10 работи кои сакате да ги направите пред смртта

Дискусија во 'Слободно време' започната од LaLy, 13 октомври 2010.

  1. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    36
    Имате цел живот пред себе.Или пак делумно цел.Дали ги направивте работите кои сте ги зацртале уште од мали?Доколку имате 1 ден преостанат за живот што би направиле?А доколку имате цел живот пред себе?Или работите за кои сонувате се премногу големи и недостижни за вас,толку мали и безначајни дури во една толпа на улица?Набројте 10 работи кои сакате да ги направите пред смртта.

    Идејата инаку ми дојде од едно шоу што се прикажува на Ем Ти Ви ''The Buried Life''па самата себеси се запрашав дали сум направила се што сум сакала,или не затоашто би била осудувана од околината,затоашто темата е табуизирана или прескапа....итн.Пишувајте! :)
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.357
    1. Да отидам во Тајланд
    2. Да се сончам топлес 8)
    3. Да успеам да ги видам NERD на концерт
    4. Да си изградам сопствен базен и да пливкам во него кога ќе ми се сака... гола :P
    5. Да истепам некоја особа во темно сокаче која страшно ќе ме изнервира (зависи која, имам повеќе, би била среќна ако счукам макар една, со вреќа врз главата)
    6. Да ги соберам моите бивши на маса и да наздравиме со зборовите - Фала ви лајнари што ме направивте онаква каква што сум денеска. :rofl:
    7. Повторно да отидам на сафари во пустината
    8. Да издадам книга, на промоција да ми пее Ne-Yo или Здравко Чолич :lol:
    9. Да имам доволно пари во било кој момент да можам да си дозволам да избегам каде што сакам
    10. Да пронајдам Љубов, некој кој ќе ја обожува земјата по која одам, некој кој ќе ми прави смисла во животот, кој ќе ме сака точно каква што сум и нема да ме менува, ниту ќе дозволи да го сменам јас.
     
    На gjoker4e, elena1990, angelche16 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    929
    1. да скокам со падобран
    2. да одам во Колумбија
    3. да одам во Саудиска Арабија
    4. да одам во Африка
    5. да направам нешто битно за општеството
    6. да се искачам на многуу висока планина
    7. да работам бар мал период како струјардеса
    8. да пливам во океан
    9. да издадам книга
    10. да заработам многу пари со кои ке им купам летови на сите другарки за некоја егзотична дестинација
     
    На gjoker4e, merry.blues и LennaF им се допаѓа ова.
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.269
    да се сончам на копакабана со дечко ми,да имам соба-плакар,да глумам во некој филм(странски),да сум финансиски независна,да си купам кученце,да се возам на луда железница,да си купам убаво станче и сама да си го средам,да ја однесам другарка ми на гоолемо патување,зашто многу сака да патува,да поседувам луксузен ресторан,да научам убаво да скијам...
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    2.611
    Допаѓања:
    17.049
    Пол:
    Женски
    1.Да издвојам една година само за да се шетам низ светот.Да отидам буквално на сите убави места на ова наша планета.
    2.Да отидам на концерт на Бон Џови. :inlove:
    3.Да си купам количка буба ама да биде жолта :!:
    4.Да пробам некој од екстремните спортови(на банџиџампинг нај му имам мерак)
    5.Да отидам на незаборавен одмор со другарките и да се журкаме максимално.
    6.Да живеам во куќа на планина комбинација од дрво и стакло :)
    7.Да отидам на одмор со дечко ми на некое егзотично место.
    8.Да продадам барем една моја уметничка слика која ќе стане многу славна :emo: :D
    9.Барем мал период да работам во војска(најмногу го сакам ова ради носењето на униформа :D )
    10.Да основам семејство со личноста што јас ќе ја изберам,ќе ја сакам безусловно, а и тоа да ми биде возвратено и да имаме 3 дечиња. :)
    ...И тоа би било тоа...баш кога сега требаше да изберам 10 пишував 15 мин. :D стварно е тешко да ги селектираш и да ги одбереш токму 10те што најмногу ги сакаш...зошто верувам секој има повеќе од 10 ;)
     
    На gjoker4e, Jovi.girl и Beautiful.Nightmare им се допаѓа ова.
  6. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.486
    1.Да снимам блокбастер :D :rock:

