„Животот е премногу краток за читање лоши книги“

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Cinderfakinrella, 1 август 2018.

?

Дали се сложувате со оваа констатација?

  1. Да

    28 глас(а)
    59,6%
  2. Не

    5 глас(а)
    10,6%
  3. Секој труд вреди да биде прочитан

    11 глас(а)
    23,4%
  4. Сѐ уште не сум сретнал/а лоша книга

    3 глас(а)
    6,4%
  1. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    7.410
    Пол:
    Женски
    Феминки и Феминковци, туку што прочитав: „Животот е премногу краток да би читале лоши книги.“
    Па, би ве запрашала како одредувате дали некоја книга е добра или лоша? Дали постојат правила, критериуми или пак, сенс е во прашање?
    Мојот таканаречен критериум е следниов: Ако не ме „дирне“, сматрам дека залудно си го трошам времето.
    Која е поентата ако не можеш да си створиш визуелизација на прикажаните ситуации, ако не ви пробуди било какви емоции... Било да се поврзани со смеа, тага, копнеж, страст, емпатија...

    Ако не е добра темава (досадна е или нема смисла), или пак сметате дека е дупла: КЛУЧ НА ВРАТА :)
     
    На Someonespecial, SV1911, Joi и 6 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.900
    Допаѓања:
    113.380
    Не можиш да кажиш дали чини или не книга дур не ја прочиташ. Ама, има некои книги кои ми се напорни и ако не ме влечи да ја прочитам - нема да ја прочитам иако на момент би се заинатила за да ја прочитам. Сепак, нема од старт да ја отфрлам, туку ќе ѝ дадам на таа книга шанси да ми се смени мислењето и да ја дочитам.
     
    На Someonespecial, КикиМаус, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    37.538
    Мене ако не ми тргнат првите неколку страни, најверојатно ќе ја оставам и веќе нема да ја фатам. Пример: The Choice, од Николас Спаркс на македонски јазик преведена. Толку не ми беше јасно каде е случувањето, кои се тие многу ликови во првите неколку страни, буквално премногу натрупано ми дојде ко за почеток. Можеби и до преводот беше, не знам.
    Тоа е најчестата причина за да престанам да читам некоја книга, а со насловот на темава не се сложувам генерално, бар јас имам доволно слободно време да читам и добри и лоши книги. Никогаш не сум рекол за некоја книга дека е бадијала прочитана и дека била залудно потрошено време, ако веќе сум ја прочитал до крај.
     
    На КикиМаус, SV1911, Cinderfakinrella и 2 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    16.476
    Допаѓања:
    149.183
    @Ketchup исто ... 30та страна ми е круцијална. До 30та ако 'не ми фати умот', ја оставам.

    Иначе, зависи од вкусот.
    Не секој сака да чита филозофски книги, не секој сака љубовни романи, не секој сака трилери итн..
    Плус, и во секој жанр има различни стилови на пишување, различни теми се обработуваат...

    Колку пати, светски бестселери ми биле ужасно досадни... Верувам и на други им се случувало.
    Не може да се повлече линија: оваа книга чини-онаа не чини и да важи за сите луѓе исто.
     
    На КикиМаус, SV1911, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.561
    Допаѓања:
    10.961
    Пол:
    Машки
    Според мене нема лоши и добри книги, постојат само книги кои ни се интересни и оние кои ни се помалку интересни . Од секоја книга може да се извлече некоја поука и порака. На нас е само колку ќе се потрудиме да ги откриеме.
     
    На Mari*, КикиМаус, stetoskop и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.244
    Допаѓања:
    136.433
    Пол:
    Женски
    Некако не се сложувам со оваа констатација. Нема критериум, барем не е исто за секоја индивидуа, која книга е добра, која е лоша. Многу книги биле напишани од почетокот на човештвото па до ден-денес, и се уште се пишуваат. Голем дел станале светски класици, познати и признати насекаде, а друг дел останале тотално анонимни и непознати.

    Критериумите според кои една книга е добра/лоша можеби ги одредува стручна фела - писатели, критичари, луѓе кои што го проучуваат пишаниот збор. Ама не секогаш нивната оценка се поклопува со онаа на пошироката читателска публика. Чија проценка е поверодостојна не знам, ама не можам да судам според туѓото мислење дали една книга вреди или не, ако самата не сум ја прочитала.

    Мое мислење е дека од секоја една книга може да се научи по нешто, затоа сметам дека книгите вредат. Вреди да се чита, ако ништо друго, барем да се збогати речникот, да се научат нови работи и да се отворат нови видици. Сметам дека луѓето што читаат, макар и лоша книга по сите критериуми се подобри од оние кои воопшто не читаат, дури ни дневни весници.

