„Тажно беж родителство“

Дискусија во 'Дете' започната од Lilit, 18 февруари 2023.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.674
    Допаѓања:
    161.931
    "Беж Мамички"
    „Тажно беж родителство“ – тренд кој зема замав: Какво влијание има врз развојот на детето?
    „Тажно беж родителство“ е најновиот тренд кој ни доаѓа од светот на социјалните мрежи. Ова значи облекување на детето во здодевни, безлични и, пред сѐ, родово неутрални бои кои, според експертите, лошо влијаат на неговиот понатамошен развој на видот.

    Ако во изминатите неколку години купувавте облека за вашето бебе или баравте подароци за новороденче, можеби сте забележале дека одредена палета на бои доминира во облеката, играчките, а исто така и во декорациите на детските соби.
    Оваа безлична боја – беж – која ја зазеде детската мода и дизајн, писателка, библиотекарка и мајка на две деца, Хејли Дерош, ја нарече „тажна беж“. Трендот на доминација на беж боја го доби своето име и на социјалните мрежи, а сѐ почесто се споменува и терминот „беж мама“ кога се во прашање животни теми поврзани со мајките и бебињата.

    Дерош почна да коментира за бизарниот тренд на TikTok, и на нејзино изненадување, нејзините хумористични објави станаа вирални. Таа сега има цел профил на TikTok посветен на „тажниот беж феномен“ и повеќе од 191.000 следбеници кои го сметаат за потполно урнебесен.

    Дерош објавува духовити снимки од беж облека и играчки и ги опишува во стилот на режисерот и сценарист Вернер Херцог. На пример: „Ова го нарекувам: Погледнав длабоко во бездната за да видам што има во пеколот.“ Едноставен топ за 45 долари.

    А тој беж тренд е навистина скап. Иронично е што треба да се одвојат многу пари за детето да има, како што вели, „изглед на сирак од 19 век“.

    Некои родители почнаа да се спротивставуваат на беж трендот со пораката: „Сакам да носам виолетова! По ѓаволите, уште еден светло сив фустан за 130 долари!“ Никој не сака да каже: „Дали го видовте моето дете? Беше таму во овој базен со песок облечен во беж покривка од органски памук, а во раката држеше играчка од дрво… О, тука си мило“.

    Од каде доаѓа „тажната беж“?

    Неколку работи можеа да го поттикнат овој пресврт во детската мода.

    Прво, избегнувајќи ги родовите ограничувања на агресивно рекламираната розова или сина боја, некои луѓе можеби избрале беж како родово неутрална опција. Нијансите како оние на овесни снегулки, павлака, камен, јаже, коска и пепел не асоцираат ниту на машки ниту на женски.

    Второ, не сакате купишта пластичен отпад постојано да лебдат во морето и не сакате пластични играчки во врескави бои кои ја нарушуваат мирната атмосфера во детската соба.

    Конечно, постои врска со природните материјали кои се безбедни и нетоксични за бебињата. На пример, необоените дрвени играчки и неизбелениот, необоен памук се главно нијанси на беж, така што бојата станува кратенка за едноставност и здравје. Но, како што истакнува Дерош, само затоа што производот е беж не значи дека е произведен етички или одржливо.

    Дали глумењето дека не постојат бои е лошо за бебињата?

    Сепак, животот без боја и контраст не изгледа многу идеален за бебињата.

    „Потребата да се има „дом за на Инстаграм“ и да не им се дозволува на децата да истражуваат и да прават неред, малку ме загрижува“, вели невропсихологот Аманда Гејмер. „Не сум баш сигурна колку деца има чија омилена боја е беж.

    Во првата година од животот, развојот на видот се случува побрзо отколку на која било друга возраст! Видот е важен за развој на комуникацијата, моторните вештини, меморијата, когнитивноста, како и за развојот на социо-емоционалните вештини.
    Како се развива видот на бебето и дали преправањето дека боите не постојат е лошо за развојот на видот, објаснува професионалниот терапевт Леа Баља Панциров, лекар за рана интервенција, терапевт за сензорна интеграција според Ayres®.