    2.Да отидам во ЊуЈорк и да вриштам од Кипот на Слободата[​IMG]

    3. Да го запознаам M.K 8)

    4. Да трчам гола по ливада на полна месечина (да се сончам на месечева светлина)

    5. Да го направам оној фамозен скок во вода од лијан>

    http://www.youtube.com/watch?v=aNsk5tul ... re=related

    6. Да поминам барем едно лето во Rainbow Country, изолирана од цивилизација негувајќи ги духовните вредности

    7. Да отидам во Индија

    8. Да снимам (бар eдна) сцена со Никола Којо ]:)

    9. Да изградам Азил за бездомни миленичиња или патрола за нивна заштита, и да помагам на истите

    10. Да оставам доволно `матерјал` позади мене, со што би го обележала моето поестење
     
    На LennaF му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    332
    1.да скокнам банџи
    2.да си ја направам куќата од соништата
    3. Да тркнам до Швајцарија,Њујорк,Дубаи,Италија ......
    4. Да си објавам своја автобиографија
    5.Секс за една ноќ
    6. Да се појавам барем на кратко на филм
    7. Да станам уредник во модно списание
    8. да си купам црн кабриолет(марка не е битна :)
    9. Да се качам на Монт Еверест
    10.И за крај да имам еден згоден маж и 3 слатки детенца

    :tmi:
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    285
    Пол:
    Женски
    1.Да се прошетам низ светот.
    2. Да ја видам Шпанија.
    3. Да завршам молекуларна биологија или пак судска медицина (ако не се предомислам до 4та годд)
    4. Да имам голем црн џип.. :lol:
    5. Да се сретнам со Џерард.
    6. Да престојувам едно зимо во Русија.
    7. Да го осетам чуството на скок банџиџампинг.
    8. Да летам со балон.
    9. Да го посетам Антартикот..бар на 10мин.
    10. Да учествувам како актер во филмот ЦСИ(истрага на местото на злосторстрвото) Њу јорк.
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.694
    1. Да дишам со полни гради од врвот на Ајфелова Кула
    2. Да имам секс :$ :D (па што? девица сум!) :D
    3. Да се сончам топлес
    4. Да имам прилика да пливам со китови.... или бар делфини
    5. Да погалам тигар
    6. На СИТЕ што ме нервираат да им пратам по еден „тепач“ и коските да ги болат бар една недела :D
    7. „Здраво“ да се изнапијам со другарките во мојот омилен кафиќ во Охрид, да не служи мојот омилен келнер/шанкер, да свират најубавите џез со латино призвук песни и да пееме на караоке
    8. Еден убав семеен ручек со ЦЕЛОТО семејство, од најмали до најголеми (тука ги вклучувам и моите мачки :D )
    9. Да ги имам во иста просторија Стивен Тајлер и Брус Дикинсон (Тајлер да ми ја пее I don't want to miss a thing, а Брус да ме држи да не припаднам :D )
    10. Да успеам да им кажам на СИТЕ значајни личности во мојов живот КОЛКУ МНОГУ МИ ЗНАЧАТ, и колку сум им благодарна што биле дел од МЕНЕ
     
  10. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    12
    1. Да го прошетам светот.
    2. Да отидам на концерт на Shakira.
    3. Да издадам книга од која подоцна ќе направам филм.
    4. Да се појавам во некој филм. - Не мора да биде тоа главна улога.
    5. Банџи џампинг :D
    6. Да станам познат психолог
    7. Да направам фотосесија за некој магазин.
    8. Да заработам мало богатство.
    9. Да отворам дом за напуштени животни.
    10. Да доживеам љубовна приказна како во филмовите.
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pandelka.o.O

    Pandelka.o.O Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    14
    1. Би ја прошетала Европа(немора цела) и Америка. 8)
    2. Би се капела гола во некој базен шо ќе го изнајмам заедно со некоја куќа-фантазија :rofl:
    3. Банџи џампинг :clap:
    4. Секс со девојка :devil:
    5. Би играла на латино песни дури не ми паднат нозете :dance:
    6. Би возела некоја многу добра кола,или мотор.... :wasntme:
    7. Концерт на Продиџи...Урлање до бесвест со сите адети хаха 8)
    8. Би седела дома,тивка и удобна вечера со мојата фамилија :angel:
    9. Качување по планина :rofl:
    10. Би играла во малата со децата некои игри кои би ме вратиле во детството... :lol:
     
