За интимната хигиена ретко се зборува и пишува. Во повеќето случаи девојките добиваат совети од своите мајки, сестри или пријателки, со кои лекарите најверојатно не би се согласиле, додека за повеќето жени интимната хигиена и понатаму е табу тема. Со нашите совети и препораките на експертите, ќе дознаете како правилно да ги негувате интимните делови на телото. 1. Мијте се со топла вода, чисти раце, со благ детски или медицински сапун со ниска рН вредност, во насока од венериниот брег кон анусот. 2. Не се бањајте во базен во текот на менструалниот циклус. 3. Секоја жена треба да има посебна крпа за интимна хигиена, која треба да ја менува најмалку два пати неделно. 4. Никако не користете сунѓер или ракавица за миење на интимните делови на телото, бидејќи може да си нанесете микроскопски повреди на нежната и чувствителна слузокожа на половите органи. 5. Млазот на вода и движењата на рацете секогаш треба да бидат насочени одозгора - надолу за микроорганизмите околу аналниот отвор да не се пренесат на слузокожата на вагината. Не насочувајте силен млаз вода директно во вагиналниот отвор за да не ја уништите заштитната обвивка која спречува продирање на бактерии во вагината. 6. Со сапун можете да ја миете само кожата околу вагиналниот отвор. 7. Влошките морате да ги менувате најмалку пет пати на ден. Доколку користите тампони, имајте на ум дека тие не се користат навечер и дека не смеат да се наоѓаат во телото повеќе од четири часа. Инаку, во повеќето земји, лекарите препорачуваат тампоните да се користат само повремено. 8. Во случај на вагинални инфекции, воспаление на грлото на матката или било кој друг воспалителен процес на половите органи, влошките треба да ги менувате почесто од вообичаеното, а тампоните целосно исфрлете ги од употреба. 9. За време на менструалниот циклус избегнувајте сексуален контакт поради зголемениот ризик од инфекции. 10. Исфрлете ги од вашиот плакар синтетичките гаќички и премногу тесните фармерки, затоа што кожата во нив не може да дише, па се создава поволна средина за развој на штетни бактерии. Памучната долна облека е незаменлива.
Pазмислував дали да ја отворам темава,затоа што можеби има слична не ме карајте,ако има слична заклучете ја.сакав да ја ставам затоа што некои работи не сум ги знаела претходнои сакав да споделам со вас. иначе е копирано од мк.стр
Би додала само дека и одењето на гинеколог претставува табу тема а и те како е битно за интимното здравје. Колку само сме сретнале девојчиња тука на форумот кои имаат проблеми а не одат на гинеколог со изговор дека им е страв, па дека им е срам, па дека живееле во мал град па може да се дознае и сл.
Нема ништо лошо во тоа да се оди на гинеколог,колку и да внимаваме со хигиена сепак постои можност да закачеме некоја инфекција.Девојки нема зошто да се срамете па тоа е најнормална работа зошто да се има компликации кога се може навремее да се спрече.Јас годишно правам минум до 3-4 прегледи не чекам да има некој симптом,верувајте не е ништо страшно ниту срамно. Се согласувам дека на хигиената на интимниот дел треба да се посвети поголемо внимание затоа што кожата е поосетлива,моментално користам интимен гел од авон и сум задоволна.
Јас си се мијам со Нивеа Интимо...исклучив сапуни и купки од употреба за интимна хигиена...е сеа не знам..некои викаат дека и ова е штетно...ама па не можам само со вода да ја мијам... сепак треба и убаво да си мириса
Јас го користам гелот за интимна нега од Орифлејм...супер е подобро нешто немам користено пробајте го во комбинација со истата крема...ми ја препорача гинеколог..позз
Ова мене ми е најглупавата причина: можело да се дознае. Зошто да е срамота да одиш на гинеколог? Тој е лекар како и сите други. Ама поважно било што ќе речат комшиите отколку да си го гледаш здравјето.
Јас имам 3 златни 1. Посета на гинеколог! 2. Миење само со млака вода независно дали сум во циклус или не! 3. Носење памучна долна облека!
имам слушнато, а и не се сомневам дека тој чајот што се прави од камилица за прочистување на порите на лицето, за миење, за намалување на црвенило, е исто толку добар и природен и за вагинално миење или пареа. Според мене сите тие гелови, па дури и сапуни пречесто употребувани колку што се корисни толку се и штетни. камилицата е природна и јас тоа би ви го препорачала
Nema nisto sramota vo toa da se odi na ginekolog. Mojata sestra bliznacka e ginekolog, i jas odam kaj nea na pregled dva pati godishno. Vazna rabota koja mnogumina ne ja znaaat, ili mislat deka e pogresna: TUSIRANJE SO MLAKA VODA SEKOJ DEN, obavezno vo denovite na menstruacija i vo leto. A se razbira i po seks.
Јас на ова би додала и премачкување со бетадин. Дефинитивно нешто најефикасно за заштита од инфекции.
Познаничка ме убедуваше дека кога има менстуација не е убаво да се мие, и она немиена седи. Којзнае колку смрди . Инаку секако дека имам правила. Хигиена со млака вода, без средства. Депилирање (повеќе мавам брич ) Памучни гаќи Кога имам бело прање со канестен се мачкам Се мијам со камилица (убаво да ми мириса се шалам ја стимулира кожата )
Што е канестен? Се соглесувам со голем дел од правилата освен со тоа дека е океј да се користат препративе за интима нега. Се покажало дека предизивикуваат црвенила, иритација па дури и бактерии од нив се закачуват. Или не треба да се користат често. Измивање само со вода, камилица и соба бикарбона една лажица, доктор ми сугерираше не тоа. Благ млаз не директно на интимата, и бришењето треба да е од горе надоле, т.е да не заврши кај анусот а не обратно.
Хипстер, Канестен е маст која е погодна за лекување на габични инфекции и полесни кожни заболувања од типот лишаи и сл. Еве ти подетално. Спојлер http://www.reglek.com.mk/dokumenti/upatstva/562_1.pdf Има и вагиналети, специјално за проблеми со интимата.
Не треба да се користат никакви интимни гелови затоа што од нив мислам дека се создава белото прање и уште ред други инфекции. Најубаво и најкорисно е само со млака вода, не со сунгери или незнам што туку со рака, никакви сапуни или незнам што. Јас на тоа се придржувам и после секое бањање користам помада нивеа, што ми е корисна.
^ Може и за време на менструација,односно секогаш можеш да се измиваш со камилица и бетадин. Иначе канестен е маст која лечи широк спектар на бактерии и инфекции. Освен канестен има уште еден вид вагиналети кои мислам дека се подобри од канестенот,само во моментов не ми текнува на нивното име. Се ставаат навечер пред спиење,недела дена.Од кога ке ги ставиш треба да лежиш и да мируваш(затоа и се ставаат пред спиење) бидејки од телесната температура се топат па да останат внатре да не истекуваат.