здраво на сите. сакам да прасам дали некој знае да ми помогне,имам мал проблем....на одморот у будва првите денови се запознав со еден дечко и се гледавме секој ден. една вечер испивме малце повисе и заврсивме во апартманот.за време на сексот видовме дека кондомот се скинал и прекинавме. сега мене ми е страв од сексуално-преносливите болести или усте полошо..од хив. кога со дојов од одмор разговарав со гениколог (не му казав дека типот не го познавам мн добро) и тој ми рече дека сексуално преносливите болести не се пренесуваат само од еден секс. како и да е..мене ме е страв и ми треба помош! П.С дечкото ми рече дека секогас имал заштитени сексуални односи,амааа...јас не можам да ми верувам 100%
Иако би требало, сепак нема да ти попувам и да те осудувам за твојата неодговорност прво. А што да правиш и дали имаш закачено нешто ние неможеме да ти кажеме, направи си проверка така ќе си бидеш најсигурна. И уште нешто, сигурна си дека не сврши во тебе?
А што можеме ние да ти кажеме само да те утешиме да не мислиш толку лошо.Најпаметно ти е да си одиш и да си направиш неколку испитувања колку повеќе чекаш толку полошо.
Велиш дека си се посоветувала со гениколог,епа тогаш посоодветен одговор од него нема,друго ништо не ти преостанува само да веруваш во зборовите на типот дека секогаш имал заштитен однос и мој совет е да си направиш тестови пошто по муабетот сватив дека не го познаваш типот ни малку и не знаеш ништо за него ако сум грешка те молам исправи ме.Неколку тестови нема да ти бидат на одмет направи ги и ке ти олесни ти посакувам да се негативни и верувам дека такви ке бидат.
Да бе не се пренесуваат од еден секс , кој будала ти го кажал ова доволна е и една пенетрација за да се пренесе нешто вака сеа.. за хив преку обични тестови треба да чекаш да минат 6 месеци што е многу ќе отидеш во институт за јавно здравје и ќе прашаш таму има тестови кои се прават по 2-3 недели од односот се зема крв од вена, тие се малце сензитивни ама подобро нешто отколу ништо. За останатите ППБ треба да минат три месеца, а за ХПВ една година па и повише па да провериш