  12. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.330
    1. Да имам дечиња, прекрасни најубави
    2. Да пропатувам секаде каде што можам
    3. Да ги почастам моите родители за се што ми пружиле, со долго патување, и се што сакаат.
    4. Да измислам нешто ново :)
    5. Да начкртам графит
    6. Да управувам авион
    7. Да изнајмам куќичка на плажа за неколку месеци на неко егзотично место
    8. Да возам Формула1 :)
    9. Да се позабавувам во Амстердам
    10. Да посетам вистински Блуз бар во Чикаго :inlove:
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.647
    Допаѓања:
    9.660
    Пол:
    Женски
    Хм, па ајде вака на брзинка кои ќе ми дојдат први:

    1. Кина, Индија, Шпанија, Франција и Холандија - задолжителни дестинации за убаво патување и долгометражно разгледување!

    2.Да пробам што е можно повеќе пози од КамаСутрата :$

    3. Да пробам некој екстремен спорт (било кој)

    4. Да издадам книга!

    5.Да си купам куќа покрај море во која ќе живеам со маж ми, децата и двете персиски мачки :!:

    6. Да научам латино танци и да ги пробам научените вештини во Куба.

    7. Да дадам интервју за светски познат весник.

    8. Да имам солидна кариера

    9. Да прелетам со балон над Африка :D

    10.Да имам продавница за моите лично изработени накит и облека.
     
  14. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.894
    1. Да посетам повеќе дестинации меѓу кои и Бора Бора, Дубаи, Индија, Јапонија и Кипар. :)
    2. Да пробам неколку екстремни спорта ( банџи-џампинг, параглајдерство, падобранство.. )
    3. Да имам три деца (два близнака(машко женско) и уште едно машко дете).
    4. Да бидам успешен новинар кој ќе работи надвор од државава.
    5. Да се качам на Монт Еверест и да викам најгласно што можам. :wasntme:
    6. Да отидам на Антартикот и да се „дружам“ со пингвините. :inlove:
    7. Да имам Мини Морис или пак Ауди А8. :)
    8. Да имам секс со некоја позната личност. :angel: :wasntme:
    9. Да отидам на концерт на Роби Вилијамс, Линкинг Парк и Guns n' roses. :rock:
    10. Да издадам своја книга, и да имам свое списание или пак телевизиска емисија. :)
     
  15. violetblue

    violetblue Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    652
    1. да ги згрижам сите кучиња бездомници
    2.да настапам во театар
    3.да научам фински, романски и арапски јазик
    4. да ги посетам Барселона, Дворецот Дракула, Хелсинки и Мароко
    5.да летам со авион
    6.шопинг во Шанел
    7.да бидам костимограф во театар
    8.да ги сменам законите за семејно насилство и дискриминација
    9.да си поиграм со пингвини
    10. и на една личност да и кажам во лице дека ја направила најголемата грешка во животот
     
  16. Zamzara

    Zamzara Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    31
    Романтично патување (закаснет меден месец) во Австралија,Тајланд и Дубаи.
    Кафе на Вол Стрит со Доналд Трамп
    Пишување колумни ( Мојата пасија )
    Хмм две особи би пратила на Панама да им прават друштво на сите можни влекачи :tmi:
    Би го остварила сонот на мајка ми и баба ми.. Заслужено
    Би ослабела најмалку 10 кг :D барем еднаш во животот да се видам слаба како В. Бекам :D
    Детенце,детенце и детенце..
    Би измислила антифејсбук програма :rofl:
    Куќа покрај море .... Шпанија би ја одбрала како супер дестинација
    И за крај би уживала во животот што ми преостанал среќна и задоволна со постигнатото!!!!

