1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

11 години владеење на ВМРО - Што оставија зад себе?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од referentka, 14 август 2017.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Поминаа 11 години откога на Македонската политичка сцена настапи оваа партија на чело со Никола Груевски.
    Како беше пред тие 11 години..?
    Како беше за време на владеењето
    Што оставија позади себе ?

    Дали навистина се намали невработеноста или ги ,,штимаа,, бројките за да се прикажат пред народот ефикасни..
    Дали навистина привлекоа странски инвестиции..
    Каков став имате за проектот ,,Скопје2014,,...дали навистина чини 70 милиони евра или десеткратно повеќе?
    Какви беа Министрите од неговата Влада, дали сте задоволни од нив?
    Дали се исели млад и школуван кадар поради нивната политика?
    Какво влијание имаа ,,бомбите,, врз нивната кариера и опстојување на политичката сцена?

    Дозволени се и критики и пофалби, но без меѓусебни навреди :)
    Секој има право да си каже свое мислење.
    Мислењата кои содржат говор на омраза, навреди и мислењата без факти ќе бидат бришани:nod:

    Дозволено е постирање на статии и слики поткрепени со Ваше објаснување.
     
    На Victorian, cresa-jagoda, JuLleE и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.574
    Допаѓања:
    171.537
    Пол:
    Женски
    Пред тие 11 год беше пустош. Матни приватизации, народ без работа..
    После овие 11 год е пак пустош. Еден куп споменици за ненормално високи суми, згради без врска градени во барок, колку да штрчат во околината, глупави закони и илјадници невработени избришани од евиденција за да се намали процентот на невработени..
    Важно младите избегаа...и допрва ќе бегаат.
    Ама ако, секој нека се снајде како умее..

    Заклучок:
    Нема влада што работи за народот. Сите си работат за џебот.
    И по пустошот, следи пустош..

    :hai:
     
    На Elen4e_sonce, Arthur, TutiFuti и 34 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.745
    Пол:
    Женски
    Колку и да чинат спомениците сега се зелени. И на поклон да му беа давани за тој неквалитет требаше да ги одбијат, а не пари да се фрлат.
    Образованието беше лошо. Кембриџ програмата, или самата замисла за неа, не е лоша, но беше избрзана и лошо спроведена. Екстерното беше тотален булшит. Се надевам барем дел од вас ги имаа прочитано учебниците кои имаа грешни факти и тон печатни грешки или на момент да се двоумиш "што сакал да кажи авторот", или пак преводот на книги. Преводот на странска литература, пак ќе речам, одлична замисла и доста лоша реализација зошто имаше лош превод и побрзо би сфатила од германски него преводот. Но, ми се допадна воведувањето на компјутери во училиште, но за жал се до средно и нес беа нешто користени зошто основно од наставниците се бараше и работа со компјутери и клупи групирани и сами да учиме материјал. Се сеќавам дека молевме малку од малку да ни објаснат наставниците зошто некои работи можи да ги научиш, но не и да ги сфатиш, а тие ни враќаа дека така мора да биди зошто тој ден можело инспекција да дојди.
    Здраството ... Колку деца кои чекаа само починаа и колку ли родилки во 21 век ... Мој термин ми се допаѓа, сакам закажување, планирање на време и ред. Е колку добро се реализира ... Треба да се видат ходниците и оние кои се мушнуваат преку ред. Секогаш сум за голема контрола.
    За бомбите ... Од каде да се почни, но со тоа само се докажа дека се грижеа за се сем за народот. Сепак, мислам дека ефектот од бомбите ги зафати само неопределените и тие кои не се за ВМРО, зошто тие кои се, веруваат дека се нели ... Сечени, лепени ... Што е лошо, мислам сериозно. Никој не треба да е толку слеп пред политичката определеност.
    Каква беше државата пред тоа и неможам да знам и за 11 години би било срамота ако немаше и нешто добро. Некои градби се добри, но некои се тотален булшит. Се тоа што градеа во Скопје да го распределеа на околу и нигде да не беше претрупано и да се плашиш да не се чукниш во споменик, би било можеби подобро. Стварно не знам каква корист сем партиско вработување во администрација имаа луѓето кои ги поддржуваат. Имаа одредени странски инвестиции кои вистински кренаа вработување.
    Сепак, таа влада работеше за пензионерите и со тоа ги изгуби младите. Вистина е дека ако ги задоволиш пензионерите до крај ќе те гласаат ама не е целта да се остани по секоја цел на власт туку да се задоволи народот, а народот кој допрва ќе живее, кој учи и треба да работи е тој на кој му е најтешко и такво нешто не требаше да си дозволат.
    Сепак, тука има безплатен превоз за студенти и средношколци што е навистина добро, и забрана за пушење на затворени места.
    Ни повеќе лошо, ми повеќе добро ми текнува во моментов, па можеби ќе прокоментирам во некоја наредна прилика.
     
