<object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/tnhVv1gUH9g?fs=1&hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/tnhVv1gUH9g?fs=1&hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object> сдк водителов лом ја напраи.. емисијава прв пат ја гледам на youtube и стварно е добра.. алал да му е на водителов...
Сакам да кажам... Во контекст на мислењето на Велешанка сакам да кажам дека водителот врска нема од живеачката негова. Колку е исфрустриран чиниш ќе и рипне и ќе ја фати за врат дерејќи се "Зошто ма со фризерот, зошто не со мене?". Е*ате човечето. Јас да сум ќе му речам ќе ти одговорам кога проклето ќе си ја зачепиш чурулката. Најтрагичното е што си го полни егото врз простакуша што незнае 2 збора да сврзе како целина. Мочко патетичен, заглавен во комунизмот
Сакам да кажам... според мене баш е ок бидејки е единствен до сега што и кажал што мисли за неа, за големиот брат и има храброст да го каже тоа на тв.. а и понатаму во емисијата вики си кажува дека вредело да го прави тоа на тв за тие пари што и ги дале
Во центар со Васко Ефтов Не е единствен што и кажал, мене да ми ја доведат јас ќе и кажам, сето тоа е направено за Васко Ефтов да заработи т.е. во екот на популарноста на Голем Брат тој ја викна Вики во емисија. Нормално дека народот ќе гледа, посебно ко што сме познати како сеирџии сите. Гледаноста на емисијата (бедна) му рипна тогаш, само не е свесен колку се испобрука и колку народ му ги прочита фрустрациите меѓу редови. Башка што он не е никој да кажува што и како правела Вики Ралева. Зошто би се сметал компетентен незнам. Ама това е това. За гледаност е се направено. Он се избрука и јас се изнасмеав колку е беден
Сакам да кажам... Васко Ефтов е кретен.Тоа што го направи беше повеќе од простачко,ниско и непрофесионално.Сите ние ги знаевме тие работи,а тој се најде најпаметен јавно да руга и при тоа да се прави херој,а да не зборуваме дека и го направи тоа на девојка која може да му биде ќерка,која е интелектуално далеку под него (со ова докажа дека се тука некаде до душа),а што е најинтересно искуствата им се сосема различни.Вики е проста и неизживеана,ама сепак не беше начин,ниту беше нешто спектакуларно.А начинот на кој што зборува човеков во емисијава,јас се срамам за него....простак недоделкан.Ништо повеќе од девојката и нејзините родители,само што преференците им се движат во различни правци.Рамно на хистерија. Ете тоа сакав да кажам.
Во центар со Васко Ефтов Васко Ефтов може има некоја квалитетна идеја во тоа тинтарата, но лоша реализација. Прво, не дава соговорникот да дојде до збор. Крајно е напорен и некултурен. Веројатно гледал некоја таква емисија, каде водителот е дрзок, отворен и директен, ама со усул бре. Епа Таско Хефтов го нема. За илустрација, еве пародија со Марче. Не сум го гледала тоа со Вики Ралева, и без да го погледнам претпоставувам дека ја искасапил, а не е ни место, ниту време за тоа. А па која е дотичната Ралева , па да се става на мегдан со неа? Ако толку му држи, нека повика на двобој некој на повисоко интелектуално ниво, па нека одмерува сили. Ако кутриот соговорник успее да дојде до збор, од се'знајкото Ефтов. http://www.youtube.com/watch?v=cW2vqPQiFxM
Во центар со Васко Ефтов Васко Ефтов претерува со своите монолози и залудно кани гости кога не ги остава да дојдат до збор.
Во центар со Васко Ефтов Имаше еден виц што Трендо го кажа во една прилика: Само Чак Норис може да изговори цела реченица во интервју со Васко
Во центар со Васко Ефтов Не сум гледала ни една негова емисија, освен на јутјуб со вики на кратко. Тој човек ми е премногу никаков, гледа само да го понижи соговорникот, а не да каже нешто паметно И не ми е интересно да гледам монолози.
Ме нервира кај Васко што цело време он збори, не дава ништо да кажат, ни да се одбранат , Бог да чува....За на крај по негово да испадне... Го имам гледано неколку пати кога изнервирани гости си стануваат и не го довршуваат разговорот... Ама и Вики е далеку од светица, па убаво и кажа, ама добро се држеше... Али интервјуто со татко и е закон!!!
