Мажите треба да се 'невини' до првата брачна ноќ, затоа што тоа гарантира дека ќе и' припаѓаат само на сопругата и на никој друг. Маж кој има секс пред брак, според мене, е гнасно суштество и таков не би сакала да ми се приближува... не пак да легни до мене! Како можеш да цениш некој кој се исшлакал со еден куп женски(или машки) полови органи???? Одвратно е тоа Башка, грев е. ...Може да закачи СТД. ...Може да забремени некоја пред брак. Обична курва. Дали вашиот сопруг беше 'невин' кога стапивте во брак? *Потреба за контрола ** ич не го сакам зборот 'невин/а', ама не знам друг соодветен *** чим има тема за 'невини' жени, треба да има и за мажи.
Ја сфаќам потребата за темата ама за да е во активни ќе пишам сериозно мислење. Нормално дека секој си носи избори за себе, ако некој сака да нема односи пред брак е негово право. За двата пола, нели. Едино ми е лицемерно кога едниот од партнерите имал односи ама ги шејма тие од спротивен пол кои исто имале односи и бара тоа што не можи да го понуди назад. Ама генерално, секој бира за себе.
Мене па ми е уште полошо жена кога ќе рече дека требало да се чува до прва брачна ноќ, а мажот не морал. Демек, сексот ја прљал жената, а мажот си има потреби и треба да има секс и пред брак.
Мене мн лицемерно ми е то. Као не сме толку поразлични, ако верваш дека сексо валка, тогаш секој пол валка. Не можи да има исклучоци. Ама јбг ...
Ако е невин, ќе си бара невина и обратно (така е фер). Не е во ред некој да е невин, а да бара било каква. Исто, не е во ред некоја да е невина, а да бара било каков.
Според мене, ,,невиноста'' без разлика од која страна е, може да донесе само проблеми во натамошниот сексуален живот. Од каде ќе знаат партнерите дали се ,,компатибилни'' во кревет или не? Без да се проба тоа, буквално мачка во вреќа е Од мене едно големо НЕ за невиноста Озбилно сега, не знам зошто некој би трошел време на вакви работи. За мене е небитнен бројот на партнери/партнерки. Важно ми е, ако е веќе некој со мене, да ми се посвети мене и тоа е тоа... Минатото ќе го оставиме таму каде што му е местото, во минатото.
Па јас искрено не би ,,земала" невин за маж.Јас ќе имам поголемо секусално искуство и јас ќе треба да го ,,учам" на работи од типот на заштита, контрацепција што е, па како да се опушти, па кога да го вади итнитн И не верувам искрено дека некој, независно дали м/ж ќе се чува за до брак освен ако на 20-25 не прават свадба. Како и да е личен избор е, не осудувам никого бидејќи не сакам ни јас да сум осудувана, само не верувам во тоа ,,невин/а до првата брачна ноќ"
Зошто не? Ако некој/а е невин/а може да си бара каков сака партнер/ка, се додека партнерот/ката се сложува со неговото/нејзиното видување по оваа тема.
Respekt za temava Vidov tema 'dali zhenata treba da e nevina do brak' , pa konechno nekoj da go postavi istoto prashanje za sprotivniot pol
Значи невин/а мора стриктно невин/а да бара? Аман колку е глупо да МОРА да е невин, толку е глупо и вака да кажеш. Испаѓа ако сум невина....не смее да ми е сеедно тој дали е.
Дај искулирајте, не знам што толку ви пречеше мислењето. Јас си пишав мое мислење и што сметам конкретно за темава. Секој си знае за себе, неам намера да наметнувам мислење.
Глупости, ни маж ни жена не траба да се невини, секој треба да испроба се, да истражува, да експериментира, ама со зштита, без заштита ништо. Друго е кога човек има искуство и знае што сака.
Не, како шо гледаме дали се совпаѓаме во карактер, така и сексуално. Мислам дека вакво нешто одамна нема, ни маж ни пак жена. Можи и да грешам.
Ова е исто како да речете дека ви треба искуство да јадете или пиете. Незнам какво искуство и колку би требало некој да биде прост и затуцан да незнае како се врши сексуален однос. Тоа самото си доаѓа од себе кога тоа ќе се случи, нема потреба од никаков тренинг или искуство бидејќи сексот е природна појава.. Има. Немаш сретнато.
Кога се работи за мажи е смешно ваква тема, а за жени озбилно. Доказ за нашите различности кои сами ги правиме.