    На Petar80, cresa-jagoda, Bela Vela и 6 други им се допаѓа ова.
  4. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Да не почнеа со претераното трошење и вработување партиски може и ќе успееја.
    Во нивното владеење ми се допадна најмногу средствата за самовработување и субвенции за нови работни места. Макар што знам примери каде на денот по истекување на грејс периодот им иде инспекција и им пишува казна од 3000 еу ( колку што зеле). Ама нејсе, дадоа шанса на младите да си се сами газди.
    Многу згрешија со вработувањата на кадри кои само што излегоа од факултет или уште недипломирани, а некои со години чекаа на ред.Бев нивен симпатизер се до 2010/11 година кога ми дојде преку глава.
    Многу внимание посветија на пензионери а ги заборавија, децата, градинките, студентите,младите брачни парови, мајките.
    Скопје 2014 им е најголемата катастрофа.
    Странски инвестиции имаше да, но платите за мизерни за условите. И двајца вработени да се во тие фабрики со 20 000 не се опстанува. А ќе ти речат еве двајцата работите.

    Горе долу, повеќе негативности ќе излезат отколку позитивни нешта.
     
    На Rama, mira.mira, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Постојат епидемии и природни непогоди кои биле многу помало зло отколку власта на кривоногиот, антихаризматичен лик со говорна маана, шегата на природата и нус продуктот на општеството.

    Треба да се направи попис па да се види барем бројката на постојани жители.
    Не се сомневам дека бројките ќе бидат поразителни. Никогаш до сега, ниту под турци ниту под остали власти немало ваква депопулација. А најстрашно е што заминаа најчесните, најкреативните, оние кои не виткаа кичма, без разлика дали се работи за општи работници или високостручни особи.
    Губењето на најпродуктивниот дел на населението веќе се осеќа, но за 10-20 години тоа ќе биде драматично.
     
    На Elen4e_sonce, Offspring, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Невработеноста е намалена, што од многу иселени (овој тренд не е од сега ами од памтивека, нашиот народ е познат по иселување, не има буквално низ целиот свет, но во последниве 10години бројот на иселени е значително зголемен), но има и доста вработени во странските инвестиции.

    Новата влада навистина
    привлече странски инвестиции каде и домашните фирми меѓусебно соработуваат и профитираат, но и покрај тоа не заживеа економијата баш поради поволните услови што им ги понуди државата (ослободување од даноци, безплатно земјиште..)

    Од предх. власт Елизабета крајно арогантна, цела брендирана од глава до пети предизвикува кај мене револт, Диме Спасов дете неизживеано, Груевски без харизма...

    Скопје 2014 може да му се допадне само на оној кој не ја напуштил држава, не видел стари градби полни со душа, уникатност, посебен дух како градбите во Прага, Париз, Виена..

    Бомбите да беа објавени во нормална земја веројатно народот ќе кренеше револуција, шокантни и монструозни изјави имаше.
     
