Како би изреагирале? како да постапам? себична сум или не сум? - имам проблем, мојот дечко со кој сум во врска 2 ипол години има роднини во друга држава ,тие му понудија да остане кај нив да работи 3 месеци и потоа да се врати тука...според него тоа што 3 месеци нема да се видиме освен скајп ,мсн и телефон...не му претставува некој голем проблем,сакам да кажам тие разделувања неколку месечни ги свака мн нормално вообичаено зашто често се случувале во неговата фамилија...но јас, тоа за мене е тешко и се си мислам дека нема да успее ,сите кажуваат дека лугето се менуваат , врска во далечина...шознам ,помагајте ВАШИ мислења?????
Лелееее,па нека оди бре девојко,што е толку страшно,кај роднини ке е.Не сфаќам што е работата,љубоморна ли си?Ееее а јас имав еден што отиде у Ирак да работи па на секои 4 месеци по 2 недели сум го гледала.Е сега не дека е многу убаво тоа,еве признавам дека не ми се допаѓаше тоа,затоа и ја прекинав врската,ама кај тебе се работи за 3 месеци.А башка 2 и пол години сте заедно.Треба да имате доверба еден во друг.Па уште и ако имате серизни намери,размисли дека тоа го прави за двајцата. Позз
Уф што убаво ќе беше кај мене да беа само 3 месеци(јас ќе бидам без него најмалку 2 години)теши се ,не се секирај девојко воопшто,не сте малку време заедно,а и 3 месеци не се некој голем период,не велам дека нема да ти фали,ама ќе поминат брзо,нема потреба да се плашиш толку.позз
Со дечко ми еден период не се видовме 2 месеци, а да не зборам за времето кога не бевме во врска. Па кога ќе се видевме се беше подобро и поубаво. Три месеци не се многу, како и да е ќе контактирате. Па ние изградивме врска пред да дојде тука од година и неколку месеци по телефон. Се гледавме на 2 недели. А и не ви е кратка врската. треба да имате доверба. Еее нема ни да осетите кога поминале.
Ќе поминат брзо. Ако се сакате доволно ништо нема да ве спречи да останете заедно. И јас бев без него три месеци, ама ништо не се смени. Напротив, сфативме дека не можеме еден без друг
Ќе поминат брзо не се секирај и јас поминав низ тоа. Мојот дечко замина да работи кај роднини исто така. Тие правеа куќа и му требаше помош, но го тераа да остане уште 5 месеци да работи и нешто друго. Неможев да поднесам такво нешто но многу инсистираа од кај него и што можев јас тука. Единствена утеха тие само да се надеваш дека ќе се врати толку колку што ти ветил. На тебе останува само да чекаш и да не мислиш на најлошото. Единственото нешто убаво тука е што ќе сфатите колку си недостигате еден на друг. Кога се работи за пари а се мисли значи на иднината немаш друг избор освен да чекаш. Тешко е многу навистина си знаам по мене кога ќе се навикнеш на нешто и наеднаш ќе се смени чувствуваш некоја празнина во себе. Но за разлика од кај тебе кај мене си дојде за месец. Другата работа не ја прифати а и ми вети толку дека ќе остане. Ние одевме само 3 месеци и замисли на каква доверба замина тој а јас останав тука. Навистина е тешко но издржи кога веќе се мора за потоа да нема каење. Не се работи за тоа дека си ти љубоморна но се плашиш да не изгубиш нешто за кое си вложила време и труд да го задржиш. И покрај довербата ќе те мачат секакви мисли. Пробај да издржиш тоа ти останува само.
