феминки партнери?

Дискусија во 'Барање работа' започната од butterfly.mk, 29 август 2014.

  1. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.065
    дали некоја од вас размислувала да се здружи со друга феминка за основање бизнис,и да се работи за отворање бизнис преку земање кредит да се потпреме една на друга?
     
  2. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.498
    Пол:
    Женски
    Јас! не фала!
     
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Платени убијци за свекрви би бил доста лукративенн бизнис, во кој би инвестирала 50-50, ама пуст закон |(
     
    На elen4e22, Mika 90, butterfly.mk и 7 други им се допаѓа ова.
  4. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    11.435
    Убаво почнала темава со шеги :D, а вчера кога ја видов и самата тема ми се виде малку смешна.

    Јас сум прва кога треба да се поддржи добра идеја за start up бизнис, но освен самоиницијатива потребна е и конкретна идеа и добар бизнис план. Не е доволно само по себе да си кажеш: еј почнувам свој бизнис! Ми треба само бизнис партнер, едно кредитче и ќе "врне пари" за кратко време, а и сам свој газда ќе си бидам.

    Батерфлај, да се основа бизнис со некого само на основа на членство во форум, е безмалку наивно. Не си споменала конкретен предлог. Или пак и немаш некоја точна замисла, важно е да се почне бизнис?! Како што реков, добро е што имаш желба, ти преостанува уште да ја конкретизираш и разработиш идејата.

    Познавам случај на две девојки кои се запозна преку ФБ и започнаа заедно да работат, но клучниот момент е дека и двете се препознаа во заедничките интереси, ставови и цели. Затоа мислам дека и не е толку неверојатно овде да пронајдеш истомислени(к)чка, но појди од сопствените интереси. Ако некоја форумџика ти оставила посебен впечаток во тема, област што тебе те интересира и препознаеш во неа потенцијален бизнис партнер, исконтактирај ја во лп со конкретен предлог.

    Кога сме кај бизнис идеите, еве една идеа од мене. Кога ги гледам сликите на Серафима (прости што вака јавно те именувам) во Фемина инстаграм, не еднаш сум помислила дека девојката ако веќе нема, треба да си отвори своја кетеринг фирма и да биде креативната сила во истата. Веќе си има овде голема група фанови, кои може да бидат и потенцијални клиенти утре.
     
    На Domakica, Giovanna и AziskaStrslenka им се допаѓа ова.