Дали ви се случило да знаете како некој се чувствува? Како да сте во негова кожа? Јас секогаш можам да почувствувам како некој се чувствува. Едноставно добивам вибрации од чувствата на луѓето. Ми се има случено некој што не покажува емоции да знам што чувствува и ќе го прашам дали се чувствува така и секогаш сум во право. Ако сакам, секогаш можам да дознаат како некој се чувствува или какви намери има. Ама ако сакам. А некој луѓе имаат толку силни емоции и испуштаат толку силни вибрации, што можеби и без да сакам знам како се чувствуваат. Сакам да подискутираме на оваа тема. Дали и вие можете да го почувствувате она што другите го чувствуваат? Примате ли вибрации од другите луѓе? Дали сте во право? Им ги знаете ли намерите на луѓето околу вас? Дали влијае врз вас да знаете како некој се чувсвтвува? На мене влијае. Ако човекот испушта многу вибрации јас некогаш и без да сакам ги примам и тоа многу влијае врз мене затоа што кога осетам дека некој е тажен, одма и јас се натажувам, ако некој е вознемирен и јас се вознемирувам итн. и тоа ме прави многу емотивна и затоа не покажувам во јавност никакви емоции (освен пред тие што ми се многу блиски). Но, има и личности на кои не се ни обидувам да им ги дознаам емоциите затоа што не сакам, а има и една личност што за мене е како затворена кутија. Само на него му ги немам дознато емоциите, освен еднаш, осетив само тага и толку.
И јас така сум почуствувала,секогаш кога разговарам со некоја блиска пријателка на пример, среќата или тагата која ја чуствува ја соживувам во себе.Целосно се посветувам на разговорот или пак без да ми се отвори ќе претпоставам дека има некој проблем..По погледот препознавам почесто.
Најверојатно не знаете. Затоа што за мене еве ретко кој знае, а сум го чула тој коментар стопати. Не знаеш додека не почувствуваш на своја кожа.
@ColoursOfTheRainbow спомна вибрации, па јас се осетив како тагирана или на некој начин повикана да шкртнам нешто. Неретко, со причина сме до одредена личност. Многу често причината е што се чувствуваме исто( вибрираме исто) иако за тоа не сме свесни. На некој начин се привлекуваме тие што сме на иста бранова должина. Постојат нормално и други причини поради кои баш тогаш, или многу често сме до одредена особа која има некаков "проблем". Што се однесува до емотивноста. Човечки е да сочувствуваш со другиот, од крв и месо сме си не сме од камен. Обично знаеме како му е или го разбираме некој, затоа што сме биле или моментално се наоѓаме во иста или слична ситуација. Едно е да сочувствуваш со другиот, а друго е да се осеќаш неубаво ,да вибрираш "ниско" после муабетот, средбата... Се што е претерено , не е убаво . Неискажување на емоции, оние највисоки, најсилни емоции од "ниската "скала ( како тага) доведуваат до депресија... Исто и со неискажување на силни емоции од "високата" скала, на пример радост... Примаме вибрации од другите најчесто кога сме изморени, ненаспани ,замалушени. Тогаш сами по себе сме на ниска фрекфенција па се "лепат" повеќе негативни мисли ( а тука и негативни ставови, или иницираме средби со одредени личности за кои ние сами сметаме дека некако ни влијаат лошо). За џабе не рекле, на убав ден ни камче на страна не пуцаш.
Често го слушам ова. Во ред, им благодарам на разбирањето, но тврдам дека не знаат. И подобро никогаш да не почувствуваат на своја кожа.
Среќна сум за туѓа среќа, тажна сум за туѓа тага. Многу лесно се сочувствувам со нечија болка, никогаш не научив да не дозволам да допрат туѓите судбини до мене. Како некој се чувствува, можам само да претпоставам, освен ако и јас самата не сум била во таква ситуација. Макар што и тогаш не значи дека ќе биде исто, многу други фактори се во игра.
Јас не зборувам за коментари од типот Знам како ти е, или да се радуваш на туѓа среќа, а да си тажен за туѓа тага. Значи ми се има случено чувствувам во себе дека некој (близок) е тажен абе ме боде. И ги прашав сите блиски како се, да не има некаков проблем. Не можев дури ни да заспијам. И по два дена го дознав тој што бил тажен и причината. Не зборувам за сочувствување, или да знаеш како некој се чувствува затоа што си поминал низ исто. Зборувам за силно осеќање на чувствата на другите луѓе, најчесто блиските.
