Здравоо, оваа наредна недела имам распуст и знам дека ќе бидеее многу досадно, пробав да направам план за како ќе помине, ама не успеав, ако може да ми напишете некој или некои идеи да дадете, фала однапред
Како што разбрав од предходните постови, живееш во Хаг, Холандија. Епа јас таму бев 1 месец кај тетка ми и ќе ти предложам неколку места кои можеш да ги посетиш со другарките или со фамилијата. На пример, можеш да одиш во забавниот парк DrieVliet! Супер е таму, а мислам и дека си слушнала за него. Има различни атракции и слично. Мене многу ми се допадна. На ова студено време добро би ти дошло да отидеш на топлиот базен во Wassenaar! Исто така, можеш да одиш на шопинг со другарките во Центар. Друго интересно место е Долфинариумот. Еве тука можеш да се информираш за него. http://www.dolfinarium.nl/ Можеш и да одиш до Madurodam, Omniversum или во кино. Шетај се низ парковите, уживај едноставно во градот. Се надевам дека ти помогнав барем за нешто.