Темава ја отварам инспирирана од објавата за новиот remake филм на Дизни- The Little Mermaid, односно Малата сирена- Ариел. Филмот главно е наменет за да се рекреира познатиот анимиран филм, односно да се направи поквалитетна снимка, погодна за гледање за поновите генерации, додека plot-от треба да е горе-доле ист. Малата сирена е филм со кој сите сме порораснале, а Ариел ја знаеме и памтиме како слатка сирена со плави очи и долга црвена коса. Каде е проблемот- во новата remake варијанта, Ариел е црнкиња(ниту има плави очи, ниту пак препознатливата црвена коса), туку ја глуми црна глумица со типични физички карактеристики за таа раса на луѓе. Да се оградам од коментари на типот дека сум расист, воопшто не ми сметаат црнци, напротив уживам гледајќи баш Дизни филмови каде што главните ликови се од друга раса( Тиана, Мулан, Похахонтас, Јасмин…), само не сметам дека треба да се уништуваат одредени класици за водење нечија пропаганда. Нели е расистичко да се менува раса на култен лик што сите го препознаваме по одредени физички карактеристики? Што би било во обратен случај, каде Принцезата Тијана би ја глумела бела глумица? Или Јасмин? Или Black Panther од Марвел? Тогаш веројатно ќе се крене цела јавност на нозе. Дали според вас е ова океј? Дали сметате дека е расистичко спрема белата раса? Ако не, зошто не? Што би било различно во другиот случај? Да додадам дека коментарите од припадниците на оваа раса, кои први би рипнале ова да се случеше обратно, се дека се многу горди, дека цитирам: “black girls do it better”. Секогаш може да се направат нови ликови, па нека бидат од која раса сакаат, но да се менува раса на лик е еднакво расистичко спрема нас, колку што би било спрема нив. И ова е само еден банален пример кој ми западна во очи, мал милион вакви примери има. Па, кое е вашето мислење?
јас лично не се замарам. Имам гледано една серија шо секако ми ја исквари малце сликата за Disney карактери. Не ми мења дали Ариел е бела или црна.Може таа актерка била најподобна на аудицијата и затоа ја одбрале. Расист не сум ич, поготово не према црнците пошо ми се
Навикната си да е црвенокоса со плави очи затоа што како деца таква ја знаеме и сега ти се крши филмот, да ни ја пуштаа отпочеток како црнкиња немаше да биде проблем. Инаку мислам дека треба да има повеќе црни дизни карактери. А каков е тој обратен расизам? Расизам е и во двата случаи.
Сеедно. Посебно за цртани во кои се пропагира она "важно е каков си во срцето". Дали е црна, бела или лилјакова-сеедно. И онака Дизни се познати по тоа што се расисти.
Па, не баш. Расизам не е нешто индивидуално. Ако некој не не сака нас затоа што сме бели, не го менува фактот дека во светот специфично потемна боја на кожа е дискриминирана, точка. Не велам дека е океј ниту оправдувам некакво насилство во обратен правец, црнци спрема бели луѓе. Само велам такви изолирани случаеви не се расизам. Расна дискриминација е нешто на ниво на општество и вкоренето во системот на една држава. Ова особено за САД зборам. Не би се дигнале на нозе ако Тијана од Дизни ја направат бела затоа што црнците сакаат посебен третман, туку затоа што такви потези се 100% од случаевите намерно направени за да се брише "гласот" на црнците. Нормално е вакви "ситници" да се битни на население кое до пред некое време беа робови и едвај се изборија за права, а кои се уште се соочуваат со расизам и директен и со микроагресии. Од друга страна имаме членка која од комфорот на својот дом, во држава во која немаме малцинство на црнци, тврди дека е расно дискриминирана затоа што нејзината омилена принцеза нема сини очи. Поапсурдно не може да биде.
Непотребно? Да. Расистичко? Не. Смешно е да се тврди дека ова е пример за расизам еквивалентен на расната дискриминација кон црнците. Не е никаков расизам туку само обид за инклузија за кое што ќе се фатат расистите и на секое друго разумно барање на црнците во Америка ќе користат вакви примери и ќе речат: еве и Ариел црна ви ја направивме, не сме расисти, што уште барате?!?!!? Исто ко што се прави за феминистички проблеми. Мислам дека ме сфаќате.
Не е дали ни се фаќа исто, туку е како мрзлив обид да се рече дека ете прават нешто за заедницата. Нема поента, сигурна сум дека на просечен црнец во Америка не му менува дали Ариел е црна или бела, ама му менува дали ќе го застрелаат за ништо.
Ваљда пти Холивуд нема влијание врз тоа, кој ќе биде застрелан од полицијата, па маневрираат со она што им е на располагање: Која раса ќе биде Ариел -од примеров.
Во приказната за Ариел воопшто не е битна бојата на кожата, така што изборот на црна актерка не е никаков проблем и само расисти гледаат проблем во истото. Доколку во приказната имаше некакво значење нејзината бела боја на кожа тогаш би ми биле разбирливи фамата и негативните критики, вака се безвеза и преглупо е уште пред да излезе филмот да се очекува да биде лош. Типичен пример за тоа како бојата на кожа игра улога во приказната е Princess Tiana, со причина е црна и менувањето би било проблем. „Обратен расизам“ сигурно постои но е толку ретка појава што е смешно да се дискутира за истото.
И те како има поврзаност со расизам дали карактерите во цртаните се црни или бели, посебно принцезите и главните ликови. Принцезата бела а слугинката црна. Детето од најмала возраст се индоктринира преку цртани и играчки што е "убаво" и "правилно" и потоа тоа останува врежано во умот за цел живот.
Подобро е да се снимаат сосема нови филмови/цртани со хероини од било која раса отколку да ги гледаме истите приказни во сто верзии. Не ми е проблем и не ми менува ништо доколку бојата на кожата на Ариел е различна исто како што ништо нема да се смени и со постоечкиот расизам доколку Ариел или друга Дизни принцеза ќе биде со црна кожа. Проблемот треба да се реши од коренот, а не да се прикрива со ефтини трикови од ваков тип.
Нормално дека проблемот со расизмот нема да се реши со тоа дали ликови во серии и филмови се црни или не, исто ко шо хомофобијата нема да ја снема ако има геј ликови во филмови. Поентата е репрезентација. Оти на сите луѓе ќе и биде убаво ако гледаат филм или серија и можат да видат некоја слична карактеристика за која во животот биле дискриминирани, а да не е прикажана лошо.
По мене треба баш старине филмови да ги даваат. Јас би ги пуштала на моето дете Пепелашка и Аладин од пред 2000та Тие се ог филмовите. класика.
Не може баш се да се релативизира и да биде сеедно...тие ликови имаат свој печат во срцата на милиони, не само поради приказната и пораката која ја носат,туку и преку тоа што тие симболизираат,во што спаѓа и физичкиот изглед. Зошто би менувале било што? Не е тоа никаква поддршка на црнците, туку баш обратно, искористување на нивните тажни историски судбини, преку лажни проекти.
Тоа не е расизам и не гледај доколку не ти се допаѓа. На пример, ако јас видам серија за европското средновековие во која црнец глуми крал, ќе се насмеам и ќе исклучам. Нема зошто да ме иритира, ќе си најдам друга серија што ми прија или ќе репризирам стара. Не можеме ние да им одредуваме на креаторите на филмот, продуценти или режисер, што да снимаат, слободни се да донесат одлука да се изразат по желба искрено. Да чувствувале притисоци во Америка, би преминале во друга држава, ама не го прават тоа.