1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

1984 (Џорџ Орвел)

Дискусија во 'Книги' започната од Phyramide, 4 април 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    1984 (Џорџ Орвел) издадена во 1949 е дистопија, политички фиктивен, научно фантастичен роман кој изразува еден страв, јас би рекла дури фобија, од инвазија на тоталитаризмот.

    [​IMG]

    Лично за мене една од најдобрите книги кои сум ги читала (силно и конкурира и Животинска фарма од овој автор) но оваа посебно ме плени заради еден куп работи. Начинот на кој е напишана. Начинот на кој Џорџ Орвел до детали го обработил својот страв и сомнежи од надоаѓање на нова политичка сила која сосема ќе ја промени Европа и светот. Начинот на кој го опишал општеството пред кое стравува, на една машинерија која не пропушта ништо и која контролира буквално се.
    И секако, како филолог не можев да не го забележам новиот јазик поточно кованици кој Орвел (патем И новинар) ги измисли во книгава.

    Дали сте ја читале? Какви се вашите впечатоци?

    Јас би ја препорачала од се срце, особено на англиски заради автентичноста на јазикот и оние кованици кои ги спомнав.
    И внимавајте, Big Brother is watching you ;)
     
    На L-enna, Jeny и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.279
    1984 - Џорџ Орвел

    Oдамна ми се на листата, и оваа и Животинска фарма, ама за жал не можев да ги најдам :(
    Класифицирани се меѓу 100те најдобри книги на сите времиња, ама ете, никако да ги начекам во библиотека :(
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.176
    Допаѓања:
    56.648
    Пол:
    Женски
    1984 - Џорџ Орвел

    Ремек дело!
    Генијална!
    Орвел бил од оние луѓе за кои се вели дека се "далеку пред своето време". Импресионирана сум од тој човек, ми дава некоја сигурност дека има нешто кое не можеме да го сфатиме со нашите ограничени умови, но тука е и одвреме-навреме ни праќа по некој доказ.
    1984 ќе е секогаш актуелна, и остава долги траги откако ќе се прочита. Едноставно и да сакаш не можеш да ја заборавиш.


    Животинска фарма исто, мало генијално парче литература. Дури можам да кажам дека уште повеќе ме импресионира.
    Сеси Животинска фарма ја има во книжарниците, околу 100-150 денари е, издание на Панили (Матица). Или досадувај им во библиотека на секое одење, нека ти ги причуваат кога ќе ги добијат назад. Ех да бев библиотекарка, сите ќе беа среќни и задоволни :D
     
    На Magnolija, Phyramide и sesilija им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ја прочитав и сум задоволна од книгата,но не и од крајот.
    Бидејќи ја читав на англиски баш ги согледував кованиците кои ги креирал Орвел па обожувам креативност од ваков вид,секоја чест :clap: .
    Најпрво книгата е несекојдневна,а моето критичко и аналитичко мозоче бара само таква храна, :) .Па бидејќи ептен си се соживеав со Винстон и знаев дека во такви услови и јас би завршила како него-како одметник-моето утопистичко мозоче до крај очекуваше праведен крај-барем да беше Океанија заробена од опонентите или нешто негативно да и се случеше на Партијата,а крај во кој херојов го засака Големиот Брат не очекував :x ,ми идеше да му одам на Винстон и да му шлапнам неколку воспитни :D .
    Инаку знаев дека сопственикот на изнајмената соба ќе го предаде тоа успешно го предвидов,како и тоа дека О‘Брајан е негативец-во читателскава кариера силен њух за негативциве имам развиено, :lol: .
    Инаку собата 101 ми потсети на Богартот во Хари Потер значи соочувањето со нашиот смртен страв-ова дефинитивно е нешто пред кое секој потклекнува,а исто така и кога ќе се види себеси уништен физички со тело кое се распаѓа буквално.Тоа е доказ за тоа дека ние луѓето сме егоцентрични и суетни и дека во момент на најголема немоќ би избрале се‘ т.е. би наштетиле секому само нашата болка да престане-не дека ова е нешто ново или спектакуларно,само ме натера пак да размислувам околу релативноста на длабочината на чувствата кои ги гаиме кон партнерот и како некој толку близок може да ни стане толку туѓ што ете во конкретниов случај дури и да ја испарати му недостигаше желба.
    Како и да е необично вклопување на минатото и една преоектирана иднина и издржана анализа на политички идеологии и системи,осврт на тоа како желбата за моќ поради самата моќ не бира начини за самоостварување,вечната човекова потреба да не потклекне на сервираното-барем кај поединци,ако не кај сите,понатаму ограничувањата кои се присутни во секое едно време за сосема слободен живот и избори наспроти стравот од истото и санкциите од средината,необична љубовна приказна во необични околности и низ препреки родена-има многу теми за кои може да се размислува,дефинитивно поттикнува на размислување и долго откако ќе ја прочиташ,а ако го нема ова за мене книгата нема преголема вредност,затоа го респектирам многу авторот,а ја прочитав пред неколку години и Животинска фарма-исто одлична книга.
     
