Форумџика на годината

„Не си свесен што имаш, додека не го изгубиш“

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Ajronmen, 28 февруари 2022.

  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.898
    Пол:
    Машки
    Сигурно сите некогаш сме го слушнале или кажале изразов:
    "Не знаеш што имаш додека не го изгубиш".

    Дали сте го почувствувале ова на своја кожа? Ако да, како и кога?

    Јас мислам многу пати го имам почувствувано.
    Но еве последно, особено на почетокот на пандемијава, сфатив колку многу ми значи слободата, движење, престојот во природа, контактите со други луѓе. Сето ова го имав изгубено повеќепати, и иако бев (и се уште сум) голем интроверт, сепак сега многу повеќе ги ценам овие работи. Поминувам многу повеќе време надвор, многу поактивен сум, и многу повеќе сум со луѓе.
    Се осеќам ко да имав втора шанса, иако за некои други работи кои сум ги изгубил ја нема таа можност. Можеби ќе напишам уште некоја во дискусијата понатаму.

    Како е со вас? Дали се имате почувствувано така за некоја ситуација, околности, материјални работи, чувства, личности или било што?
     
    Последна измена: 28 февруари 2022
    На bicycle, IRBBB, MarijaMi90 и 12 други им се допаѓа ова.
  2. My litle pony

    My litle pony Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    853
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека немам осетено такво нешто,но ако го изгубам ќе ми биде многу жал.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.388
    Пол:
    Женски
    Сеуште не.
    И фала богу што сеуште не сум изгубила нешто вредно.
    Татко ми го изгубив, ама не е да речеш да не сум била свесна што ми значел...
     
    На bicycle, theowndemon, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  4. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.945
    Допаѓања:
    33.526
    Пол:
    Женски
    Најбитно ми е семејството и тие што ми значат да не ги изгубам, материјалните работи се купуваат.

    Сум си праела пред тоа филм оти сум изгубила некои личности и сум паѓала во несвес, ама како мине време, сфаќам дека најбитното го имам фала му на Бога, семејството.
     
    На januari19, Осе, TrinityNeo и 2 други им се допаѓа ова.
  5. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.893
    Нешто во што мислам многу можат да се пронајдат:
    Цело време си ја критикуваш килажата, телото и еден ден кога се вртиш назад сфаќаш дека џабе си се критикувала, дека денес радо би ја имала таа килажа и тоа тело наместо сегашната/сегашното :D.
     
    На MarijaMi90, Juicy, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.278
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Единствено нешто за што жалам, а сум го изгубила е татко ми.
    Не дека не сум била свесна што сум изгубила, ама имам чувство дека на моменти не бев доволно добра, не секогаш го почитував, често кога ќе се скаравме знаев да го навредам (ова зборувам кога бев во пубертет).
    Сум направила доста работи што го повредиле и сега сум свесна за тоа, тогаш во тој момент не, па затоа мислам дека додека го имав не знаев доволно да го ценам и почитувам, а од кога го изгубив за жал видов.
     
    На MarijaMi90, Осе, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Не сум се нашла во ваква ситуација. Секогаш сум ценела буквално се' што сум имала во животот (мислам и за пред короната) иако тоа не можам да го гарантирам за другата страна (општо за било каков контакт со луѓе/роднини/познаници..).
     
    На Осе и Ajronmen им се допаѓа ова.
  8. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    4.254
    Пол:
    Женски
    Прашајте ги бившите , они ќе ви кажат најточно :D
     
    На Принцезичка1 и Ajronmen им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Сум го почувствуала.
    Секој ден кога ќе се присетам на се' што сум изгубила, го чувствувам.
    И воедно, се потсетувам дека сеуште имам работи кои многумина ги немаат и со тоа се тешам дека и не ми е толку лошо колку што мислам.

    Да не бројам се' што сум изгубила, ама генерално се однесува на здравје/живот, за себе си и за блиски.
     