    Последна измена: 14 август 2017
    На Rama, mira.mira, cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Воведоа голема и дефинитивно успешна кампања - имај многудетно семејство. Секој трет што го знам има трето дете. Но колку ќе има перспектива и финансии да им обезбеди достоинствено детство ако остане во Мкд... тешко.
    Отворија факултети на секој ќош и само се зголеми бројот на магистри и доктори на наука кои се среќаваат на работни позиции продавач.
    Се намали бројот на невработени зошто се воведоа ригорозни мерки за пријавувањето во аврм - доцниш еден ден - леташ од список една година.
    Го модернизираа здравството - ги компјутеризираа докторите, чекаш 2 саати за мој термин, влегуваш кај лекар 5 минути и чекаш штракање на комјутер уште два саати, па тек ако паднал системот...
    Те избркале од работа а си имал за 10 денари повисока плата од минималната - цела година не те следи здравствено осигурување, си имаш штедено од "високата" плата лани.
    Имаш трето дете нели и само еден родител работи, твоите деца не се пожелни во градинка, оди на интервјуа со трите деца.

    Ова само дел што ми текна сега и сум го искусила на своја кожа
     
    На Elen4e_sonce, mira.mira, Victorian и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Контра тема :). За мене се сите исти гом*а. ;)
     
    На ADOKI и elimkd им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.858
    Допаѓања:
    133.182
    Пол:
    Женски
    Во изминатите 11 години бевме сведоци на крајно непродуктивно трошење на средства
    - изградба на споменици за милионски суми
    - изградба на спортски терени во места каде што реално и нема потреба од нив, за да се запуштат за многу кратко време пошто никој ниту ги користи ниту ги одржава
    Пред некое време бев во Мк. Брод. Изумрено место. Гледаш зграда пред тебе, со 20тина станови само во 2-3 светло пуштено, се друго расселено и се враќа само во летниот период. Петок навечер ни во единствениот кафич нема жива душа. Според кажување на личноста кај што бевме на гости, во време кога гратчето живеело од неколкуте фабрии во негова близина, немало ништо за рекреација, ни спортски терен, ни сала, ни базен. Е претходната влада им изгради се. Само не ги мотивира луѓето да се вратат. Зошто инвестирање во нешто коа нема кој да го користи. И ред други вакви местенца во Македонија каде што со години има депопулација на населението. И место стратегија за заживување, непродуктивно се трошат средства.
    - донесување на смешни, на кај глупави закони со кои буџетот се оштети за огромни сум не само во тековните години туку и во наредните.
    законот за надоместок на трето дете толку е непромислен и дискриминирачи. Од коа е донесен куп жени се третирани со извињење ко стока за приплод само ради тој надоместок. Ако веќе се дава надоместок нека се даде подеднаква сума за секое дете. Само со овој закон огромни суми се задолжи државата пошто треба и во идните години да ги исплаќа тие мајки кои родиле трето дете.
    - отварање на објекти кои реално не се потребни, занемарувајќи ги оние од кои реално има потреба
    ПРИМЕР

    А можеше поинаку...

    Можеше да се направи стратегија, да се потенцираат најзагрозените сфери и прво во нив да се делува. Наместо споемници можеа да се реновираат болници, да се набави соодветна апаратура, да се обучи квалитетен и стручен кадар, истиот тој кадар да се мотивира да остане и работи во земјава. Срамота е болница во 21ви век да нема соодветна хигиена, а камо ли кадар и апаратура. Плаќаме задолжително здравствено осигурување, а во најголем дел од случаевите се лекуваме по приватни болници.

    Се вработија на сите позиции не соодветн партиски кадри. Луѓе кои експресно завршија факултети кои им ги отвори владејачката структура и стигнаа до раководни позиции, без соодветно знаење и искуство, преку ноќ. Пример енолог со 3 годишни студии на висока позиција во полиција.

    Место еден куп наквалитетни кадри ,,никнати,, без никаква селекција можеше да се продуцираат толку колку што има реална потреба со строга селекција. Не ни требаат куп доктори на науки, треба истите тие доктори да имаат знаење,практично и теоретско. Дисперзирани студии во секое селце, таму кај што нема ни младина - пак се враќаме на она непродуктивно трошење на средства.
     
