12 годишен ликовен уметник - Стефан Александарски

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Offspring, 27 ноември 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    Нема да оставам текст и вовед, затоа што нема што да се каже. Насловот кажува доволно и сликите нацртани лично од неговата рака...

    Еве неколку...
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Да не ја натрупам темата, еве ви линк http://www.facebook.com/album.php?aid=2 ... 9421168254 од неговиот фан пејџ на фејсбук. Кој сака нека се приклучи слободно :)
     
    На gothchick, Strumfeta93, AngelGirl и 15 други им се допаѓа ова.
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.468
    Woooow :o Не сум слушнала за детево, сега прв пат ги гледам сликиве, не знам дали го давале на ТВ, не сум го гледала..
    Во секој случај, браво за Стефан, се познава дека има огромен талент уште на млади години, а можам само да замислам со текот на годините кога ќе го доусовршува тој талент, колку добар уметник ќе стане.


    Офи а каде е линкот? :)
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    Леле ама сум заборавена :$ Ете сега го поставив, ми летнал умот :lol:
    Инаку, Стефан ми е братучед и во живо сликите изгледаат уште поубаво :) Сликата од Тоше Проески е работена лани за неговиот роденден во емисијата Ѕвон, а Васил Главинов го црташе по повод патрониот празник на училиштето. Слика од 8 годишна возраст, има гостувано и на а1 ексклузив во рубриката верувале или не :)
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Браво за детето, толку мало, а толку многу талентирано. :clap:
    Во оваа држава со изместени вредности, се надевам некој ќе го препознае неговиот талент и ќе инвестира во него или ќе му помогне и ќе му се даде поддршка.
    Но, по обичај, секогаш погледот е наклонет кон кич и шунд и некојси Слаткар, Ѕвер, Мекич и компанија добиваат поголемо медиумско внимание |(
    Му посакувам многу среќа и трпение, да не се откажува од своите соништа.
    Не знам дали Мин. за култура го има в предвид ова детенце, но крајно време е да се позанимаваат со вистински таленти и да прекинат да финансираат некои дебилни проекти. :^)
     
    На Strumfeta93, Chocoholic.girl, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Стварно е голем талент :)

    Го имам гледано на ѕвон и мислам дека и во една емисија каде што одат дома ... Ако биле кај него дома да прикажуваат слики тој е ако не јас сум смешала нешто :)

    Искрено се надевам дека некој ке го примети овој талент и ке преземе нешто. На 12 години ова е реткост. Освен за бетовен детево е прво за кое имам слушнато дека си го знае талентот од толку мала возраст и толкуу добро го искористува :) :) :)
     
  6. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    E не знаеш колку се радувам на вакви мали неискварени човечиња кои со најискрена емоција и љубов го прават тоа што најдобро знаат. Се надевам дека со труд и работа низ годиниве ќе се усоврши и ќе стане врвен уметник со кој ќе се гордееме. Само напред и никогаш да не се откажува! :clap:
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    Истото дете е. На канал 5 на вестите го даваа :)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.822
    Пол:
    Женски
    Е ова го нарекувам талент. :clap:
    И стварно, кога ги погледнав неговите слики, и тоа што го прочитав, ми се појави блага насмевка на лицето. :)
    Прекрасни слики, прекрасна инспирација.
    Браво за Стефан, се надевам дека ќе биде доста забележан и дека ќе успее во уметноста.
    Вреди да му се даде шанса.

    Секоја чест за детето :bow:
     
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.188
    На ова дете треба да му се даде некаква стипендија за ликовна академија. Никако да не си ја испушта таа шанса, нека бара по интернети организации кои ги стипендираат ваквите деца. Ги има многу. И секако нека се едуцира за ликовните уметници, нека се развива како уметник и теориски и практично. Ако е упорен, секако ќе успее. Како што кажаа и другите пред мене, многу ми е мило што во Македонија има вакви деца со вакви прекрасни таленти.
     
  10. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.216
    Пред неколку години гледав документарец за нашиот Мал Пикасо. Многу ми се допадна начинот на кој слика, има огромен талент и некоја маѓија во неговите слики. Многу ми се допаѓа, кога ќе имам сопствен дом ќе си купам неогва слика да ми го краси. :*
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    Кога ќе дојдеш во Велес, лично ќе те запознаам со него :)
     
  12. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.101
    Тоа ти се вика ТАЛЕНТ. Браво за детево :clap:
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.173
    Пол:
    Женски
    Прекрасни се неговите дела,според мене фантастично,сметам доколку продолжи да го усовршува својот талент ќе постигне видливи резултати.Зборувам фантастично, бидејки во првата слика доловен е тродимензионален простор и можеби донекаде слично со едно од делата на познатиот светски уметник Едуард Моне; во останатите слики, посебно Мртва природа каде што е претставено овошјето, прецизно поставена е бојата, со светлосни ефекти, однос на светло-темно; во портретите пак анатомската поставеност, секако со усовршување на талентот, уште подобро ќе го долови портретот со тоа што позадината ќе биде со друга боја, нијанса со цел портретот да се истакне,да дојде до израз.Би било добро да продолжи со сликањето,токму поради тоа што претходно го нагласив :)
     
  14. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.216
    Ќе биде за брзо време! ;)
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.962
    :o Ова ти се вика Божја дарба...Прекрасен талент! Секоја чест за детево:clap:
     
  16. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Останав без зборови.
    Предобри слики, навистина ги изгледав и на фејсбук сите. Офи треба да се гордееш со братучет ти, само напред да не запира, еден ден ќе стане голем уметник. :)
     
  17. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    :clap: Браво за детето,излишни се сите зборови,делата си го кажуваат своето и уште еднаш :clap:
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.845
    Допаѓања:
    50.948
    Пол:
    Женски
    :clap: Браво за малото дете со огромен талент!
     
  19. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.354
    ...Надеж дека не е се така црно! Браво за Стефан, со само 12 години ги изработил овие прекрасни дела...а со 20?30? Уху....не можеме ни да замислиме. Нека се бори, нека успева. Немам што друго да додадам освен...Браво, и му посакувам мноооогу успех. :clap:


    И таа сликата со јаболката, чиниш живи се, или фотографирани, прекрасно, и Тоше исто. :clap:
     
  20. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    2.635
    уауу!! останав без текст, без зборови!! едноставно прекрасно! детето треба понатаму да продолжи да си ја искористува дарбата..е тоа е талент.. :clap: :clap: :clap: