1.Мојот живот со тебе трае 10-15 години и секоја разделба со тебе за мене е тешка. Размисли за тоа пред да ме оставиш. 2. Мора да ми дадеш време за да сфатам што бараш од мене. 3. Имај доверба во мене, Јас живеам од тоа. 4. Не ми се лути никогаш и не ме затворај за казна. Ти ја имаш својата работа, забава, твоите пријатели - а јас те имам само тебе. 5. Понекогаш разговарај со мене. Иако твоите зборови не ги разбирам целосно, го препознавам гласот со кој ми се обраќаш. 6. Запамети како постапуваш со мене, јас тоа никогаш не го заборавам. 7. Пред да почнеш да ме тепаш, сети се дека мојата вилица многу лесно може да ги здроби коските на твојата рака, но јас тоа никогаш не го правам. 8. Пред да ме навредиш, како тврдоглав или мрзлив - размисли. Можеби ме мачи несоодветна исхрана, можеби сум бил предолго на сонце или на ладно, или имам истрошено срце. 9. Грижи се за мене и кога ќе остарам, бидејќи еден ден и ти ќе остареш. 10. Испрати ме на мојот пат. Немој никогаш да кажеш: „Јас не можам тоа да го гледам” или „Тоа нека се случи во мое отсуство”. ЗАПОМНИ: Со тебе, заедно, за мене се е полесно! твоето кученце.
Колку е тешко кога пријателчето ќе замине... Ми навираат солзи, ми се стега душава... и боли толку многу. 16 години беше покрај мене, 16 години се радуваше искрено кога ќе ме види, 16 години ме радуваше .... а колку долго ли ќе боли што го нема? кога ќе престанам да го барам со погледот? кога ќе дозволам куќичката да се одстрани? Никогаш нема да заборавам како се обидуваше да ме поштедиш од болка. Сам поминуваше низ својата агонија. Болното цвилење го претвараше во умилкување ... само за да не те жалам, да не плачам ... а незнаеш дека секој ден ми фалиш, дека солзите сами течат и дека секогаш ќе останеш во моето срце. Спојлер само оние што имале привилегија да имаат пријателче кое со поглед ги разбира ќе ме сватат
A мојата молба? доста ми ги јадеш кармините, сандалите, 50 денарките, цигарите, и се што ќе најдеш дома! последното нешто беше вештачките заби на мајка ми се смеам сега, ама ќе плачам кога ќе си дојде
Токму така! Паметат кучињата како постапуваме кон нив. Инаку моето куче е старо 11 години, израсната сум со неа, неможам да замислам да ја нема во моето секојдневие. Исто така знаат како се чувствуваме.Често пати кога сум не расположена или лута, прави глупости со кои ми краде насмевка.
Ох колку ме натажи Стварно,тие се душички,не имаат само нас ,нивните сопственици и ние им сме единствената радост во животот. Секој миг поминат со нас за нив е бесценет,секоја трошка внимание - богатство,се топат при секој излив на милост и љубов и десетструко ни возвраќаат за сето тоа.
аиии што убавоо Точно е тоа овие колку веќе 5 години,молбите се исполнувани,сега не баш сите но доста од нив се многу ми се допадна
ПРАВАТА НА КУЧЕТО 1. Имам право да давам и примам безусловна љубов 2. Имам право на живот кој нема да е сведен на основен опстанок 3. Имам право на адекватна храна и ветеринарна нега 4. Имам право на свежа вода и зелена трева 5. Имам право да се дружам со кучиња и лугиња надвор од мојата фамилија 6. Имам право на посебни моменти со моите луѓе 7. Имам право да бидам будалест и смотан, и да ги насмеам моите луѓе 8. Имам право да ја заслужам довербата на моите луѓе, а и тие да ја заслужат мојата. 9. Имам право на прошка 10. Имам право да си умрам достоинствено 11. Имам право да останам во добро сеќавање
Цивилизираноста на еден човек не се гледа по тоа колку е урбан, толку по тоа како се однесува кон животните. Не е работата се` да се сведе на овие 10 молби, што морам да признаам дека се трогателни, но пред се` вистинити. Куче, маче, животинче од каков било вид...сите заслужуваат љубов и почит. Ако некој не е спремен тоа да им го даде, нека ги поштеди од живот каков што не заслужуваат. Одговорноста е таа, без разлика дали е ново бебе или кутре или маченце. А постои посебен круг во пеколот за луѓе што ги напуштаат милениците кога ќе остарат.