    Последна измена: 14 август 2017
    На Elen4e_sonce, Dennings, Rama и 15 други им се допаѓа ова.
  10. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    6.341
    Пол:
    Женски
    Постигнаат многу работи, а знам дека ВМРО имаат капацитет да направат уште измени со кои ќе се подобрат нашите животи, во моментот се сетив на само овие работи, знам дека имам пропуштено уште работи кои ги направија ВМРО
    • привлекување на странски инвестиции
    • отварање на нови работни места
    • зголемување и редовна исплата на платите и пензиите
    • воведување на нови двокатни автобуси и возови
    • изградба на жичница
    • изградба на социјални згради за социјално ранливите семејства
    • бесплатни бањи за пензионерите, бесплатен автобуски превоз за пензионерите
    • изградба на факултети и спроведување на дисперзирани студии со кои се овозможува секој млад човек да студира и во своето родно место
    • намалена партиципација за студентите за приватна и државна квота на факултетите
    • зголемени стипендии за студентите
    • доделување на ваучери за набавка на компјутери за студенти од социјално ранливите семејства (Студентите од социјално ранливите семејства со месечни примања на родителите под 15.000 денари, како и студентите евидентирани како лица со посебни потреби, добија ваучери за набавка на компјутер или лап-топ.)
    • бесплатен автобуски превоз за средношколците и студентите, бесплатен железнички превоз два пати месечно за младите до 27 години, секој четврток учениците и студентите имаа бесплатен влез за кино и театар
    • изградба на театри, музеи и спортски центри
    • спроведување на проектот Скопје 2014 (ама за сите војводи не се изградени споменици за Лазар Поп Трајков, за Митре Влаот и Пандо Кљашев, Пандо Кљашев е отсликан на спомениците Лавови на мостот Гоце Делчев, но јас сметам дека треба да се изградат споменици за сите војводи и борци за Македонија)
    • целосна исплата на штетите од поплавите
    • навремена исплата за субвенции
    • субвенции за самовработување
    • паричен надоместок за трето дете
     
    На Bitter-Sweet, Rama и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.574
    Допаѓања:
    171.537
    Пол:
    Женски
    А да ми кажеш ти мене што фајде виде народот од жичницата а сега и од тркалото кога и така и вака на Водно си одевме на поубавиот рекреативен начин т.е пешки?!

    Што фајде од двокатните автобуси кога се правени за црвчиња а не балканци? Знаеш дека не е удобен превозот? Знаеш дека пола од климите не работат? Знаеш дека од прв ден ги сервисираат? И овој податок ми е од прва рака..


    Колку луѓе отпуштија за да вработат нови?

    И дали знаеш дека работа на владата е да ги зголеми платите и пензиите сразмерно со порастот на трошоците за живот? А знаеш дека трошоците се многу повеќе процентуално зголемени, него ли платите?!

    Ако не знаеш, еве јас ти кажувам.
    Со чек од 1200 ден се враќавме со 5 и кусур кила месо од месара, а сега свинското е 320+ денари а да не зборам за јагнешко телешко и јунешко..
    Преку рампа во Маџари во продавниците на големо (и мало) стекот и тоа несаламурено ѓубре беше 120ден а сега е 330..
    Крилцата беа смешни 60-70 ден а сега се 150
    Сметката за струја ми беше 1500 а сега во лето не сум видела под 2000 а во зима под 3500 ..се греам на парно
    Водата и смет беше 400 и нешто сега е барем 640

    Жално е..
     
    Последна измена: 14 август 2017
    На Elen4e_sonce, Tan4ence, Mari* и 20 други им се допаѓа ова.
  12. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Заборави да ја споменеш бугаризацијата која настана благодарение на оваа партија. Груевски ветуваше чуда со економијата и ветуваше на самиот почеток ќе го спречи масовното иселување на млади луѓе со тоа што ќе ја подобри економијата. За жал тоа не се случи и на крајот се запиша во листата на неуспешни политичари заедно со Бранко Црвенковски и компанија.
    За тоа дека може да се маскираат бројките, можат, тоа го можеа Грците па зошто да не и нашите политичари? Чисто се сомневам дека нешто тргна напред.
     
