На нас поклон ни донесоа вакво столче за ханење и е жива катастрофа воопшто не е практично. Нема пречка мегу ножињата и синко за малку ќе си го пронајдев на земја, напред масичето не се вади и неможеш да го измиеш а и башка дрвено е не ни може да се мие, не е практично за пренос од една соба во друга, џабе фрлени пари.
Да ви кажам мамички на другарка ми малото се преврте од вакво столче од памет се извадивме, 5 души потрчаа по него ама касно беше ај што падна...па згора на тоа дрвото врз него цело.... Така да јас кога ќе купувам ќе барам обична хранилка...не експериментирам со вакви работи
За идните мамички да препорачам овој модел Секако треба да се купува и пари да се даваат, овие мдоели имаат барем двојна опција, односно се користат од +0 каде бебчето може да си лежи додека ние готвиме, јадеме... и втората опција од плус +6 како класично столче за хранење. Кас нас стои монтирано и си го гледам сеуште, ама делува многу практично и стабилно. Се надевам ќе ги оправда позитивните критики кои ги прочитав.
@danichap ова изгледа баш практично две во едно само не сум видела вакво низ дуќаниве во Скопје Ако знае некој нека пише...
Од локо кроко купивме количка...не видов вакво нешто таму јас ај баш да ги прашам специјално може не им е све изложено
Нашето столче за хρанење завρши 'неславно' . Се сκρши,не ме пρашувајте κаκо ама се сκρши. И сега,еве веќе недела дена синκо не саκа да седи и јаде буκвално стоејќи потпρен на малата масичκа. Во потρага сум по столче, κое би се монтиρало на столовите за ρучање,да можам да го κоρистам подолго. Неκоја мајκа да има таκво?
И син ми прееска за малку ќе испаднеше одоздола, ужас е. Сестра ми имаат такво од икеа и е многу симпатично и ефтино и планирм сега кога ќе одиме во Грција на одмор да му купам такво
Ubava rabota se stolcijnava od kako go imame malata se na stolce ja hranam koga jademe nie i taa si jade,koga si rabotkam nesto niz kujna ona na stolce i si jade nesto
Ние имаме од лорели канди го добивме на поклон уште не ни е употребено за месец дена кога ќе почниме да седиме ќе го испробаме
пред една недела го купивме столчево, моделот е Tom на FreeOn, 3600 ден. бебушко си го сака, си ручка и си игра во него, а и стабилно е кога тој се врти и провиснува со главата надолу да види што има
Istovo go imam, samo so buvovi i zelen posluzavnik. Super zadovolna..go koristam okolu mesec ipol veke..