Леле човеков значи no comment! Стварно незнам во кој филм е влезен.Си мисли он се знае,се ќе разоткрие. А тоа што е малку дрзок и што не дава човек да дојде до збор е за никаде.Некогаш ми изгледа како да си прави монолог сам со себе. И да е интересна емисијата (иако и баш не е),поради него нема да ја гледам.
Мене па искрено ич не ме нервира човекот, дури и ме воодушевува некогаш колку е запознат со се и сешто, да не речам портарка без разлика на која тема се зборува. Е тоа што само тој поголем дел од времето баботи е друга работа, ме потсеќа на адвокат некој, напаѓа, па сакал неќел соговорникот, ќе му се „испушти“ можеби нешто
Очекував искрено дека ќе наидам на образложена тема која потикнува дискусија и ќе можам да напишам некој ред во врска со Васко Ефтов а воедно ис неговата емисија Во центар. али темава дечки е ..... Мислам не сакам да критикувам, ама јас како што знам кога се отвара тема се образложува малку да потикнеш дискусија контруктивна на одредена тематика. Овака се е без концепт. Инаку....Васко Ефтов инаку ми е доста образован лик, информиран што е најбтино, со добро осмислени и добро спремени и обработени теми. Има храброст што малку кој новинар ја има, а и ги нема многу од овој калибар на истражувачко новинарство, единствено можам да се сетам на Снежана Лупева. Емисиите му се секогаш интересни, секогаш актуелни, и доста информативни. Е сега....човекот знае да биде нападен, пресензационалистички настроен, дури дрзок и арогантен. Нормално дека и мене ми смета неговата особина да ги преккинува луѓето во сред реченица, ама едноставно го прифатив како таков и сметам дека има таква замисла за својата емисија, затоа и ги прави таквите монтажи, понекогаш имам осет дека емисиите ги монтира по неговата замисла, без оглед што кажале гостите. Но во никој случај не можам да кажам дека не го бива, дека е досаден или пак нема способност. го бива, само некогаш знае да претера во наметнување на своите ставови и мислења и намерно и исфорсирано правење на сензација. Тоа е, афекција и влијание на западот. Сензација продаје
Човек заглавен во комунизмот, без никакви манири и кулутра. И најбитно лепи етикети и е полн со предрсуди (ја прашува Вики што ќе речеле комшиите, па се опна на тетоважите, ах дебил) Треба да му се воодушевувам на стар човек што плеска во фаца на 20годишна девојка? wow стварно е ѕвер. Не е поентата да го кажеш тоа, туку на кој начин ќе го кажеш. Нема никаков речник, колку сака нека е образован. Не му личи на годините. Провоцира и толку е дрзкот што не изгледа озбилно, ко некоја марионетка што го движи некој во позадина. Каков е тој разговор да напаѓаш некого, без да го оставиш да се брани и да каже што мисли и зашто тоа така. Зошто воопшто ги вика гостите во емисија. Нека си излезе, нека си каже што сработил, што открил и готово. Или најубаво нека си пишува колумни, ионака никој неможе да даде коментар. Монолог си води цело време. Сам против сите. Може завршил факултет у рекодно време, ама прво одделение гарант го рипнал. Коа не учеа на култура.
Емисија не сум гледала ниту една, меѓутоа имам гледано инсерти на youtube откако ми пофалија како јако ја срамнил со земја Вики, и ајде...македонска работа. Крајно безобразен, без никаков осет ниту основна култура. Не е суштината да се биде новинар во тоа да се придерава, прави најпаметен и не остава простор за контра, што многу ме иритира. Она што сум го гледала е во главно монолог, што и те како е лошо, како да нема сила да се справи со реплика па дури ни своите реченици не ги доискажува од брзање.
Ај што е крајно одвратен, туку е и непрофесионален. Поставува 1000 прашања у минута и таман да почне да одговара некој, одма мора да го прекине нешто, демек да се надоврзе. Па добро, сочекај малце, да се докаже соговорникот, па после лупај колку сакаш. Што ако е новинар, треба малку и почит да се покаже, сепак тие луѓе што зборуваат во неговата емисија, тој самиот ги викнал и ги поканил да му дојдат и за зборуваат на одредена тема пред камери. А за ова со вики што беше, е тоа мислам дека му беше врвот. Од толку што сакаше да си направи рејтинг на емисијата и демек да се "покаже", испадна полош и од нејзе затоа што едноставно дозволи да се спушти толку ниско и да падне на нејзино ниво што, кога го гледав клипот, буквално јас се срамев, и од него и од прашањата и од одговорите. Па уште кога ја фати за тетоважите...