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Оставија доволно по кое може да се плука наредни 11 години и да не се прави ништо друго.
     
    На Elen4e_sonce, Anacid, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.095
    Допаѓања:
    37.558
    Пол:
    Женски
    Заборавија дека постојат и други градови, а не само Скопје.
    Заборавија дека постојат студенти и млади луѓе, а не само пензионери.
    Заборавија дека има луѓе со капацитет и диплома кои чекаат во АВРМ со години, а не само партиски послушници со книшка во рака и фотеља под газ.
    Заборавија дека постојат и други луѓе, а не само вмровци.
     
    На Elen4e_sonce, Dennings, Tan4ence и 24 други им се допаѓа ова.
  15. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Значи пензионерите и одамна мртви анонимуси биле приоритет.
    Добро е да се знае, бидејќи којзнае колку деца и млади особи испоумреа пошто немаше за нив пари.
    Ама важно споменик од Влаот.

    ВЛАОТ БЕ:D(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)
    не е за смеење ама е смешно некако...vazno segradi ! vecna ! solunenas !
     
    На Elen4e_sonce и mira.mira им се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Ќе оставеа одличен впечаток и побел образ доколу место Скопје 2014 изградеа патишта, да ја подобреа инфраструктурата ќе имаше напредок и развој на долг рок, ужас е патот Охрид-Св. Наум, ништо не бидна ни Охрид-Кичево, ужас е и Охрид-Битола
     
    На Gosh, Victorian, katencezlatence и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ќе почнам од тоа поради кое почнав да се ,,замарам“ со политика – образованието. Го уназадија со глупости кои ги нарекуваа ,,реформи“ и со кои се лупаа во гради – ја оценуваа работата и посветеноста на учениците со напамет научени и препишани прашања на заокружување, ги испобунија со Кембриџ програмата, донесоа во школите компјутери кои 90% служеа за украс. Не го почитуваа мислењето на младите и нивната борба за подобро образование, нѐ вреѓаа и означуваа како ,,соросоиди“.

    Најтрагичното – хаосот во здравството со толку трагични случаи, што дури е жално да се коментира.

    Го направија Скопје град на кичот, и во странска статија на англиски беше наречено вака фамозното Скопје 2014.

    Го сведоа поимот за патриотизам на ултранационализам, ксенофобија, хомофобија, уназадување и омраза... мнооoгу уназадување и омраза. Па како врв на сето тоа и хулиганско насилство.
    Тука и историјата ја изобличија во корист на сето тоа, со почитување на убијци како Тодор Александров, Ќосето и слични.
    Направија менталитет и скандали од кои ќе се засрамиш што си Македонец.

    Бомбите не се ни за коментар со сета злоба и нечовечноста со која се искажани криминалите во нив.

    ФМП :hai:
     
    На Elen4e_sonce, Tan4ence, Victorian и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    11.214
    Оставија демографска и економска катастрофа. Попис ако има ќе биде катастрофа невидена за Македонците со тоа нивно 3 дете, а 3 дете ама за малцинствата. Споменици дел се ок, ама дел се премногу. Невработеноста не се намали, туку бришат од евиденција и народот се сели, а тие тоа го пропаѓираат како намалена невработеност.
     
    На blackwave, Црна Ружа и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    6.341
    Пол:
    Женски

    Уште ја имаш можноста да одиш пешки на Водно, но тоа не може секој да го прави. Постојат луѓе со штаки, во инвалидски колички и со други здравствени проблеми не можат да се искачат на Водно, но со помош на жичница и они ќе можат да дишат чист воздух.