    Книгите не ги делам на добри и лоши, туку ги делам на оние кои ми оставиле впечаток и пробудиле некакви емоции во мене и оние кои сум ги заборавила веднаш штом сум ја прочитала последната реченица. Да, има и такви, сум заборавила дека сум ги прочитала, затоа што едноставно, не побудиле којзнае какви емоции.

    Јас сметам дека животот е прекраток за да се прочитаат сите добри книги, и се каам за одреден период од животот кога стагнирав со читањето. Сега надоместувам.

    П.С. А со она „30 страна е круцијална“ - не сте ги читале книгите на Умберто Еко очигледно. На почеток се досадни, се чудиш дали да читаш понатаму... ама после се отвора цел нов свет... „Името на розата“ ми е омилена.
     
    На do-re-mi, Someonespecial, Petar80 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    16.476
    Допаѓања:
    149.183
    Меѓу другите, и Библијата престанав да ја читам на 30та страна :D

    Од Умберто Еко, немам ништо прочитано. Арно што ми кажа да 'истуркам' повеќе од 30та... да не знам, ќе ја баталам :)
     
    На Cinderfakinrella и Annath им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    16.244
    Допаѓања:
    136.433
    Пол:
    Женски
    „Името на розата“, ако ја најдеш, прочитај ја. Ама глеј постари изданија, макар и на српски нека биде. Модерниве преводи не ги бива.
    Е сега што знам, може и прашање на вкус е. Не е лесен Еко за читање, мора малку мозок да уклучиш. Ама вреди. Секоја страна.
     
    На Petar80, Cinderfakinrella, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    16.476
    Допаѓања:
    149.183
    Можам и на англиски... оригиналниот текст.
    Имам киндл и таму ми се сместени сите 'убави' книги :)

    Фала за препораката.
     
    На GoodGirl45, Cinderfakinrella и Annath им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.583
    Допаѓања:
    94.026
    Емоции кај мене, во зависнот од денот, може да предизвика и глупава тинејџерска љубовна лимонада или шпанска серија со лоша глума. Тоа не значи дека е добра, значи дека јас имам лош ден или сум премногу емотивна. Исто и кај книги или филм, не почитувам кога акцентот е ставен на тоа од тебе само емоции да влечат, видливи реакции да предизвикуваат. Може после читање/гледање ќе речам -добри се, но штом после одредено време ги заборавам значи за моментално задоволство ми се. Затоа и од толку многу книги прочитани, се сеќавам со наслов и автор само на неколку.
     
    На toogood, crimson, GoodGirl45 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.994
    Допаѓања:
    37.538
    @Annath, не оставам книги додека сум на почеток затоа што се досадни, туку затоа што не можам да ги разберам поради начинот на кој се напишани. На пример и Ана Каренина ми беше досадна на почеток, но разбирав за што се работи. Напишана е така што одма може да си направиш слика во глава за тоа што се случува. Просторијата, ликовите, сѐ е детално опишано. Можеби и тоа барам во првите страници, повеќе детали за да ме упати кај сум и што сум.

    Не сум го читал Умберто Еко, ќе ја побарам книгава.
     
    На GoodGirl45, Cinderfakinrella, Joi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    9.972
    Допаѓања:
    52.520
    Сум оставала книги затоа што ми биле досадни. Сум се мачела страна по страна со месеци да ја прочитам и на крај ја имам оставено. И не ми е гајле, не ме интересира што се случило на крајот. Претпоставувам во тие периоди сѐ уште не сум имала изградено сопствен стил на книгите што сакам да ги читам, не сум си го познавала вкусот доволно. Одамна ми се нема случено да оставам книга.
    За недостиг на време, никогаш нема да постигнам да ги прочитам сите книги што сакам, така да, веројатно не би ни почнувала некоја што не би сакала да ја прочитам.
    Во однос на правилото со привлекувањето на почетокот, за мене "Сликата на Доријан Греј", на пример, е книга која не импресионира на почетокот, а целата убавина на книгата стрмоглаво се зголемува како што одминува секоја страна. It literally snowballs. Последните 2 страни се најимпресивниот дел од целата книга! И на форумот имаш многу луѓе што ја почнале и не ја дочитале затоа што им била досадна.
     