Имам голема навика да јас лично за секоја слушната сториа, секоја тага и болка, секоја разочараност и проблем се ставам на местото на дотичната личност, ја чуствувам и мозгам во себе како јас би се почуствувала на нејзино место, еве ова ми е вродено некако во мене и не можам против тоа, па да така секогаш и насекаде можам многу лесно да почуствувам нечива болка или радост на нечие лице и очи, и општо дотичниот однос на одредено лице. Одговорот е да, обично пречуствителните лица ја имаат оваа доблест која што значително често преминува во проблем и јад во себе си.
Сигурно си емпат. И јас сум таква. Прашај го Гугл ке ти биде појасно. Поzдрав и не ни е лесно што сме такви.
Емпатија. Ова не е дека ти ги чувствуваш истите чувства како повредениот, ама до некој степен можиш да ја почувстваш неговата среќа или тага и тоа да влијае на твоето однесување и расположение. За ова со „вибрациите“ неможам да не се согласам со @Ginger^ . Ми се чини како ние сите луѓе да сме на одредена „бранова должина“ и начинот на кој „вибрираме“ ги привлекуваме или одбиваме луѓето. Доколку поради различни промени во вниманието ние ја промениме нашата „бранова должина“ човекот до нас тоа ќе го почувства. Нема да почувствува колку сме тажни, на пример, ама ќе знај дека човекот е тажен, и тој се чувствува слично на него.
Што е потребата што секој втор сака да мисли за себе дека е добар психолог, дека има некакви посебни способности да ги чита луѓето, нивните мисли, емоции... Некогаш е едноставно да ја почувствуваш енергијата или емоцијата што некој во себе ја носи, не е мистерија, го познаваш човекот, долго си примала секакви информации за и од него па не е толку тешко ортприлика да се препознае кој во каква состојба е, не треба да си баба Ванѓа. Некои се внесуваат детално во разговорите па бараат скриени пораки, пречувствителни се па реагираат на нечии најмали промени на однесување. Премногу се внесуваат во други личности и нивните животи па оттаму и тие "вибрации кои само тие ги чувствуваат". Веројатно сте пречувствителни, или малку депресивни, можеби анксиозни, па секоја ситница ја приметувате и анализирате, макар и без да сакате, мозокот едноставно ви работи под полна пареа. Ако видам отворена рана на колено пример, ништо чудно да ме здоболи и мене коленото. Но ако раната е покриена нема логика да знам дека има рана и мене да ме здоболи. Така и со емоциите, тоа што чувствувате нечија емоција веројатно е затоа што ви е дозволено да ја видите. Преку поглед, однесување, тажна насмевка во дел од секунда, како и да е, нешто ја издало. Нема ништо натприродно во тоа.
Како што вика Монк: It's a blessing and a curse (се шалам ). Најчесто можам да осетам како се чувствуваат блиските, дали се тажни, среќни, исплашени, нервозни... За другите не можам да го кажам истото, веројатно затоа што не ги анализирам и не се продлабочувам толку во нивните чувства. Да скратам, се согласувам со @Bridget во потполност.
Кога јас ќе кажам дека знам, значи навистина знам. Толку болки сум почувствувала во животов (радост нешто помалку) така што навистина можам да ја почувствувам емоцијата на другата страна. А таква сум и по карактер сочувствителна и се ставам во туѓата кожа за да видам низ нивна призма што е и како е.
Мн добро знам како се чувстуваат оние кои ги сакам. Поготово кога станува бор за некој мој близок пријател или некој кој мн ми значи. Кога некој ќе ми каже како се чувствува јас веднаш можам да се ставам на негово место бидејќи мн работи ми поминале во животот.
Тие што ми се блиски знам како се чувствуваат со самото тоа кога ќе ги погледнам. Јас и старосватицата еден период имавме брачни проблеми. Тоа беше на почетокот на бракот. Тие што ме читале во темата за свекрвите знаат за што зборувам. Буквално... Истите проблеми. Кога ми кажуваше за тоа, одма се присетив на мене. Се препознав во нејзините муабети. Се вознемирив затоа што знам како е. Таква сум. Со оние што заслужуваат сум емпатична.
Темава. Впивам ко сунѓер и после ме мачат многу прашања. Често сум во право (за жал!) и многу посакувам да сум грешка. Ако некако сум придонела низ разговор да дадам до знаење дека сум тука, малку ми е полесно. Од друга страна секој човек си има свој пат и некогаш треба да пуштиме личноста сама да се избори. Има ситуации каде ни совет не е доволен, каде ни блиски нас не нè сфаќаат ама затоа подалечни луѓе се поблиски во животот и..тоа е парадоксот, но и убавината. Да знаеш дека си разбран макар и од странец некогаш е многу повредно од било што друго.