дечко ти, како и да е не заслужува да го лажеш. Ако е детето негово ајде можеби и ќе се извлечеш некако, ама ако е на другар му што ќе правиш?! Иако тој другар ми изгледа како кретен, еве да кажеме негово е детето и сака да те земе? А тогаш па што ќе правиш, ќе можеш ли да живееш со тој човек што наводно ништо не ти значи? И третата опција, ако останеш сама, дали и тогаш ќе го сакаш детето? Убаво размисли мила, голем проблем имаш, не е игра ова, не е шала, не дозволувај утре детето да плаќа... И уште еднаш ќе ти кажам. По мое, лажење никако!!! Самата себе се лажеш а другите не, вистината кога тогаш излегува на виделина. Ти посакувам мнооооггггууууу среќа, ќе ти треба. Храброст и ум исто така.
     
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Сите си пишуват мислења, а од девојката ни трага ни глас...
     
  15. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Истава приказна е пишина е на гламстик само таму нема никакво заканување туку свесно го направила тоа додека била лута на дечко и спиела со другар му, сега е 3 месец бремена со дечко и размислуваат за свадба ама таа не знае чиво е бебето. И годините им се исти како во приказната горе.
    Јас мислам дека се премногу случајности за да бида случајни.

    Како и да е, неможеме од тука да ти кажеме чиво е бебето а за ДНК мислам е рано. Тој ’’другар“ уствари не му е другар на дечко ти и додека не почнал да те уценува дека ќе му каже на дечко ти дека бебето е можеби негово, средија работава. Седни со дечко ти и разговарај. Можеби ова нема да има среќен крај, ама за тоа сама си крива. Во никој случај не те жалам што те уценувал. Имаш доволно години за да знаеш што да направиш, а тоа што си го направила не е правилно.
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ништо, ќе си го чуваш како да е твое ;)
     
    На Abeja и Marilyn-Monroe им се допаѓа ова.
  17. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Мислам дека девојкава измислува приказна,а и да е вистина доколку не сакала немало да има секс со другарот на дечкото-не станува збор за силување ,а толку сериорзни закани дека и упатил не верувам.. :?:
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    дека постојат вакви случаеви , постојат-девојка/жена има односи со двајца во исто време, забременува па незнае после кој е таткото :x пукнал презервативот ли, не ни користеле воопшто...
    а што не ни пишува, тоа е најверојатно во паника, животот и станал како кошмар па кутричка незнае каде се наога.И посакувам многу срека и на најбезболен начин(ако постои) да ги речи работите додека е време
     
  19. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Доколку е ова вистина, а некао не ми се чини така, мислам дека е најдобро детето и да не се појави на овој свет. Да се разбереме, јас сум против ама во оваа ситуација ми се гледа како најдобро решение. Е сега, ако е вистинита причава, како бе тоа ти се заканува :fubar: и ти идеш и се е ок, ама не користите никаква заштита. И ти се молам каков е тој негов другар на дечко ти, што сака да ја легне девојката од другар му. Мислам не ми се јасни овие работи. И на крајот, па ако те уценувал, со тоа што ќе му кажел на дечко ти, па ако де нека каже, тогаш ќе се видеше кој со кого си има работа. Мислам дека џабе е пишуваново, ама ај
     
  20. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба убаво да размислиш кога последен патои си имала односи со бившиот и да провериш на гинеколог како што рече BellaDona23. Ако испадне дека можно е да е тој (бившиот) да е татко, тогаш мораш да му ја кажеш вистината на дечко ти. Ќе седнеш со него, убаво ќе му објасниш, зошто се случувало сето тоа, па се надеваме дека ќе те свати. И мене не ми јасно п***у м***р како си можела да имаш дечко што го сакаш и да се гледаш со бившиот, јас тоа не можам да си го објаснам ама ајде. Не ти судам ама те советивам да ми кажеш на човекот има право да знае. Ти посакувам среќа
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.