„Крвавите“ реки

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Lovely93, 23 мај 2014.

  1. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    http://www.kalimero.mk/%D1%80%D0%B5%D0% ... %BD%D0%B0/

    Не бев сигурна каде да ја сместам темава.... Ова не се случува прв пат и нема логично објаснување. Верувате ли дека настанов е предзнак на доаѓањето на Исус? Сте слушнале ли дека светот многу ќе страда од Американците за на крај Русите да победат и во светот да има еден владетел - крал? Се зборува дека ќе избие Трета светска војна во скоро време и дека ова со реката било поврзано со се што ќе се промени.... Јас обично не верувам во вакви работи, но би сакала да слушнам и други мислења. Ништо не би ме чудело веќе. 8)
     
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    3.099
    Пол:
    Машки
    Во откровението по св.ап. и ев. Јован читаме:

    8:8 Затруби и вториот ангел - и како некоја голема гора, пламната во оган, се сринаа во морето; и третина од морето се претвори во крв;
    11:6 Тие ќе имаат власт да го затворат небото, за да не паѓа дожд во деновите на нивното пророкување, и ќе имаат власт над водите да ги претвораат во крв и да ја поразат земјата со секаква мака, кога што ќе посакаат.
    16:3 И вториот ангел ја изли чашата своја во морето: и тоа стана како крв од убиен човек; и се живо изгина во морето.
    16:4 Третиот ангел ја изли чашата своја во реките и во изворите водни, и тие се претворија во крв.

    Значи сето ова е само еден од предзнаците за скорото доаѓање на Господ Иисус Христос. Ама кога ќе биде тоа ниту знаеме, а ниту пак има потреба да се замараме. А треба да знаеме и дека пред Второто доаѓање на Христос, на земјата ќе завладее таков „мир“ каков што немало од кога свет светува и век векува. Се` ќе биде навидум убаво и добро, за оние кои ќе му се поклонат на Антихристот и ќе го примат неговиот печат. Само за оние кои ќе останат верни на Христа, ќе има прогони и маки и страданија. Бог нека не` помилува да не ги дочекаме времињата кога ќе завладее Антихристот. Но и за тогаш и за сега, ние треба да се поучуваме од советот кој мајка (кралица) Евросима, му го дала на сина си кралевиќ Марко: „Сине Марко, подобро ти е главата да ја изгубиш, отколку душата своја да ја огрешиш!“

    ПС: Темава е повеќе за во подфорумот религија.
     
  3. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ова е од претераното загадување на реките,но може и да е божјо чудо!А сигурно е ова,мислам на сликата во онај глеиот град,да не е Фотошоп?
     
  4. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    И јас пред година дена уште кога слушнав за една река во Шведска (мислам беше) и не обрнав многу внимание, што е една река си викам, мора да има логично објаснување..... Ама откако прочитав и за друга река сега скоро, па разбрав дека имало повеќе во овие неколку години, па и за таа книгата кога прочитав.... Почнав да верувам дека има некоја виша сила тука, навистина. :D
     
  5. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    626
    Чудно е и што научниците немаат објаснување за овие феномени.
    Овој дел
    ме потсети на системот HAARP со кој Америка управува со временските услови.
     
  6. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.014
    Допаѓања:
    849
    Исто и мене, само што го прочитав веднаш ми падна на памет HAARP системот :x
     
  7. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    892
    Пол:
    Женски
    За овој феномен на ,,крвави,,реки зборува и Нострадамус во неговите центурии и пророштва.Според него,ова,како впрочем и многу други работи коишто тој ги прорекол,е знак Божји за второто доаѓање на Исус Христос на Земјата и за Страшниот суд којшто се повеќе и повеќе ни се приближува.Но,јас сепак мислам дека се работи за некое загадување на водите и дека сите треба да поведеме сметка против тоа загадување затоа што со загадувањето на нашата планета ние самите себеси ќе се уништиме и истребиме бидејќи човековата негрижа,злоба и алчност премногу често немаат граници,а што се однесува до Страшниот суд,тој е сеуште многу далеку,така што човештвото ќе живее и ќе се развива уште цели 2000 и нешто години како што,бпрочем и прорекнале Нострадамус и Артур Кларк во нивните пророштва.Но,сепак,се си има свои граници,така што овие крвави реки треба да ги сфатиме не само како Божји знак,туку и како едно големо предупредување за да се преземат итни мерки против лошата мрачна страна на брзиот развој на науката и техниката! :!: :?: :|
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.