И да, мораше да ја нушнам темава...еве ме сега со целата патетика во мене, завиена во една мала посвета на едно мало суштество кое ме исполни со хармонија и ми покажа колку е всушност големо. Токму така, за Роко мој зборувам....за целата носталгија по најубавите очи на светот. ...Малите ноктиња сеуште гребат, во призвукот на ноќната штама. Клунчиња...ме потсетуваа на мали чучулигови клунчиња, наредени во твоето ноџно мевце. Сеуште те довикувам немо, го барам твоето прасечко муце да го гребкам со ноктите на ножните прсти...некаде под сините чаршави и досадниот тон на повикот за утрински туш. Пријател, среќа, зен под моите допири....беше, сеуште си. Блиску, далеку, небитно. Едноставно постоиш. Роко - мојата мисија, мојот најубав и најтежок испит. Да, сакаш, да се грижиш, да боли....да го издржуваш мирисот на споменот од една присутност, од едно битување. ...Две шепи на моите дланки, пар чорапи зафрлени во ќошот на ходникот, симбиозата на ритамот на твојата опашка и среќата во твоите очи по моето пристигнување....шлапкањето на твоето јазиче во садот со вода, твоето омилено маалско дрво...спомени...време..љубов ........ Ми фали бре жени кутракот мој, ама знам дека е во сигурни раце. Бај д веј пред неполна недела станал татко...он додуша од мали нозе си беше мадерфак*р Сакав да кажам дека кога се разделивме, една недела бев во депресија...и ова беше првата работа што ја направив кога ги распакував куферите во новиот стан. Си чичнав на паркет, си полнев пепељара и си чкрткав, си ја смирував душичката...Ова е само дел од тоа, знам дека е патетично ама мое е, дел од мене, од еден момент... Дечко ми се заколна дека никогаш веќе нема да чуваме куче, гличла сум била Он на мене...
Kога го читав твојот пост џорџ, ко јас да сум бо пишувала ќути, еден ден не можам да седам без нејзе, кога не сум дома само нејзе ја мислам Hавечер заедно си спиеме, ќе си се гушнеме, сабајле ќе ми скокне да ме разбуди, со рачињата ќе ме загушка, ќе ми копа по ќебе да станам и да си играм со нејзе Kолку и да е лошо, пак си го сакам! си се читаме со поглед! Kога плачам, ќе легне до мене и таа си плаче и ќе почне солзите да ми ги лиже, ми носи топче да си играме да не сум тажна чудна работа се кучињата, многу се приврзуваат за тебе, а и обратно
Многу си ги сакам двете мои кучиња а најубаво ми е кога им зборувам и ако сум тажна тие како да го чувствуваат тоа и ќе си ги гушнам
Овоа стварно ме натажи...инаку јас имам куче ама не сум приврзана многу со него пошто ни е цело време у двор и не го гледам баш баш...инаку порано имав кучка која се викаше Линда и заедно со неа пораснав многу ја сакав ама беше стара и кога умре многу плачев
5. Понекогаш разговарај со мене. Иако твоите зборови не ги разбирам целосно, го препознавам гласот со кој ми се обраќаш. Јас секогаш си зборувам со кучето. Ако поминам покрај него и не му зборнам тажно ме гледа. И тоа сака внимание. Срценце најмногу си го сакам.
Можеби е ова офф топик, но пред неколку месеци го загубив мојот надобар пројател Лука мачорчето со кое другарував 5 години излезе и не се врати а тоолку многу ми недостасува Кога ке помислам на него ми се враќаат убави спомени, но сеуште имам недеж дека ќе се врати затоа што 5 години излегуваше и се враќаше ...
Точно така! Всушност неговите молби се минијатурни во споредба со тоа што кучето му го дава на сопственикот! И кога веќе ги чуваме треба и да ги почитуваме...
И ја си имав кутре Лола но бидејќи беше стара и само се мачеше дедо ми ја однесе на ветеринар и тие ја заспаа. Кога си дојдов дома од школа постојано викав Лола Лола но таа не дојде. Ми беше чудно бидејќи штом капијата Ќе тропнеше таа веднаш дотрчуваше. Кога дедо ми кажа што се случило бев многу тажна. Плчев и плачев. Вчера гледав слики од неа. Многу се натажив. Но всушност мислам дека дедо ми тоа го направи зо нејзиното добро. Сеуште ми фали душичката моја. Потоа мојот друг дедо зеде едно кутре од кај другар му и ни го даде на нас. Појде еден човек и сакаше да го купи. Дедо ми рече дајде му го. Мене ми беше страв од неа (кутрето беше женско) но таа беше вржана и јас ке си земев столче и ке си седнав подалеку од неа да не може да дојде до мене и си ја гледав и и зборував. Многу беше паметна. Но среќа што човекот живее блиску до нас и можеме да отидеме да ја посетиме кога сакаме. Кога ќе ни го слушне гласот веднаш почнува да лае и да скока. Дедо ми и баба ми живеат во иста куќа со вујко ми (син на роѓениот брат на дедо ми) и вујна ми. Тие имаат кутре Енџи. Таа се привикна на нас. Додека живеевме кај дедо ми и баба ми постојано бевме заедно. Си се гушкавме си се игравме. И сега кога одам со нив е исто така. Воопшто не и текнува да ме касне ниту пак другите. Златната она. Минатиот ден одам јас и ја викам но таа не дојде. Ја прашувам бујна ми кај е Енџи и таа вели тука е. И Енџи потоа излезе. Незнам што и беше. Таму пред куќата имеме голем камен и си седиме на него. Ја отвориме капијата и таа дојде и си седне до нас. Така си седиме заедно. Сега ние седиме заедно со чичо ми, нина ми, братучетка ми и братучед ми. Тие купија кутре Хана. Таа е како хаски така некако. Неможам никако да и ја запомнам расата. Ја чуваат надвор во ограден простор. Додека беше помала се галеше и се. Но сега откако ја затворивме таа сака да се игра бидејќи се е сама и ја с некако се и викам многу си лоша, ќути веќе итн. Но, сега ветувам дека ќе го променм однесувањето. Многу е слатка и постојано сака да се игра а јас како некој бездушник само и викав.