    „Чувството кога нашето бебе ќе не погледне за прв пат, кога не следи, кога ни се насмевнува е бесценето. Така се поврзуваме и развиваме приврзаност.
    Знаењето за развојот на видот, кое сè уште е предмет на истражување, јасно укажува дека видот е најмалку развиеното сетило при раѓањето и дека новороденчињата гледаат најјасно, т.е. повеќето реагираат на бои со висок контраст (црно-бело-црвено) околу 30 сантиметри од очите (колку е приближно растојанието на лицето на мајката од детето во положбата за доење).

    Сметам дека ние сме одговорни како експерти да ги едуцираме родителите и тие ги користат овие информации во секојдневниот живот со цел да го максимизираат визуелното искуство на детето, што е важно за секој сегмент од развојот. Така, новороденчето треба да има јасни, поголеми предмети со висок контраст за да ги забележи, бидејќи може да биде помотивирано да ја крене главата од подлогата кога е во лежечка положба на стомак, што за него е голем предизвик. Како што расте бебето, ние ја прилагодуваме околината и играчките што ги нудиме, како по форма и намена, така и по бои. Боите мора да бидат силни, јасни. Некои студии покажуваат дека децата на 6 месеци веќе појасно ги гледаат боите и можат да ги категоризираат. Тие не треба да бидат предмет на разни трендови кои не се базираат на ништо. Затоа, околината на детето и играчките што ги нудиме мора да бидат приспособени на возраста на детето и мора да бидат стимулирачки, не премалку или премногу стимулирачки. Секое дете има право да го види овој шарен свет, а ние сме тука да му го овозможиме тоа!“

    https://majkaidete.mk/tazhno-bezh-r...av-kakvo-vlijanie-ima-vrz-razvojot-na-deteto/

    Модератор: Преместена дискусија од темата Сакам да кажам...
     
    На Isabel, sunshinebabe, Cosmic Girl и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    16.740
    Пол:
    Машки
    На Anyshka, maralek, Oneo и 14 други им се допаѓа ова.
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.693
    Пол:
    Женски
    Е сеа сум збунета, дека јас сакам беж и планирам и утре моето да го облакам во беж, ама па истовремено и не сакам некој да помисли дека испраќам некаква политичка порака...:?: Сегa бежот се договривме само за gender-neutral enlightened мамички е така? What a time to be alive I guess.

    Сепак сеуште не се откажувам од сонот да го облакам во беж па што биде, биде.
     
    Последна измена: 19 февруари 2023
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.674
    Допаѓања:
    161.931
    Па дочитај го. Вака се ствара игнорантност, не читате до крај, па паметувате.
    Не се работи само за тоа.
    Туку и за развој на видот. Или шо сега вид, на мамичка и се допаѓа беж.
     
    На Antebellum, andromedae, Misskirova и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.774
    Допаѓања:
    22.755
    Мене па многу ми се интересни луѓе што се за "џендер неутрални" бои, демек ајде да рушиме родови стереотипи ама самите ги третираат боите плава и розова како џендер стереотипни.
    А оно и розова е џендер неутрална ако ја гледаш таква.
     
    На elenaklasik, Ana.Ana.Ana, sunshinebabe и 15 други им се допаѓа ова.
  6. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.693
    Пол:
    Женски
    Ај препрочитај го па постот ако не па, ако не сфати на што се однесуваше поточно.
    Ако сакам да го облекувам во беж, во беж ќе биде облечено и ќе преживее, како што преживеале и израснале во здрави индивидуи милиони бебиња со милениуми пред да растеме џинџарени сноуфлејк бејбс во шарен консjумер капитализам.
     
    Последна измена: 19 февруари 2023
    На elimkd, Mikha4, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.937
    Допаѓања:
    187.173
    А жолто шо род е?:wasntme: (facepalm)
     
    На Anyshka, sino.o.oka и Tiny Love им се допаѓа ова.
  8. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.137
    Допаѓања:
    11.772
    Пол:
    Женски
    Женски. :D
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.937
    Допаѓања:
    187.173
    Мислам дека зависи од годината:wasntme: :D
     
    На Anyshka, elenaklasik и Ambitious им се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот само во облеката.
    Шаренило на бебињата им е потребно за развој. Шарени играчки, дома шаренило и сл.
    Аргументот дека генерации израснале така е смешен. Порано немале пелени, па у тетра ли директно ќе кака твоето?
    Правени се истражувања врз основа на кои е докажано дека шаренило е потребно за развој.
    Облекувај го и расти го како сакаш, искрено на никого не му е гајле, но овде зборуваме за факти.
     