    Сега и автобусите сметаат?(facepalm) Подобри ли беа старите автобуси кои личеа на хармоника од времето на Тито? Со дрвени столчиња, удобни ли беа за седења старите автобуси? Сега да не сакаш кожни седишта? и тогаш пак ќе наоѓате мана пошто ВМРО ги обезбедило. Овие автобуси се предобри, немаат никаква мана, има клима. Во некои автобуси самите возачи не пуштаат клима, а така е и подобро. Во автобуси ладно, надвор топло ќе добие некој патник удар. Нели една жена така и почина.

    А, дали ти знаеш дека платите и пензиите се зголемени, што во време на сдс ниикогаш тоа не се случило. Знаеш колку беше партиципација на факултетите кога сдс беа на власт? 400 евра државна квота, 800 евра приватна квота на државен факултет. Сега е двојно намалена.
    Приватизацијата на сдс остави 200 000 луѓе без работа, а околу 700 фирми беа затворени. Сега разрешуваат директори. Избркаа самохрана мајка од работа, во Ресен уште 5 фамилии останаа без работа

    http://kurir.mk/makedonija/vesti/za...vo-resen-ostavi-ushte-5-familii-bez-leb-foto/

    Не се секрај сега ќе ја намалат цената на зајачко месо :D Гледам сдс ви воведе 500 еврича плата и евтина струја, а и РТД ви ја укинат, така беше ветено пред изборите нели?

    Наместо тоа тиранска патформа ви спроведува на дело. Алаѓозовски го нарекува Самсоненко куроленко, а деновиве видовме негова гола слика :headbang: еден министер така ли треба да се однесува? Тевдовски не знае говор да прочита ама ззадолжувањата му идат од ракав. Лешоски е претседател на Управен одбор на СВП (facepalm) Шеќеринска не им оддаде почит на загинатите на Карпалак и Љуботенски Бачила, со изговор албанската коалиција ќе се налути (facepalm) Полицаецот Ацо кој пукаше во сопствениот народ на 27 април е назначен за началник (facepalm) Полицаец пукаше во 16 годишно малолетно лице, а Спасовски не излезе на прес конференција. Секој ден пишувавте за Мартин Нешковски, што не пишувате и за ова малолетно дете кое е во критична состојба и се бори за живот. З.З ја продаде македонската историја на Бугарите за 20 милиони евра

    Епа тој да си го чувате љепотици. Тој де што ќе донесе 200 000 мигранти во Македонија и ќе ви споведе двојазичност.

    @Црна Ружа Ружо во моето мислење имаше и за студентите и за социјално загрозените семејства. Значи не биле приоритет пензионерите. Инаку војводата се вика Митре Панџаров ама во јавноста е познат како Митре Влаот. Ај пушти си некоја емисија или подобро би било да прочиташ некоја книга за историјата на Македонија, пошто се гледа дека воопшто немаш познавања.
     
    Последна измена: 14 август 2017
    На Lianna Anna, Bitter-Sweet, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.171
    Допаѓања:
    235.002
    Вие читате ли дека ПОЛИЦАЕЦОТ ЌЕ ОДГОВАРА КРИВИЧНО И Е ОБВИНЕТ ЗА УБИСТВО ВО ОБИД!!!

    Сега од кај да почнам...
    Од катастрофалното здравство. Да ти е страв да појдеш на лекар.
    Мислам доволно е што слушнавме во бомбите.
    Урко згази човек а ќе одговара условно.
    МВР го прекриваше убиството на Мартин.
    МВР беше штаб на Вмро.
    Скопје 2014 е пералница за пари.
    Ништо да не набројувам доволно е само да спомнам за парите кои ги окрадоа од народот и за кој се покренати обвиненија.
    За образованието. Остајте програмите, ами какви лица станаа професори. Неписмени ама партиски војници.
    Избори добивани со уцени и закани. На 100 списока ме ставаа, до 11 требаше да одам и да гласам.
    Ова е дел.
    To be continued...
     
    На Tanjamm, Nausicaa, calliope и 9 други им се допаѓа ова.