Знам дека е тешко. Сега кога сме разделени, неможам да издржам ни 2 недели, а да не го видам. Многупати сме правиле муабет на оваа тема бидејќи му се вртеше во глава да оди во странство летото да поработи. Секогаш му велев дека нема да ми е мило, ама дека нема да го спречам. Не ми паѓа на памет дека ќе ме изневери или дека далечината ќе не раздели, само знам дека ќе ми биде многу тешко. Ама не отишол таму да се екскурзира, туку да работи. Кога ќе помислиш дека за тие 3 месеци што ќе работи таму, ќе заработи колку тука за година дена... несомнено вреди да се издржи. Ќе видиш дека 3те месеца брзо ќе поминат
Леле се пронајдов,истиот проблем ...тоа најнајмногу ме мачи да не остане усте повеке од тоа сто ми рече бидејки и кај мене случајот е ист за кука се работи и за роднини се работи...од каде да знам сто се ке испадне штоа ако го убедуваат да остане уште незнам од тоа најмногу се плашам ке треба да го натерам да бира измегу мене и роднините зашто ако не остане за нив е лошо а ми угодува мене и обратно лелееееј инаку им благодарам и на останатите за вашите утехи и мислења навистина ми беа потребни
А да зборуваш со него и да видиш тој какви планови има и што мисли. Едно е да ти вети а друго е да исполни. Не знаеш какви ќе бидат околностите. Јас не гледам во таквите работи ништо убаво. Од искуство ти кажувам дека многу е нервозно, цело време ситуацијата е напната. Не е само да појди и да си дојди со пари. Нервозите што ќе ги претрпиш нема да вредат колку сите пари на светот. Мислите ќе ти бидат цело време таму а и сигурно и него исто. Не плашисе од 3 месеци неможе да остане повеќе. Мора да ја напушти земјата после 3 месеци па потоа пак да се врати ако сака така е со новиот визен режим сега. И така и вака тој е тука за 3 месеци. Не го притискај и не го терај да бира помеѓу тебе и роднините може да направиш само полошо. Остави го сам да одлучи тој треба да е свесен дали вреди да жртвува или не па и 3 месеци можеби не се многу ама за тебе ќе бидат оти и тука да е до тебе ти пак мислиш што прави и како прави а не 2000км далеку од тебе. Јас го преживеав тоа беше полошо кај мене. Имаше многу притисоци од страна на неговите, сакаа да остани бидејќи се направило трошок мислеа дека јас сум виновната што тој сака да си иди, но не беше така јас сум тука немоќна неможам да одлучувам во име на друг. Ние бевме на почеток на врска затоа беше толку напнато кај нас. Тој се плашеше да не почнам јас нов живот кога веќе тој не е тука или дека ќе го изневерам или нешто слично, но такви работи немаше од моја страна. Јас се понудив да го чекам но тој даде збор и го исполни. Незнам можеби му беше срам и од моите дома ќе дојдеше работата како да си игра со мене си идам не си идам. Затоа тешки се таквите разделби, јас не гледам ништо убаво од тоа па и за колку кратко време да се работи. Ти неможеш врска да одржуваш по жица. На таквите работи како за малер се нешто ќе се случи. Не сакам да те плашам ама реалното е тоа. Ако си спремна за таков чекор направи го и издржи ако не гледај да ја смениш некако ситуацијата.
девојко ќе истраеш, моите роднини издржаа 7 месеци и еве се во брак и имаат две деца, сега баш зборував за тоа дека и мојот дечко не е овде и многу ми е тешко не сме во исти градови, не па странство, ќе издржиш..и се ќе биде во ред
А да се опуштиш и да не си го оптеретуваш мозокот...да оставиш да си течат работите спонтано по свој природен тек...да не го кочиш и да не го напнуваш, да оставиш времето да покаже...најдобро ќе биде.Верувај во себе,во вас и во вашата љубов и ќе биде се добро.
Не ги слушај другите луѓе и не вади секогаш поуки од туѓите искуства. Секој случај на врска на далечина е приказна сам за себе. Опушти се и уживај. Три месеци се мал период кој ќе помине брзо. Гледам дека многу се оптоваруваш со тоа што ќе биде, како ќе биде, дали ќе издржите и слично. Мој совет: немој така. Нема да можеш да го издржиш овој тест за вашата врска ако премногу размислуваш за тоа како ќе помине тој тримесечен период. Тој ќе оди, ти ќе останеш. Уживај во животот, контактирајте преку скајп, мсн или што и да е, барем денес е лесно. И не го мачи со твоите идеи и размислувања што ќе ти се вртат низ глава, нему ќе му се смачи од тоа. Исполнувај си го денот со факултетот/работата, дружи се со твоето друштво, запознавај и нови луѓе, зошто да не? Само немој да седиш цел ден дома пред компјутер чекајќи го да се јави. И верувај, не само што побрзо ќе помине, туку и љубовта ќе ви биде посилна, ако навистина си значите еден на друг.
Нема простор за грижа и паника. Ако се сакате доволно, три месеци ќе оиминат како 3 дена. Кога ќе се врати нема да можете да се одвоите еден од друг, ништо чудно и да се земете, никогаш не се знае , може човекот ќе донесе парички па ќе си оформи семејство. Може планира да те изненади, сепак не идете малку време. Гледај позитивно на нештата, пренеси му ја енергијата и на него и се ќе биде во ред
Во право си з се сто каза потполно се согласувам исто така ( ти благодарам што напомена бидејки и тоа сакав да прашам ) сакав да те прашам пошо неам никогаш до сеа отидено надовор од границава и незнам како идат тие работи ми збореа нешо дека од нова година за иденје у странство ке било поинаку дали сеуште ке важи тоа 3 месеци и да мораш да се вратиш или постои начин да се продолжи тоа да останеш и повеке ?