    На Someonespecial, SV1911, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.737
    Пол:
    Машки
    Мислам дека сенс е во прашање, но и констатацијата е точна во однос дека животот е краток за да читаме лоши книги. Добра книга си е добра книга исто како и музика и слично.
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.693
    Допаѓања:
    50.145
    Пол:
    Женски
    Мене не ми значи ништо оваа реченица. Сум читала и читам книги иако содржината не била каква што сум очекувала, односно биле прилично досадни, но не можам да оставам недочитана книга кога веќе сум ја почнала. Неколку книги токму на крајот, на последните страници ме воодушевиле.
    Сметам дека секоја книга е вредна за да се дочита до крај. Секоја нова страница нуди нешто ново.
     
    На Natural91, Таа Сум и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.089
    Пол:
    Женски
    „Животот е премногу краток за да читаме лоши книги“, мала исправка во насловот. :)

    И да, се согласувам со констатацијата. Затоа одамна почнав да читам само класици (кога не читам стручна литература).
     
    На Lella, Joi, Cinderfakinrella и 2 други им се допаѓа ова.
  16. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.286
    Ne me rodila majka za nekoj da me maltretira. :(

    Godisno procituvam po 55-65 knigi I kolu 20 pocnuvam I nekade na 60-70 str. se otkazuvam zosto me maltretiraat.
    Teska filozoija e za sega da objasuvam sto, koga I kako me voodusevuva.
    Treba vo momentot da me pogodi knigata, znaci da se poramni so mojte potrebi, emocii,....

    Klasici ne citam I ic ne se stramam od toa. :nod:
    Treba sega da se falam pred narod da ne si pomisli nekoj "kolku ne sum nacitana".;)

    I koga sme kaj klasicite da napomenam deka taka se unisti citackata publika na balkanot.
    Samo so knigi koj morase da se procitaat pa ti vidi sakas ili nejkes. I se razbira 90% od ucenicite ne citaa.
    Jas koga ja prasav ucitelkata na moeto dete "sto da cita?", taa mi rece "bilo sto, sto saka, samo da se cita, zatoa nie ne predlozuvame knigi, sekoj ima svoj vkus koj minuva niz razni nivoa". :nod:
    Decata citaa mnogu I toa bese trka vo skolo. Sekoj den koj sto procital vo kratki crti go raskazuva I dobiva :*: zakacena na dzid.
    Dobar recept da se izgradi citacka publika

    Ima edna emisija "Posle Rucka" na youtube ja gledam. Bas ja imase ovaa tema "sto ja ubi citackata publika na balkanot?". Fala bogu se setija dek toa klasicite "ne ubija". ]:)
    Mozat drugi raboti da ne ucat , ama da ni kazat sto treba da citame, toa nemoze, odminaa tie vreminja zaminaa, dojde nekoe novo vreme.

    Citaj te si sto mi pravi merak na dusickata I ic da ne se sekirate za " komsivkata dali misli deka ste mnogu pmetna".

    I uste mallku da kazam :rofl:

    Otvorete lugenca tema za chick lit literatura, rajski ke si popravime moabet.
    Site citame chik lit, mozda ne "trashy chick lit" ama sepak.

    Sto mislite , deka historical fiction ne se chick lit, ili trileri, misterii ?
    Toa e zanrot samo mallku po sufisticiran. :lol:

    :bow:
    Inace da Vi kazam deka I Komsivkata cita trashy chick lit ama skrisno, za pred narod "samo klasici". :lol:
    Ja sogolev "komsikata". :rofl:
     
    Последна измена: 3 август 2018
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Долг период читав се и сешто.
    Опсесивно читање слично на прејадување.
    Најразлични туѓи мисли,без вистинска смисла и порака,беа всушност бег од реалноста.
    Поради тоа се сложувам дека треба да се внимава што се чита. Толку многу квалитетни книги постојат,а ги тргаме на страна,поради "лесни" и популарни во моментот.
    Подобро еден класик месечно,отколку пет исчитани ,а на кои не се ни сеќаваме.
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Natural91

    Natural91 Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Па ако го читаш Таневски и Лајла да краток е :D
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    It's all about taste and perception...

    Ако на одредена личност некоја книга и е здодевна или лоша, за некој друг истата книга може да биде интересна и одлична.

    Постојат многу луѓе на планетава и секој си има различен вкус за тоа што сака да чита.

    Никогаш немало дефинирано одредени стандарди за тоа што ја прави една книга лоша или добра (освен ако има неправилна граматика, содржината не е организирана по логички редослед, има многу печатни грешки, итн.)
     
    На Lella, Bender Rodriguez, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    7.410
    Пол:
    Женски
    Го преведував од српски, фала на замерка :)