1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

“Напред розово 2012 – чекори против ракот на дојка“

Дискусија во 'Политика и настани' започната од belluci, 17 мај 2012.

  1. belluci

    belluci Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    12
    [​IMG]
    На 19-ти овој месец на Плоштад Македонија ќе се одржи четвртата традиционална Кампањата за борба против рак на дојка, насловена како “Напред розово 2012 - чекори против ракот на дојка“.

    Здружението „Борка - За секој нов ден“, во соработка со Здружението „Интегритет Алфа и Омега“ и Амбасадата на САД во Република Македонија се организатори на овој настан.

    Повеќе од 1.500 учесници ќе се вклучат во розовата прошетка и ќе пешачат цели 3 километри со цел да испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.

    Во прошетката ќе земат учество сите граѓани на Република Македонија, вклучувајќи и организирано учество на поддржувачи на Борка од градовите низ Македонија. Откако ќе заврши прошетката ќе следува организиран музички настан и неформални социјални активности со едукативен карактер, социјални игри кои ќе имаат за цел да овозможат луѓето, т.е. борците против ракот на дојка да се зближат, да се дружат и да го слават животот.

    Големи подржувачи на кампањата и задолжени за музичкиот настан се пејачите Биба Додева, Александра Пилева, Дани Димитровска, Маја Гроздановска, ДНК, Игор Узунов, Тони Зен, Фани Христова, Елена Ристевска, Елена Петреска, Роберт Билбилов, Кристина Арнаудова, Леа & Eye Que, Влатко Илиевски, Тамара Тодевска и други.

    Ќе бидете ли дел од оваа кампања?
     
    На meandyou му/ѝ се допаѓа ова.