    На warrior, Misskirova, Isabel и 20 други им се допаѓа ова.
  11. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.693
    Пол:
    Женски
    Смешен тебе можда. Но тоа не го мења фактот дека растеле и без шарена облека и биле среќни и здрави и весели да не ги мислиш.
    А со шаренило можат да бидат опкружени секако и со беж и без беж облека.
    Јас бар за мене никаде не реков дека само со беж ќе го/и облекувам, и тоа уопште и не беше поентата на првичниот пост, мада ко воли нек изволи, лична ствар и избор.
     
    Последна измена: 19 февруари 2023
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Не ми е смешен мене.
    Смешен е.
    И не, не можат да бидат опкружени ако дома е се беж, секоја играчка е беж, секое парче облека е беж. Освен ако мислиш пола саат надвор дрвја што ќе гледа на лето и пролет.
    Можеш ти и кило сол да изедеш за да докажеш поента ама не иде.
     
    На DoubleK, Isabel, Harper и 2 други им се допаѓа ова.
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.693
    Пол:
    Женски
    Не, смешен ти е тебе можда. И ти со него односно со тоа што не го сфаќаш. Зошто поентата/фактот е веќе докажан/а дека порано растеле со еднобојна облека и пак растеле среќни и здрави.
     
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.774
    Допаѓања:
    22.755
    Абе океј другото ама факт е дека е глупо да тераш монотонија у бои и облека само за да испаднеш неутрален у нешто.
     
    На _beautyy_ и Осе им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Јас па мислам многу, ама ептен многу побитни работи има во растењето дете отколку како ќе го облечеш. Некако преглуп ми е фактот дека некаде воопшто постои истражувачка група што добила грант да истражува кои деца се посреќни брз база на боја на облека бе. Ситничарење до максимум.
     
    На firequeenn, Цвет88, Amore.Mio и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.674
    Допаѓања:
    161.931
    Јас се срамам од луѓе кои го познавам што се исмеваат од подарената облека за повојници и слично на нивните скромни постари тетки кои не ги пратат трендовите и им купиле нешто колоритно и нешто порано би било океј, купено од локална продавница и е памучно со супер квалитет (зошто постарите тетки за разлика од нас, знаат што е квалитетно) Но не е крем Зара бенкица од памук собиран од 5 годишно дете во Бангладеш, за иронијата да е поголема.
    Па облеката никогаш не ја користат...за жал.
    Просто никогаш ништо не треба да добијат на подарок.
     
    На Miss666, sparklie, Splendor. и 30 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Не е само облеката, целата соба, играчките... Прочитај ја статијата.

    Мислам дека кај нас ова не е баш уште стигнато, веројатно ќе изумре додека стигне.
    Повеќе е по социјалните мрежи некој тренд, ама далеку сме ние.
     
    На marlonbrando69, JoyJoy и mariz им се допаѓа ова.
  18. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.722
    Пол:
    Женски
    Јас во моите комбинации не сакам досадни беж бои постојано, не па на ќерка ми бебе да ја облекувам така. Не ми се допаѓа овој тренд, ни кај возрасни, ни кај деца. Се изгуби разноликоста и боите.
    Постојано е во шарени бои ќерка ми, купувам 90% се во боја, не патам од комплекс модерни и во тренд да бидеме. Еднаш е дете, кога ќе се облекува толку колоритно, ако не сега?
    За мене ова се глупости.
     
    На Ladybug98, azelea, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Па и во право си ама и не си.
    Пример ,доаѓаат за повојница сега брзо (2.5 г е ќерка ми ) носат зелена јакна 12 ка и шарени патики 27 мица. Па толку време не си дошол боље да не дојдеше.
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.674
    Допаѓања:
    161.931
    Јас сакам беж и сите нијанси и го носам (камел, карамел, песокливо, секакво). И не ради тренд, од секогаш било тоа така. Од секогаш сакам, не ми е трендовски. Сите носеа розови, сини јакни, јас - крем...
    Ама наука е наука! Точка!
    Тоа што мене ми се допаѓа е едно, ама има таму некој што има што да каже на темата, а мене може беж да ми се свиѓа колку сакам.
     
    На JoyJoy, sj *O*, Coco31 и 2 други им се допаѓа ова.