    На Magnolija, zhap4e, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.842
    Допаѓања:
    25.813
    Орвел е генијалец!
    Прво ја прочитав Животинска фарма и толку се воодушевив што на сите им ја купувам за роденден.
    Лани ја прочитав 1984 на англиски и уште толку се *затрескав* во Орвел.
    Прекрасна книга со многу силна поента.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Врв, класика од книга. Иако се смета за политичка фикција, би рекла дека Орвел бил и одличен пророк за иднината. Кој ќе рече дека денес не се случува тоталитарно перење на мозок нои контрола на народните маси од страна на политичките партии и зар денес не сме експлоатирани и покрај милионите закони за човекови права, мултикултурализам и што ли уште не, кога и понатаму сме робови на политичките елити?! Кога ја читате книгата имате впечаток како да сте сведок на едно угнетувачко општество кое навидум изгледа перфектно но како во позадина да се крие некакво предавство кое во секој момент очекувате да ве зароби. Приказна која и денес останува актуелна и свежа и термините употребени во неа како "Големиот брат", "двојномислец" и "новоговорник" станаа дел од секојдневното наше опкружување.

    Еве само неколку извадоци од книгата да се уверите во големиот ум и пророштво на овој великан:

    "Луѓето ќе веруваат во она што медиумите им кажуваат во што да веруваат."
    "Целата пропаганда е лага дури и кога ја кажува вистината."
    "Сите животни се еднакви, но некои животни се поеднакви од другите".
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.193
    Допаѓања:
    4.219
    Го имам гледано филмот снимен според книгата. Од Џорџ Орвел ме воодушеви „Животинска фарма„ со слична тематика.

    [​IMG]
    текст: „"1984" не беше наменета за да се користи како прирачник за употреба:^)
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Од кога филмот стана мерило за валоризација на книгата :^) ?!
     
    На La.Reina.Del.Sur и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.649
    Колку само Орвел ја даде сликата на нашето време...
    Пример техологијата, се користи на големо за наметнување на влијание исто и како ниското почитување на приватноста во однос на социјалните мрежи.

    Генијално дело во кое толку добро е доловено расипаноста на ѕверките, како функционира колективност и како (не)функционираат останатите.

    Пчеларство со еден збор :D Имаме матица, вредни пчелки околу неа и трутови кои стално се под удар на останатите. Само продуктот е пропаганда колку за да не заборават што им е целта во животот.
     
    На Mayyya, Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.193
    Допаѓања:
    4.219
    Јас реков само дека го гледав филмот, а не дека е филмот мерило за валоризација на книгата.
     
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Predictive programming е делото.
     
  12. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    5.497
    Пол:
    Женски
    Монументално дело, напишано во далечната 1949, а толку ја рефлектира сегшноста, книга која ме обзеде сосем и на која се сеќавам секојдневно. Моментално ја голтам животинска фарма, а во потрага сум по уште, само не знам дали и од останатите дела покрај овие две може да се најдат кај нас или треба да нарачуваме од странство. Верувам се му е врв, човеков бил извонреден генијалец.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.