    На MarijaMi90, Leucadia и Ajronmen им се допаѓа ова.
  10. Mimmmaa.05

    Mimmmaa.05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2021
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    405
    Секогаш ценам и сум свесна за она што го имам, ваљда тоа е така дека уште како мала го изгубив татко ми. Не дека не го ценев, напротив многу бев приврзана кон него. Детството го поминав во солзи и гледање во другите дечиња како се шетаат и си играат со татковците. Само од срце се надевам дека ниту едно дете никогаш нема да помине низ она што јас поминав.
     
    На MarijaMi90, Juicy, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    :hug:
     
    На Mimmmaa.05 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.668
    Допаѓања:
    167.944
    Пол:
    Женски
    Не ми текнуваше шо дур не прочитав ова. :D
     
    На MarijaMi90, Ajronmen, Dream-Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Sucubus

    Sucubus Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2021
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    1.217
    Пол:
    Женски
    Некогаш свесни сме, но не секогаш губиме поради наша вина.
     
    На Ajronmen и WildMk им се допаѓа ова.
  14. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Цел живот ќе се каам што изгубив една личност.
    Ми беше најдобар другар пред се'. Не верувам дека некогаш ќе се појави некој како него.
    Ама на времето, не бев доволно зрела за тој однос. Shit happens.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    16.301
    Пол:
    Женски
    Баба ми и дедо ми.
    Кога го изгубив дедо ми бев помала, беше многу добар човек и многу не сакаше, а кога ја изгубив баба ми светот ми се сруши, како да изгубив дел од својот идентитет, бевме премногу блиски.
    Здравјето, и психичко и физичко го занемаруваме се додека не го изгубиме. Не знам дали некогаш ќе се опоравам потполно, иако има луѓе со далеку посериозни болести и некако се мислам дека немам право да кукам.
    Мирот, како поминува времето, околината што не опкружува настаните, не ми даваат мир.
     
    На Izaabella, Ajronmen и Осе им се допаѓа ова.
  16. Medena Osamena

    Medena Osamena Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2022
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Mnogu izgubiv so toa sto se borev za pravdina i se sto mislev kazuvav vo lice.
     
    На Ajronmen и WildMk им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Не дека не сум била свесна ама сум можела повеќе да ценам некого додека бил жив. Денес го има, утре веќе го немаше. Непребол.
    Таа болка уште малку па 2ра година веќе ја осеќам.
    Сега ми се враќаат некои мисли од типот "требав", "а можев"...ама тоа е...
     
    На Ajronmen и Осе им се допаѓа ова.
  18. Candice.S

    Candice.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    285
    Пишував за ова во темата за љубовни проблеми.

    И ден денес ми е тешко. Дознав дека чека бебе.... Никогаш нема да си простам што толку многу шанси испуштив, што никогаш ништо не кажав а имав прилики. Некако секогаш чекав уште нешто да се досреди и да можам да бидам со него.... прекасно сфатив дека нема да ме чека цел живот.

    Ги гледам сликите од веридбата/регистрацијата како и да е и не ми изгледа среќен....
    Би сакала да можев да ја имав таа само една прилика да поразговарав, ама не се осмелив. Сега го гледам од страна и се прашувам дали е среќен, дали јас да постапев поинаку сега ќе бев со него или.... премногу прашања ми се мотаат и постојано се обвинувам што дозволив вака да заврши се.... не знам дали некогаш ќе можам да си простам самата ...
     
    На СуперДевојка, BlackNight, Adi888 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.187
    Допаѓања:
    39.867
    Пол:
    Машки
    Бурек.

    2 цели години го немав пробано. Кога го пробав повторно, како небото да се отвори и ме облеа со светлина и топлина, очите ми заблескаа од среќа и конечно го најдов сопствениот мир.

    Има ли подобро чувство во овој живот од јадење бурек? Нема, нема, и не ќе се роди. :D
     
    На Gosh, СуперДевојка, MarijaMi90 и 18 други им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.322
    Пол:
    Женски
    Која легенда бе
    Бурек :rofl::rofl::rofl::rofl:
    Ја у пандемијава сфатив дека кафичите и журките не се најбитни
    А слободата (коа беше полициски) дека е сѐ
     
    На Peanut Butter, Ajronmen и Billy Idol им се допаѓа ова.