Мислам дека се уште е така по 3 месеци мора да си дојде. Немам слушнато за други измени тоа по Нова година мислам е нешто за азилантиве за заштита на земјите да не преминат во прибежиште на криминалци, а за други измени не сум слушнала. За другото не знам што би ти кажала можеби сум во право бидејќи многу е слична ситуацијата со мојата така да не се држи за тоа јас издржав некако јас си знам како ама сепак се семејни работи тие неможиш да се мешаш. Ти не си во ситуација да носиш никакви одлуки од тебе се бара само издржливост можеби бев сурова со предходното мислење ама реално гледано е и така. Те советуваа во некој од постовите да не споредуваш ситуација па пробај така да не биде моето мислење само во предвид. Разговарај види што вика дечкото ако ти треба нешто можеш и во лична порака да ми пишиш. Прашувај се што те интересира. По ова што пишуваш делуваш многу загрижено...
Немој да се секираш толку многу и јас не се видов со дечко ми 5 месеци беше исто во странство,па се врати и се си беше како што треба дури и така беше подобро бар видов како се осеќам без него а и тој без мене,и како прво не смееш да му се мешаш во тие одлуки,ако мисли дека треба и ако сака нека иде,ќе седнете ќе разговарате како луѓе што и како ќе биде,што планира и.тн,нема ништо страшно тука и не е некој голем проблем ако се сакате....
Како што кажаа и повеќето, и јас би го повторила истото, 3 месеци ке поминат дури да трепнеш. Остави го нека оди, се ке си дојде на свое место, само не го нервирај, зашто верувај дека и нему не му е ни најмалце лесно... Јас да ти кажам, не поминав 3 месеци, туку цела една година, а бевме само 6 месеци во врска. Но, го сакав, ме сакаше, имавме обострана доверба и разбирање и се' помина во најдобар ред. Не велам дека не беше тешко- беше и тоа многу, но едноставно сфатив дека мора така да биди, дека не оди тој на прошетка, туку оди да работи за подобро да ни биди утре и на двајцата. Одтогаш поминаа две и пол години, и ете не сега, заедно, среќни, поубаво не може да ни биде. Таков е животот, сакале или нејќеле мора некогаш да направиме жртви, за подоцна да уживаме. Поздрав и се надевам дека се ке си дојде на свое место.
Ви благодарам на сите навистина ...ја сум малце нз..... преувеличуувам СЕ и се грижам и за работи што нетреба така да ова за мене е убиство нешто мн мн мн страшно уште сега триста рааботи ми излегоа у памет а не па кога он нема да биде тука кузнај шо ке мислам си се познавам себе си и ова ке биде мн мн мн теско за мене и затоа ми беше потребно да разговарам со некој кој го осетил истото или слично нешто ... инаку milicka19 ти благодарам најмногу и верувај ми ако паднам у некоја тешка депресија или нешто ке сметам на тебе и ке ти пишам и ти благодарам што ми го дозволи тоа некако периодов ми е малку лош бидејки и 2 мои другарки зборат за тоа дека летоска ке заминвале надвор од државава едни на работа едни кај роднини онака и плус дечко ми и нз што ке правам стварно ....посебно за дечко ми сум загржиена зашто моите другарки ги познавам мн добро и долги години се дружиме и знам со нив како ке биде...ке биде тешко и се али за нив сигурно знам дека ке се вратат за тоа определно време ( кое е пократко од она на дечко ми) и знам дека ништо нема да се измени после се што сме проживеале заедно .... ништо иам само да ви кажам едно благодарам големо ....
Де бре душиче па што да кажат нашине баби кога дедовците оделе во војска по 3 години а?)) Не паничи безпотребно,барем сеа со целава напредна технологија ќе контактирате секој ден, 3 месеца се,ќе поминат дури трепнеш а кога ќе се врати ке се изнауживате и ќе надокнадите за периодот кога не сте се галеле и гушкале и бакнувале...Ајде покажи малку сила,ти жена си бре не си глушец!!
Мојот партнер замина на три месечна печалба, до октомври. Јас имам доверба во него, не сакав ни да го спречам да замине бидејќи знам дека тоа е за негово добро и подобра иднина, ама почнав да чувствувам немир, да ги анализирам сите наши разговори од кога замина, да не јадам, да се нервирам, да внимавам што зборувам, како се однесува тој а исто и јас. Отиде со одврзани раце, ама постојано си мислам дека многу доверба не е добро. Се имаме договорено да ми пишува кога ќе може, кога нема да има еден куп обврски, за да не му пречам, досадувам, замарам.. Ама ете, мене место не ме држи. За сега се држам добро, не знам до кога ама длабоко во мене постои мала доза на страв. Што кога ќе се врати, ќе издржеме ли, ќе биде ли се исто. Се зафаќам со работа постојано за да не мислам на тоа, но на крајот од денот повторно исто е.