    П.С. Заборавив ама како подточка ке го ставам Луис Витон...Цела гардероба асесори се ќе ми биде од Него... :rock:
     
  17. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3.273
    Допаѓања:
    1.767
    Пол:
    Женски
    Па како најпрво, да го разгледам цел свет, и се што има на светов.
    Никоја држава да не испуштам. Се се. Баш се да прошетам, секое мало гратче. :)
    2. Да имам дечиња,такви мали слатки. 4 најмалку да се, да и исполнам желба на мајками. 2 да се близнаци машко-женско, и останатите 2 девојчиња :wasntme:
    3. Ќе изнакупам еден куп облека, се се се баш се што сакам се да купам. + пакетот вклучува и патичиња секако, Најк. Високи. :$
    4. ..Да отидам на концерт на Продиџи. Или на Инфектед Машрум. аааааааааааааааааааааааааааааааааааа :rock: :rock:
    5. Да го најдам него. Човекот од моите соништа. Добар, мил. Супер муабет со него. Знае како да се однесува со мене. Има стил. Патика, најк :inlove:
    6. ... Да не бидам повеќе девица. Човекот од моите соништа да го направи тоа. :wasntme: :rofl:
    7. Да Успеам да се збогувам со мама и тато , секој ден ќе бидам покрај нив, и ќе им укажувам колку ги сакам.
    8. Да возам Ауди тт. Ааа...
    9. Кристијано Роналдо да ми поклони бакнеж :rofl:
    10. Сите личности што биле дел од мојот живот,кои го направиле вака среќен... Да успеам да ги усреќам и јас. И да им кажам колку многу ми значеле.
    Епа.. тоа беше се 8)
     
  18. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    199
    1. Да ја најдам и да ја имам сродната душа покрај мене накај 28-та година :inlove:
    2. Да си ја остварам желбата-успешна кариера :geek:
    3. Да живеам во Дубаи (и брат ми да си го земам со мене не во иста куќа но да биде блиску до мене) :)
    4. Да имам приватен џет 8)
    5. Плакар како на Carrie Bradshaw (да биде изненадување од мојот Mr. Big) :$
    6. Врска со јавна фаца ( Владимир Матович од Е.О. по можност) :rofl:
    7. Да летувам на Бора Бора,Ибица и да се утепам од журкање :rock:
    8. Да возам џип Chevrolet Escalade шампањ боја :inlove:
    9. Да си се шетам на шопинзи кај ќе ми текне (со другарките) :)
    10. Да ја имам свадбата од моите соништа :$
     
  19. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.019
    1.да ја прошетам сахара со камила
    2.да дочекам внучиња успешни од моите деца
    3.со сопругот на стари години да го прошетаме светот
    4.да бидам успешна и да имам своја компанија во мојата кариера
    5.да донирам 1000000000 евра за децата без родители
    6.да откријам некоја иновација за во иднина
    7.да летам со параглајдер
    8.да се сексам 48 часа (да не излезам од соба со дечко ми и за тие 48 часа да го повториме чинот неколку пати)
    9.барем еднаш да бидам признаена за некоја било каква работа
    10.да бидам здрава и жива и среќна барем 60% во животот
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    1.725
    незнам зоШто ама не се плаШам од смртта, :) мозеби затоа Што до сега неколку пати ја избегнав :^)

    а има неколку работи Што би сакала да ги сторам како и секој Човек секако :$

    1 Да се вработам во некоја прилиЧно добра фирма
    2 Да си го доврШам факултетото кадеШто застанав, па и да се обидам на пост-допломски студии
    3Дасе запиШам неколку месеци на јога, латино денс аеробик, пилатет, и танц секако, а мозе и аикидо
    4Да си ја пронајдам вистинската лубов па да се обидеме да зивееме заедно, да си оформиме дом, дециња и се со ред, и да им овозмозам се и повеке од тоа Што моите ми овозмозуваат
    5 Да си добијам на лото 100 илјади денари за поцеток, за лап-топ, Орбитрек
    6 Да си купам Ауди А4-мојот омилен автомобил, уфффф колку го сакам
    7 Да си заШтедам пари барем една гарсонера да си купам ама да биде МОЈА лицно
    8 Да иам малку повеке пари за да ги споделам со тие Што немаат, а по мојата смрт сакам да ги донирам органите, на тие Што им треба трансплантација , се надевам дека моите ке го прифатат тоа.
    9 Да изврШам неколку корекции на моето тело Што цел зивот ми сметаат со ласер секако
    10 Да им помогнам на сите децинја Што просат, и немаат т.е. да им овозмозам подобар зивот, со отварање на институција каде Што би биле згризени и срекни
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.