1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

„Колач на среќата“

Дискусија во 'Рецепти' започната од strangewoman, 30 јуни 2010.

  1. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    367
    Дали сте слушнале за овој колач? Ако не можам да ви кажам 2-3 збора за него :) Се приготвува 10 дена. Да да :) Смесата е квасец со некои други состојки и стои 10 дена во фрижидер. Секој ден ја мешаш смесата и при мешањето си замислуваш желба за одредени личности. На 5тиот ден се додава брашно, шеќер и млеко. Потоа го мешаш се до 10тиот ден каде се додава истото како и на 5тиот ден. Потоа сместа си ја делиш на 4 дела од кои во едниот треба да име повеќе и тој останува за тебе а другите три дела ги даваш на жени кои сакаат да го направат овој колач. Во твојот дел потоа си ставаш јајца, пециво, ванила, кора од лимон, ореви, суво грозје и масло. Потоа си го печиш и има неверојатен вкус. И што е најинтересно се случуваат убави работи и те следи среќа. Има еден пример каде жена што го првела истово од кога го направила на пат за на работа си нашла големка сума на пари и синот и го примиле на работа. Јас сум до 8миот ден па ќе видиме што ќе излези на крајот. Ако некоја е заинтересирана за ова можам да и кажам количински од кое колку се става :) Ама најважно е да се одгледува квасецот од срце . :)
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Мајка ми го правеше пред некоја година, ама не обрнав внимание што и како. Малку ми беше шубе да јадам, дека 10 дена стоено тестото, ама се наканив и каснав... сепак вкусен е. А што се однесува до среќата... не знам, не забележав дека нешто посебно се случи, може на мајка ми и се исполнија тогаш желбите :)
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека после десетиот ден , колачот треба да се даде на три или на пет девојки. Една другарка го правеше и ми нудеше парче , ама не сум јас за вакви работи. 10 дена да треба да го мешам, за мене тоа е обврска , а јас како сум заборавена ќе го оставам, ќе ми текне после две недели дека колач правам :D
     
    На sofijacasas и unlucky им се допаѓа ова.
  4. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    367
    Хехе ние си го правиме тимски ако заборавам јас мајка ми го меша :) Ако е некоја од ПП можам да и дадам дел после 10тиот ден :) па нека си ја проба среќата
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Мајка ми го правеше..И го дадоа и тоа така на брзинка а она немаше ни појма што е тоа и што се треба да се прави..Се измалтретира со денови мешај..мешај..па после печи..И на крај сама скоро си го изеде :D ..Јас залак пробав..А бе не верувам дека има нешто, зашто ништо не се ни случи после тоа :) ..Тоа е сугестивно..Го викале Хиландарски колач, затоа што од таму и потекнува правењето на истиот.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.096
    Искрено,глупост ми е.Тоа јајца,врагови во него,па и во фрижидер да е стоен...па уште испомешано од пред сто месеци,па сега ти го муткаш...ма не бре.
    Еднаш мајка ми донесе вакво чудо,од куртоазие го прифатила,татко ми во шоља го фрли,шубе му беше.
    Делете си од тоа габите на среќа и комбухи,шо ти ја знам,бар здраво е за пиење,а не ова...гледам сите се посреќија после колачињава.Муабетов,више коа немаш пријатели касни си благичко,ќе ти биде подобро.
     
  7. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    367
    Секој си има право на мислење фала богу и да потекнува од Хиландер затоа и некои така го викаат :) Иначе сосе јајца не стои во фрижидер тие се додаваат на крајот. Искрено досега и јас го немам пробано ама од слушање велат дека бил вкусен.
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    како тоа немаш пробано, а велиш дека со мајка ти заедно го мешате колачот??? :^)
    ами откако го испечивте, не проба? :^) чудно :)
     
  9. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Да,имам пробано,мајка ми го правеше пред околу пред 1 месец и секој ден во текот на 10 дена ја промешуваше смесата.Мене лично многу ми се допадна овој колач.Сега ме потсетивте ќе ја натерам пак да направи њам њам :P :D
     
  10. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    367
    Читај малку убаво погоре ќе видиш дека имам напишано дека сум до 8миот ден :) т.е денеска веќе е деветиот !
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    и мене ми е чиста глупост искрено, бабински муабети.
    ЗА јадење го имам јадено, мајка ми го правеше, уствари само требаше да додаде нешто и да го испече. И незнам зошто мораше да лупне суво грозје во него. Ме бркаше низ стан за да ми го бутне во уста, и сув е, ништо посебно, ама ајде да се испочитува адетот...се дели на 3, а еден дел се задржува.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.200
    Пол:
    Женски
    Сакаа да ми тупнат еднаш вакво нешто, ама нема шанси бре да се мафтам десет дена со ваква некоја глупост :lol: Мада сите другарки го изредија ова, па пак некако не ми се нешто посебно среќни :wasntme:
     
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    па и мајка ми го правеше демек за среќа... да не кобам многу ,ама од среќа ни С не виде...
     
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Не сум пробала ама мислам дека ова е глупост.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.749
    Допаѓања:
    65.200
    Пол:
    Женски
    Па да не беше глупост сите жени ќе беа среќни :D
     
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    :D :D :D точно. И цел свет ќе го правеше ова. :lol:
     
  17. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Мајка ми еднаш зема да прави и го оставила во пластично канче на шпорет и татко ми го вклучил шпоретот баш тоа каде што бил ставен колачов и кога примети,додека го тргне од пластичното основата испари :D :D :D е*ати колач на среќата,ми отвори само работа сеа да чистам-тоа беа зборовите на мајка ми :D :rofl:
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    16.973
    Допаѓања:
    233.203
    ни јас не верувам во такви глупости ама овој колачот многуууу е вкусеен,го имам пробано ама да го правам нема шанси,ко демек среќа ќе имаш...како да не :) ама па колку е само вкусен а и плус многу внимание сака,секој ден размесувај го и се така 10 дена...мајка ми нејке ни да слушне :)
     
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158


    ииии??? шо бидна? инаку јас прв пат од вас дознавам за вакво нешто :$
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    :D :D си го крстат кој како сака, али во суштина тоа е ,,маја,, од која се прави леб. Така порано бабите меселе леб. Се немало секој ден да се става квасец, туку од комшиите земале тесто и со тоа замесувале лепче. Или пак намерно чувале на ладно тесто за да после 3-4 дена пак месат.
    Е сега младите снаи :D измислиле колач па додаваат суво грозје, цимет и др. (кој што сака). На повеќето им се допаднал колач и така си оди од рака на рака.
    Инаку факт е дека најсладок леб е од ,,маја,, кој тешко се наоѓа во помали пекари ;)